ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/1 стр. 31
  • Специјално известување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Специјално известување
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Како Водечкото тело се разликува од една законска корпорација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Која е улогата на „верниот и разборит роб“?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Лојални на Христос и на неговиот верен роб
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Кој го води Божјиот народ денес?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/1 стр. 31

Специјално известување

НА КРАЈОТ од годишниот состанок на Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania на 7 октомври 2000, претседавачот Џон И. Бар од Водечкото тело даде едно специјално известување. Ова известување се надоврза на предавањата кои претходно истиот ден ги изнесоа Теодор Џерес и Даниел Сидлик. (Види страници 12—16 и 28—31 од ова списание.)

Истакнувајќи една многу значајна точка, брат Бар рече: „На ‚верниот и разборит роб‘ и на неговото Водечко тело им се доверени интереси кои се повисоки и опфаќаат многу повеќе од оние кои им се дадени на законските корпорации. Работите изложени во целите на повелбите на секој од овие ентитети се ограничени во својот опсег. Меѓутоа, нашиот Господар, Исус Христос, ја наименувал класата на верниот роб над целиот свој ‚имот‘, или над интересите на Царството овде на Земјата“ (Матеј 24:45-47).

Во врска со корпорацијата Пенсилванија, брат Бар додаде: „Уште од своето основање во 1884, Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania игра важна улога во нашата современа историја. Сепак, таа е само законски инструмент кој стои на располагање за да биде користен од ‚верниот и разборит роб‘ кога тоа е потребно“.

Во своите предавања, брат Сидлик и брат Џерес објаснија дека фактот што на „верниот и разборит роб“ му е доверен сиот земен имот на Господ не ја спречува класата на робот да им дозволи на оспособени мажи од ‚другите овци‘ да се грижат за извесни рутински административни одговорности (Јован 10:16). Ниту, пак, постои некаква библиска причина да се инсистира на тоа сите или некои директори на законските ентитети кои ги користат Јеховините сведоци да бидат помазани христијани.

Брат Бар им кажа на присутните дека неодамна некои членови на Водечкото тело на Јеховините сведоци, кои служеа како директори и вршители на должности, доброволно се повлекоа од одборите на директори од сите корпорации кои ги користи „верниот и разборит роб“ во Соединетите Држави. Во замена беа избрани одговорни браќа од другите овци.

Оваа одлука е навистина корисна. Таа им овозможува на членовите на Водечкото тело да поминуваат повеќе време во подготовката на духовната храна и на други начини да се грижат за духовните потреби на светското братство.

Во заклучокот, претседавачот на воодушевените присутни им рече: „Иако различните законски и административни должности им се доделени на искусни надгледници . . . сите тие служат под духовното водство на Водечкото тело . . . Сите ние во молитва се потпираме на Јехова за негов благослов врз нашите обединети напори во вршењето на неговата волја, на чест и слава на неговото величествено име“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели