ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/4 стр. 3-5
  • Добрата вест за Царството — што е таа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добрата вест за Царството — што е таа?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е Царството?
  • „Се приближи царството небесно“
  • Што кажал Исус за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали Божјето Царство е состојба на срцето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Благословите на Царството можеш да ги имаш и ти
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/4 стр. 3-5

Добрата вест за Царството — што е таа?

Минатата година, во 235 земји низ целиот свет, 6.035.564 луѓе, млади и стари, поминаа 1.171.270.425 часови во разговор со другите за неа. Освен што ја пренесуваа усно, тие им врачија на луѓето повеќе од 700 милиони примероци печатен материјал со цел да ја објават и објаснат. Исто така, дистрибуираа илјадници аудиокасети и видеокасети за да ѝ дадат публицитет. Што е таа?

ТАА е добрата вест за Божјето Царство. Навистина, никогаш порано во човечката историја „оваа добра вест за царството“ не била проповедана во размери во кои се проповеда денес (Матеј 24:14).

Сите оние кои го вршат ова светско дело на проповедање и поучување се доброволци. Од световна гледна точка, тие можеби изгледаат неквалификувани за задачата. Но, која е причината за нивната храброст и нивниот успех? Моќта на добрата вест за Царството е главен фактор, зашто таа е вест за благословите што ќе ги добие човештвото. Тоа се благослови по кои копнеат сите луѓе — среќа, ослободување од економски проблеми, добра околина, мир и безбедност, и уште нешто за кое повеќето не се ни осмелуваат да помислат — вечен живот! Ова е навистина добра вест за луѓето кои трагаат по смисла и цел во животот. Да, сите овие благослови, па и повеќе, можеш да ги имаш и ти ако се одѕвиеш и поволно реагираш на објавувањето на добрата вест за Царството.

Што е Царството?

Но, што е Царството кое се објавува како добра вест? Тоа е Царството за кое милиони биле научени да се молат со следниве познати зборови: „Татко наш, кој си на небесата, нека се свети името твое. Нека дојде царството твое. Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10).

Тоа е Царството за кое зборувал еврејскиот пророк Даниел пред повеќе од 25 века, кога напишал: „Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).

Значи добрата вест е за Царството, т.е. за владата од Бог која ќе ја отстрани сета злоба и потоа ќе владее над целата Земја во мир. Преку неа ќе се обистини првобитната намера на Творецот за човештвото и за Земјата (Битие 1:28).

„Се приближи царството небесно“

Пред речиси 2.000 години, добрата вест за Царството била за првпат јавно проповедана од страна на еден предаден човек чиј изглед и држење привлекле големо внимание. Тој човек бил Јован Крстител, син на еврејскиот свештеник Захарија и неговата жена Елисавета. Јован носел облека од камилски влакна и кожен појас околу бедрата, слично на пророкот Илија, кој го навестувал него. Но, неговата порака била таа што го привлекла вниманието на многумина. „Покајте се“, објавувал тој, „зашто се приближи царството небесно“ (Матеј 3:1-6).

Слушателите на Јован биле Евреи, кои се исповедувале како обожаватели на вистинскиот Бог, Јехова. Тие, како нација, го добиле сојузот на Законот преку Мојсеј околу 1.500 години пред тоа. Во Ерусалим сѐ уште стоел величествениот храм, каде што се принесувале жртви во согласност со Законот. Евреите биле сигурни дека нивното обожавање било исправно во Божји очи.

Меѓутоа, слушајќи го Јован, некои луѓе почнале да увидуваат дека нивната религија не е она што мислеле дека е. Во еврејските религиозни учења се вовлекла грчката култура и филозофија. Законот добиен од Бог преку Мојсеј сега бил загаден, па дури и направен неважечки, од човечките верувања и традиции (Матеј 15:6). Погрешно водени од нивните бесчувствителни и немилосрдни верски водачи, мнозинството повеќе не го обожавало Бог на прифатлив начин (Јаков 1:27). Требало да се покаат за своите гревови направени против Бог и против сојузот на Законот.

Во тоа време, многу Евреи го очекувале појавувањето на ветениот Месија, или Христос, и некои се прашувале за Јован: „Да не е можеби тој Христос?“ Меѓутоа, Јован одрекувал дека е тој и наместо тоа, ги упатил кон некој друг, за кого рекол: „Јас не сум достоен да му го одврзам ремчето на сандалите“ (Лука 3:15, 16). Претставувајќи им го Исус на своите ученици, Јован изјавил: „Еве го Божјето Јагне, кое го отстранува гревот на светот!“ (Јован 1:29).

Тоа било навистина добра вест, зашто Јован, всушност, им го покажувал на сите луѓе патот до живот и среќа — Исус, оној кој „го отстранува гревот на светот“. Како потомци на Адам и Ева, сите луѓе се родени под тиранијата на гревот и смртта. Во Римјаните 5:19 е објаснето: „Зашто како што преку непослушноста на еден човек [Адам] мнозина беа направени грешници, така и преку послушноста на едниот [Исус], мнозина ќе бидат направени праведни“. Исус, како жртвено јагне, требало да ‚го отстрани гревот‘ и да направи пресврт на жалосната состојба на човечките работи. „Платата што ја дава гревот е смрт“, објаснува Библијата, „а дарот што го дава Бог е вечен живот преку Христос Исус, нашиот Господ“ (Римјаните 6:23).

Како совршен човек — всушност, најголемиот човек кој некогаш живеел — Исус се зафатил со проповедање на добрата вест. Библискиот извештај во Марко 1:14, 15 ни кажува: „А откако Јован беше уапсен, Исус отиде во Галилеја, проповедајќи ја Божјата добра вест и велејќи: ‚Се исполни одреденото време, и се приближи Божјето царство. Покајте се и имајте вера во добрата вест‘“.

Оние кои се одѕвале на Исусовата порака и практикувале вера во добрата вест биле многу благословени. Во Јован 1:12 се вели: „На сите оние кои го примија [Исус], ним им даде овластување да станат Божји деца, бидејќи практикуваа вера во неговото име“. Како деца, или синови Божји, тие имале изглед да ја добијат наградата вечен живот (1. Јованово 2:25).

Но, предноста да се добијат благословите на Царството не била ограничена на луѓето во првиот век. Како што беше спомнато претходно, добрата вест за Божјето Царство денес се објавува и се поучува низ целата населена Земја. Значи, сѐ уште се достапни благословите на Царството. Што мора да сториш за да ги добиеш тие благослови? Ова ќе биде објаснето во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели