ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/6 стр. 3-4
  • Парите или животот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Парите или животот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Манија по пари
  • Парите и среќата
  • Моќта и немоќта на парите
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Како да водите сметка за парите
    Твоето семејство може да биде среќно
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/6 стр. 3-4

Парите или животот?

Можеби веќе си чул за бандити што го впериле пиштолот во лицето на својата жртва со барањето: „Парите или животот!“ Ова легендарно барање денес одекнува во една предизвикувачка дилема со која се соочуваме сите — а особено оние што живеат во богатите земји. Меѓутоа, денес на тоа барање не инсистира некој бандит. Наместо него инсистира сѐ поголемиот нагласок што општеството го става врз парите и материјалниот успех.

ТАКВИОТ нагласок повлекол една цела нова низа спорни прашања и грижи. По која цена треба да се тежнее по парите и материјалните работи? Би можеле ли да бидеме задоволни со помалку? Дали луѓето го жртвуваат „вистинскиот живот“ на олтарот на материјализмот? Дали парите се билет за среќен живот?

Манија по пари

Во трката на човечките желби и страсти — оправдани или не — љубовта кон парите настојува да го преземе водството. За разлика од желбата за секс и храна, манијата по пари може да биде постојана и бескрајна. Изгледа дека таа не стивнува со староста. Во многу случаи, со поодминатите години може, всушност, да се зголеми интересот или преокупацијата на едно лице со парите и со она што може да се купи со нив.

Се чини дека алчноста расте. Главниот лик во еден популарен филм рекол: „Алчноста функционира. Таа е добра“. Иако многумина укажувале на 1980-тите како на Ера на алчноста, она што се случило пред и потоа покажува дека низ годините човечката реакција на парите малку се изменила.

Веројатно ново е само тоа што толку многу луѓе бараат прилики веднаш да ја задоволат својата желба за повеќе. Се чини дека поголемиот дел од светот во најголем дел од времето троши најголем дел од својата енергија за производство и стекнување на сѐ повеќе работи. Можеби ќе се сложиш дека поседувањето материјални работи и трошењето пари станало страствен — и честопати многу креативен — стремеж во современиот живот.

Но, дали се луѓето посреќни поради тоа? Одговарајќи на ова прашање, мудриот и многу богат цар Соломон пред 3.000 години напишал: „Кој ги сака сребрениците, никогаш ги нема достатно; кој го сака богатството, никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета“ (Проповедник 5:9). Современите општествени науки нудат слични интересни заклучоци.

Парите и среќата

Едно од најизненадувачките откритија во врска со човечкото однесување е дека трупањето пари и материјални работи не донесува секогаш подеднакво зголемување на задоволството и среќата. Многу истражувачи увиделе дека, кога човек ќе достигне извесно ниво на богатство, неговото чувство на благосостојба не зависи од тоа колку материјални добра му стојат на располагање.

Затоа, неконтролираното стремење кон материјални добра и пари наведува многумина да се прашуваат: ‚Се чини дека уживаме во секоја нова работа што ја купуваме; сепак зошто, откако сѐ ќе се земе предвид, овие задоволства не придонесуваат за некое поголемо чувство на задоволство?‘

Во својата книга Happy People (Среќни луѓе), авторот Џонатан Фридмен забележува: „Штом ќе стекнеш некаков минимален приход, сумата пари што ја поседуваш не ти значи многу во поглед на добивањето среќа. Кога ќе се помине границата на најниски примања, врската меѓу приходот и среќата е извонредно мала“. Многумина сфаќаат дека вистински важно за среќата на еден поединец е тој да има духовни поседи, смисловни активности во животот и морални вредности. Исто така, важни се меѓучовечките односи и слободата од конфликти или ограничувања што можат да нѐ спречат да уживаме во она што го имаме.

Многумина сметаат дека коренот на повеќето денешни социјални проблеми е тенденцијата да се користи материјалниот напредок за да се решат оние работи што, всушност, претставуваат душевни проблеми. Некои коментатори на социјалната состојба говорат за едно општо расположение на песимизам и незадоволство. Исто така, тие ја забележуваат зголемената тенденција кај луѓето во богатите општества да се консултираат со терапевти или да ја бараат смислата и душевната хармонија кај гуруа, култови и квазитерапевтски групи. Ова сведочи дека материјалните добра не успеваат да му дадат вистинска смисла на животот.

Моќта и немоќта на парите

Секако, парите имаат моќ. Со парите можат да се купат прекрасни домови, елегантна гардероба и мебел што пленува. Со нив можеби може да се купи и подлизување, послушност или ласкање, па дури и да се создадат неколку привремени и услужливи пријатели. Но, моќта на парите може само толку. Со парите не може да се купи она што најмногу ни треба — љубовта од еден вистински човечки пријател, душевен мир, трошка искрена утеха во смртен час. А за оние што го ценат својот однос со Творецот, со парите не може да се купи Божје одобрување.

Цар Соломон, кој ги имал сите добри работи што можеле да се купат со пари во негово време, признал дека довербата во материјалните поседи не води до трајна среќа (Проповедник 5:11—14). Парите може да се изгубат со пропаѓање на банката или со инфлација. Недвижниот имот можат да го уништат силни бури. Полисите за осигурување, иако делумно ги надоместуваат материјалните загуби, не можат да дадат надомест за емоционалните загуби. Акциите и обврзниците можат прекуноќ да станат безвредни во некој економски крах. Дури и една добро платена работа може денес да ја има, а утре не.

Тогаш, како можеме да ги држиме парите на свое место? Каква улога треба да играат парите или поседите во нашиот живот? Те молиме, испитај ја понатаму оваа тема за да видиш како можеш да поседуваш нешто што е навистина скапоцено — „вистинскиот живот“.

[Слики на страница 4]

Материјалните поседи не донесуваат трајна среќа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели