ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/7 стр. 4-6
  • Зошто да се проучува Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се проучува Библијата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Клучот за смисловен живот
  • Што значи стравот од Бог
  • Стравот и љубовта дејствуваат заедно
  • Нека во твоето срце се развие страв од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Научи како да најдеш радост во стравот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Плаши се од Јехова и слави го неговото свето име
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Користи од стравот од вистинскиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/7 стр. 4-6

Зошто да се проучува Библијата?

ИАКО бил млад, атлетски тип, образован и финансиски среден, сепак, Бил не бил задоволен. Неговиот живот немал никаква цел, и тоа многу го вознемирувало. Обидувајќи се да најде смисла во животот, испитувал различни религии, но не го нашол она што го барал. Во 1991 запознал еден Јеховин сведок, кој му оставил книга во која се дискутирало за тоа што вели Библијата за смислата на животот. Била договорена библиска студија така што Бил можел да ѝ се посвети на оваа, како и на други теми.

Бил се присетува: „Ја одржавме нашата прва студија и, бидејќи толку често се осврнувавме на Библијата, знаев дека тоа е она што го барав. Одговорите од Библијата беа многу возбудливи. Откако заврши таа студија, се искачив на една планина, излегов од мојот камионет и извикав од радост. Бев восхитен што конечно ги добив одговорите на моите прашања“.

Се разбира, секој што ја пронаоѓа библиската вистина не вика буквално од восхит. Сепак, да се добијат одговорите на важни прашања во животот е радосно искуство за многумина. Тие се чувствуваат како човекот од Исусовата парабола што открил благо скриено во нива. Исус рекол: „Од радост оди и продава сѐ што има и ја купува таа нива“ (Матеј 13:44).

Клучот за смисловен живот

Бил размислувал за едно основно прашање: ‚Која е смислата на животот?‘ Филозофи, теолози и научници со милениуми се мачеле со тоа прашање. Поединци кои се обидувале да одговарат на него напишале безброј книги. Нивните напори биле залудни, и многумина дошле до заклучок дека на тоа прашање не може да се одговори. Сепак, постои одговор. Иако е длабок, тој не е комплициран. Објаснет е во Библијата. Клучот за среќен, смисловен живот е следново: Мораме да имаме добар однос со Јехова, нашиот Творец и небесен Татко. Како го постигнуваме тоа?

Постојат два навидум противречни аспекта на приближувањето кон Бог. Оние што му се приближуваат на Бог се плашат од него и истовремено го љубат. Да разгледаме два стиха што ја поддржуваат таа изјава. Уште одамна, мудриот цар Соломон грижливо го проучил човештвото и своите сознанија ги запишал во библиската книга Проповедник. Резимирајќи ги своите забележувања, тој напишал: „Да го чуеме завршниот збор за сѐ: ‚Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сѐ за човекот‘“ (Проповедник 12:13). Со векови подоцна, кога бил запрашан која е најголемата заповед во Законот што му бил даден на Мојсеј, Исус одговорил: „Љуби го Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа и со сиот свој ум“ (Матеј 22:37). Дали ти изгледа чудно тоа што треба и да се плашиме од Бог и да го љубиме? Да испитаме колку стравот и љубовта се важни и како тие дејствуваат заедно за да произведат еден задоволителен однос со Бог.

Што значи стравот од Бог

За да го обожаваме Бог на прифатлив начин, основно е да имаме страв полн со почит. Библијата вели: „Почеток на мудроста е стравот од Господа“ (Псалм 111:10). Апостол Павле напишал: „Да имаме и понатаму незаслужена љубезност, преку која можеме на прифатлив начин да му принесуваме на Бог света служба со побожен страв и со страхопочит“ (Евреите 12:28). На сличен начин, еден ангел среде небото, кого апостол Јован го видел во визија, својата објава на добрата вест ја започнал со зборовите: „Плашете се од Бог и оддајте му слава“ (Откровение 14:6, 7).

Овој страв од Бог, кој е толку неопходен за смисловен живот, не е исто што и морбиден страв. Можеби се плашиме ако ни се заканува некој суров и опасен криминалец. Но, стравот од Бог — или побожниот страв — е страхопочит и длабока почит кон Творецот. Исто така, тој вклучува здрав страв дека нема да му угодиме на Бог бидејќи тој е Врховен Судија и Семоќен, кој има и моќ и авторитет да ги казни непослушните.

Стравот и љубовта дејствуваат заедно

Сепак, Јехова не сака луѓето да му служат само затоа што имаат страхопочит кон него. Јехова е извонреден Бог на љубовта. Апостол Јован бил поттикнат да напише: „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Јехова Бог постапувал со човештвото со голема љубов и тој сака луѓето да реагираат така што ќе му возвратат со љубов. Но, како таа љубов е во согласност со побожниот страв? Всушност, тие се тесно поврзани. Псалмистот напишал: „Господ е близу до оние, кои се бојат од Него“ (Псалм 25:14).

Помисли само на чувството на почит и страхопочит што ги има едно дете кон својот силен и мудар татко. Детето истовремено ќе одговори на татковата љубов. Тоа ќе има доверба во таткото и ќе се потпира на него за водство, уверено дека тоа водство ќе му користи. На сличен начин, ако го љубиме Јехова и се плашиме од него, ќе бидеме послушни на неговите упатства, а тоа ќе ни донесе корист. Забележи што рекол Јехова во врска со Израелците: „Само, кога нивните срца би биле такви секогаш да се бојат од Мене и да ги пазат сите Мои заповеди, за да бидат така постојано среќни, тие и нивното потомство!“ (Второзаконие 5:29).

Да, побожниот страв не води до ропство туку до слобода, не води до жалост туку до радост. Во врска со Исус, Исаија прорекол: „Тој ќе се радува на стравот од Јехова“ (Исаија 11:3, NW). А псалмистот напишал: „Блажен [Среќен, NW] е оној човек, кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди“ (Псалм 112:1).

Очигледно, ние не можеме да се плашиме од Бог и да го љубиме ако не го познаваме. Затоа е толку важно да се проучува Библијата. Таквото проучување ни помага да ја разбереме Божјата личност и да ја цениме мудроста од следењето на неговото водство. Додека уште повеќе му се приближуваме на Бог, сакаме да ја вршиме неговата волја и сме мотивирани да ги држиме неговите заповеди, знаејќи дека ќе ни користат (1. Јованово 5:3).

Радосно е човек да знае дека се наоѓа на исправниот пат во животот. Тоа е случај и со Бил, спомнат во почетокот. Тој неодамна рекол: „Во деветте години што поминаа од мојата прва библиска студија, мојот однос со Јехова се продлабочи. Почетниот излив на радост што го почувствував прерасна во еден навистина среќен начин на живот. Постојано имам позитивно гледиште за животот. Деновите ми се исполнети со смисловна активност, а не со некоја бесцелна потрага по задоволства. Јехова ми стана реална личност и знам дека тој ги има на срце моите најдобри интереси“.

Во следната статија ќе разгледаме понатаму како спознанието за Јехова им донесува радост и корист на оние што го применуваат во својот живот.

[Истакната мисла на страница 5]

Приближувањето кон Бог значи дека го љубиме и истовремено се плашиме од него

[Слика на страница 6]

Исус се радувал во стравот од Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели