ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/7 стр. 3
  • Постои ли живот по смртта?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Постои ли живот по смртта?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Дали постои живот после смртта?
    Што ни се случува кога ќе умреме?
  • Живот после смртта — што веруваат луѓето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Дали имаш бесмртен дух?
    Дали имаш бесмртен дух?
  • Има ли одговор?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/7 стр. 3

Постои ли живот по смртта?

„КОГА ќе умре човек ќе живее ли пак?“ — прашал патријархот Јов пред околу 3.500 години (Јов 14:14). Ова прашање со милениуми го збунувало човештвото. Низ вековите, луѓето во секое општество размислувале на оваа тема и создале различни теории.

Многу номинални христијани веруваат во небесен рај и пекол. Хиндусите, пак, веруваат во реинкарнација. Коментирајќи за гледиштето на муслиманите, Емир Муавија, асистент во еден Исламски религиозен центар, вели: „Ние веруваме дека ќе има суден ден по смртта, кога ќе отидеш пред Бог, Алах, што ќе биде исто како одење на суд“. Според исламското верување, тогаш Алах ќе го преиспита животниот пат на секој човек и ќе го испрати или во рај или во пеколен оган.

Во Шри Ланка, кога во домаќинството има смртен случај, и будистите и католиците ги оставаат вратите и прозорците ширум отворени. Свети газиена ламба и сандакот се става со нозете на починатиот свртени кон предната врата. Според нивното верување, ваквите мерки го олеснуваат излегувањето на духот на починатиот.

Според Роналд М. Бернт, од Универзитетот на Западна Австралија, австралиските Абориџини веруваат дека „човечките суштества се духовно неуништливи“. Некои африкански племиња веруваат дека обичните луѓе по смртта стануваат сеништа, додека истакнатите поединци стануваат духови на предците на кои ќе им се искажува чест и ќе им се упатуваат молби како на невидливи водачи на заедницата.

Во некои земји, верувањата во врска со состојбата на мртвите се мешавина од локални традиции и номинално христијанство. Меѓу многу католици и протестанти во Западна Африка, на пример, кога некој ќе умре вообичаено е да ги покриваат огледалата за да не може никој да погледне во нив и да го види духот на мртвиот.

Навистина, одговорите што ги даваат луѓето на прашањето: ‚Што ни се случува кога ќе умреме?‘ се различни. Сепак, основната идеја е: Нешто внатре во лицето е бесмртно и ја преживува смртта. Некои луѓе веруваат дека тоа „нешто“ е дух. На пример, во некои делови на Африка и Азија и низ пацифичките региони на Полинезија, Меланезија и Микронезија, мнозина веруваат дека бесмртен е духот — а не душата. Всушност, во некои јазици дури и не постои зборот „душа“.

Дали во живиот човек постои дух? Дали духот навистина го напушта телото при смртта? Ако е така, тогаш што се случува со него? И каква надеж постои за мртвите? Овие прашања не треба да се игнорираат. Сеедно каква е твојата културна или религиозна заднина, смртта е факт со кој мора да се соочиме. Затоа, во овие спорни прашања си вклучен и ти на еден мошне личен начин. Те охрабруваме да ја испиташ оваа тема.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели