ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/11 стр. 27-30
  • „Јеховиниот благослов збогатува“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јеховиниот благослов збогатува“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јехова ги благословува своите слуги
  • Денешни благослови
  • Возврати му на Јехова
  • Му служиме на Бог „со едно срце и со една душа“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Весело давање од сѐ срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали даваш великодушно и со радост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • ‚Да му принесеме дар на Јехова‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/11 стр. 27-30

„Јеховиниот благослов збогатува“

СИТЕ ние сакаме да бидеме благословени. The American Heritage College Dictionary вели дека благословите унапредуваат „среќа, благосостојба или просперитет“. Со оглед на тоа што Јехова е Дарител на „секој добар дар и секој совршен подарок“, секој вистински, траен благослов потекнува од нашиот Творец полн со љубов (Јаков 1:17). Тој го опсипува со благослови целото човештво, па дури и оние што не го познаваат. Исус за својот Татко рекол: „Тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд над праведните и над неправедните“ (Матеј 5:45). Меѓутоа, Јехова покажува посебна грижа кон оние што го љубат (Второзаконие 28:1-14; Јов 1:1; 42:12).

Псалмистот напишал: „Не им ускратува Господ добра на оние што одат во невиност“ (Псалм 84:11). Да, оние што му служат на Јехова имаат богат, смисловен живот. Тие знаат дека „Господовиот [Јеховиниот, NW] благослов збогатува и не придодава никаква мака“. Исто така Библијата вели: „Оние кои [Јехова] ќе ги благослови, ќе ја наследат земјата“ (Пословици 10:22; Псалм 37:22, 29). Колкав само благослов ќе биде тоа!

Како можеме да добиеме Јеховин благослов? Како прво, треба да негуваме особини што му се допадливи нему (Второзаконие 30:16, 19, 20; Михеј 6:8). Ова го гледаме во примерот на тројца Јеховини слуги од старо време.

Јехова ги благословува своите слуги

Ное бил извонреден Божји слуга. Во Битие 6:8 читаме: „Ное најде благодат во Господовите очи“. Зошто? Затоа што бил послушен. Извештајот вели: „Ное одеше со Бога“. Ное ги држел Јеховините праведни начела и бил послушен на неговите заповеди. Во време кога светот бил потонат во насилство и расипаност, Ное бил поттикнат ‚да стори сѐ што му заповедал Бог, така сторил‘ (Битие 6:9, 22). Како резултат на тоа, Јехова му дал упатство да изгради „арка за спасение на [Ноевото] домаќинство“ (Евреите 11:7). На тој начин, Ное и неговото семејство — а преку нив и човечкиот род — го преживеале уништувањето на таа генерација. И, Ное умрел со надеж дека ќе биде воскреснат со изглед за вечен живот на рајска земја. Колку само богати благослови добил!

И Авраам имал особини што му биле допадливи на Јехова. Најистакната меѓу нив била верата (Евреите 11:8-10). Авраам го напуштил удобниот живот во Ур, и подоцна во Харан, бидејќи имал вера во Јеховиното ветување дека неговото семе ќе стане многубројно и дека ќе биде благослов за сите нации (Битие 12:2, 3). И покрај долгите години на испитување, неговата вера била наградена кога му се родил синот Исак. Преку него Авраам станал предок на Божјата избрана нација, Израел, и на крајот на Месијата (Римјаните 4:19-21). Освен тоа, тој е „татко на сите кои имаат вера“ и бил наречен „пријател на Јехова“ (Римјаните 4:11; Јаков 2:23; Галатите 3:7, 29). Колку само смисловен живот водел, и колку бил богато благословен!

Размисли и за верниот човек Мојсеј. Најистакната негова особина била ценењето на духовните работи. Мојсеј му свртел грб на целото богатство на Египет и ‚останал цврст како да го гледа Оној што е невидлив‘ (Евреите 11:27). По 40 години поминати во Мадијам се вратил во Египет како стар човек и смело застанал пред најголемата сила од тоа време, фараонот, за да побара слобода за своите браќа (Излез 7:1-7). Ги видел десетте неволји, разделувањето на Црвеното Море и уништувањето на фараоновите војски. Јехова го употребил за да му го даде Законот на Израел и да биде посредник меѓу Неговиот сојуз и новата нација. Мојсеј 40 години ја водел нацијата Израел во пустелијата. Неговиот живот имал вистинска смисла, и тој уживал прекрасни богати благослови на службата.

Денешни благослови

Овие извештаи покажуваат дека животот на оние што му служат на Бог е навистина смисловен. Додека ги развива особините послушност, вера и ценење за духовните работи, Јеховиниот народ е богато благословуван.

Како сме благословени ние? Па, додека милиони луѓе во христијанскиот свет страдаат од духовен глад, ние можеме да ги ‚уживаме Господовите добра‘ (Еремија 31:12). Преку Исус Христос и „верниот и разборит роб“ Јехова обезбедил изобилни резерви духовна храна која ни помага да останеме на „патот што води во живот“ (Матеј 7:13, 14; 24:45; Јован 17:3). Дружењето со нашето христијанско братство е уште еден богат благослов. На состаноците и во други прилики, дружењето со сообожавателите што покажуваат љубов и искрено настојуваат да ја облечат „новата личност“ е извор на голема среќа (Колошаните 3:8-10; Псалм 133:1). Меѓутоа, нашиот најголем благослов е скапоцената предност што имаме личен однос со Јехова Бог и ги следиме стапките на неговиот Син, Христос Исус (Римјаните 5:1, 8; Филипјаните 3:8).

Размислувајќи за тие благослови, увидуваме колку е, всушност, скапоцена нашата служба за Бог. Можеби помислуваме на Исусовата парабола за еден патувачки трговец кој барал убави бисери. За тој човек Исус рекол: „Откако најде еден бисер од голема вредност, отиде и веднаш продаде сѐ што имаше и го купи“ (Матеј 13:46). Сигурно и ние го чувствуваме истото за нашиот однос со Бог, за нашата предност да му служиме, за нашето христијанско дружење, за нашата христијанска надеж и за сите други благослови поврзани со нашата вера. Нема ништо подрагоцено во нашиот живот.

Возврати му на Јехова

Затоа што го признаваме Јехова како Дарител на секој добар дар, нашите срца се поттикнати да изразат ценење за благословите што ги добиваме. Како можеме да го правиме тоа? Еден начин е да им помогнеме на другите да ги уживаат истите благослови (Матеј 28:19). Во над 230 земји, Јеховините сведоци се зафатени со посетување на нивните ближни правејќи го токму тоа. Притоа ги трошат своите ограничени лични средства — време, енергија и материјални поседи — за да им помогнат на другите да „дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тимотеј 2:4).

Размисли за пионерите што живеат во Глендејл (Калифорнија, САД). Секоја сабота наутро патуваат по 100 километри во двата правци за да посетат еден федерален затвор. Иако кај затворениците можат да останат само неколку часови на секоја посета, не се обесхрабрени. Еден од нив вели: „Голема награда е да се служи на ова посебно подрачје. Тоа го правиме со голема радост. Имаме толку многу заинтересирани лица што е тешко да го задоволиме интересот на сите. Моментално проучуваме со пет луѓе, а уште четворица бараат библиска студија“.

Ревносните христијански министри радо ги нудат своите услуги да го вршат бесплатно ова животоспасувачко дело. Тие го одразуваат ставот на Исус, кој рекол: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8). Милиони луѓе низ целиот свет учествуваат во слична несебична служба, и како резултат на тоа, мноштва со искрени срца се одѕиваат и стануваат ученици. Само во последниве пет години, речиси 1,7 милиони луѓе му го предале својот живот на Јехова. Грижата за потребите на ваквата постојана експанзија бара производство на Библии и публикации темелени на Библијата, како и изградба на нови Сали на Царството и други места за состанување. Од каде доаѓаат пари за да се обезбедат овие потреби? Исклучително од доброволни донации.

Поради сиромашните економски услови што постојат во некои делови на светот, многумина се борат да ги обезбедат само основните животни потреби на своите семејства. Според списанието New Scientist, една милијарда луѓе трошат за храна најмалку 70 проценти од приходот во своето домаќинство. Многу наши христијански браќа и сестри се наоѓаат во таква ситуација. Без помош од соверниците, тие едноставно не би можеле да си дозволат некои работи како што се христијанските публикации или погодни Сали на Царството.

Се разбира, ова не значи дека тие се задоволни со тоа другите да го носат нивниот товар. Но, ним им е потребна помош. Мојсеј, кога ги храбрел Израелците да даваат материјални прилози, како начин да му се заблагодарат на Јехова за нивните благослови, рекол: „Секој нека принесе што може, според благословот што ти го додели Господ, твојот Бог“ (Второзаконие 16:17). Затоа, кога видел како една вдовица приложува во храмот „две парички од многу мала вредност“, Исус ја пофалил пред своите ученици. Сторила што можела (Лука 21:2, 3). На сличен начин, христијаните што се во посиромашни околности прават што можат. И ако има недостиг, тој може да се обезбеди со прилозите на сохристијаните што не се толку материјално сиромашни (2. Коринќаните 8:13-15).

Кога му возвраќаме на Бог на таков начин, важно е да имаме исправен мотив (2. Коринќаните 8:12). Павле рекол: „Секој нека прави како што решил во своето срце, не безволно ниту под принуда, зашто Бог љуби весел дарител“ (2. Коринќаните 9:7). Давајќи великодушно од срце, го поддржуваме теократското ширење што денес се одвива и ја зголемуваме сопствената радост (Дела 20:35).

Учеството во делото на проповедање и давањето доброволни прилози се два начина на кои можеме да му возвратиме на Јехова за благословите што ни ги дава. И колку е само охрабрувачки да се знае дека Јехова сака да им даде свој благослов уште на многу искрени луѓе, кои можеби моментално не го познаваат! (2. Петрово 3:9). Затоа, да продолжиме да ги користиме нашите средства во Божјата служба за да ги најдеме луѓето со искрени срца и да им помогнеме да ги развијат особините послушност, вера и ценење. На тој начин ќе ја имаме радоста да им помогнеме да ‚вкусат и да видат колку е добар Господ‘ (Псалм 34:8).

[Рамка на страници 28 и 29]

Начини на кои некои избираат да даваат

ПРИЛОЗИ ЗА ДЕЛОТО ШИРУМ СВЕТОТ

Мнозина ставаат настрана или, пак, планираат некој износ од својот буџет кој го пуштаат во кутиите за прилози со натпис „Прилози за делото ширум светот — Матеј 24:14“.

Секој месец собранијата го испраќаат овој износ до канцеларијата на локалната подружница. Доброволните парични донации можат да се испратат и директно до канцеларијата на подружницата која ја опслужува твојата земја. Може да се дарува и накит или, пак, други скапоцености. Таквите прилози треба да бидат проследени со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за целосен подарок.

СПОГОДБА ЗА УСЛОВНА ДОНАЦИЈА

Можат да се донираат пари со една специјална спогодба според која, доколку донаторот има лична потреба, донацијата ќе му се врати. За повеќе информации, те молиме контактирај со локалната канцеларија на подружницата.

ДОБРОТВОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Освен целосните парични подароци и условните парични донации, постојат и други методи на давање во корист на службата за Царството ширум светот. Тие вклучуваат:

Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на полиса за животно или пензиско осигурување.

Банковни сметки: Кај Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница можат да се дадат банковни сметки, уверенија за депозити или поединечни пензиски сметки како депонирани или, пак, да се направат наплатливи по смртта, во согласност со локалните банкарски барања.

Вредносни хартии и обврзници: Вредносни хартии и обврзници можат да се подарат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како целосен подарок.

Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот што може да се продаде, било како целосен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на донаторот, кој може и понатаму да живее во него до крајот на својот живот. Контактирај со канцеларијата на подружницата во твојата земја пред да ѝ пренесеш каков и да било недвижен имот.

Тестаменти и полномоштија: Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски верифициран тестамент или, пак, Заедницата може да биде именувана како корисник на договор за ополномоштување. Полномоштието во корист на религиозна организација може да обезбеди извесни даночни погодности.

Ако си заинтересиран за некоја од овие подготовки за добротворно планирање, треба да пишеш на соодветната адреса на страница 2.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели