ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/1 стр. 3-4
  • Проблемите со класните разлики

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проблемите со класните разлики
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зраци на надеж?
  • Дали е навистина можно бескласно општество?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Денешната чума на нееднаквост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Дали расната еднаквост е само сон? Што вели Библијата?
    Разно
  • Образовниот центар на Стражарска кула испраќа мисионери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/1 стр. 3-4

Проблемите со класните разлики

„ЕДНАКВОСТА МОЖЕБИ Е ПРАВО, НО НЕ ПОСТОИ СИЛА НА ЗЕМЈАТА ШТО МОЖЕ ДА ЈА ПРЕТВОРИ ВО ФАКТ.“

Така рекол Оноре де Балзак, француски романсиер од 19 век. Дали се сложуваш со него? Многумина инстинктивно сметаат дека ваквите класни разлики не се во ред. Сепак, дури и во овој 21 век, човечката заедница сѐ уште е поделена на голем број општествени класи.

КЕЛВИН КУЛИЏ, претседател на Соединетите Држави од 1923 до 1929, бил загрижен за проблемот со општествените класни разлики и зборувал за „конечното изумирање на сите привилегирани класи“. Сепак, околу 40 години откако Кулиџ бил претседател, комисијата Кернер, назначена да ги проучи односите меѓу расите, ги изразила своите стравови дека Соединетите Држави неминовно ќе станат две општества: „едно црно, едно бело — одвоени и нееднакви“. Некои тврдат дека ова предвидување веќе се обистинило и дека во таа земја „економскиот и расниот јаз расте“.

Зошто е толку тешко идејата за еднаквост на луѓето да се претвори во реалност? Главен фактор е човечката природа. Вилијам Рандолф Херст, бивш конгресмен на САД, еднаш рекол: „Сите луѓе се создадени еднакви во еден аспект, најмалку, а тоа е нивната желба да бидат нееднакви“. Што мислел со тоа? Можеби тоа јасно го изразил Анри Бек, француски драматург од 19 век: „Она што ја прави еднаквоста толку тешка е тоа што ние сакаме да бидеме еднакви само со оние што се над нас“. Со други зборови, луѓето сакаат да бидат еднакви со оние што се над нив на социјално ниво; но малкумина се оние што се спремни да ги ограничат своите привилегии и предности за да им дадат еднаквост на оние што ги сметаат за пониски од себе.

Во минатото, луѓето се раѓале како обични граѓани, како дел од аристократија, па дури и како членови на кралско семејство. Тоа сѐ уште е случај на некои места. Меѓутоа, во повеќето земји денес, парите — или нивниот недостиг — одлучуваат дали некој ќе биде од ниската, средната или од високата класа. Сепак, и други фактори ја одредуваат класата, на пример, расата, образованието и писменоста. А на некои места, главен фактор за дискриминација е полот, при што жените се сметани за пониска класа.

Зраци на надеж?

Донесувањето на законот за човекови права помогнало да се скршат некои класни бариери. Во Соединетите Држави се донесени некои антисеграгациски закони. Апартхејдот во Јужна Африка беше прогласен за незаконски. Ропството, иако сѐ уште постои, е незаконско во поголемиот дел од светот. Законските одлуки наложија да се признаат земјишните права на некои домородци, а антидискриминаторските закони обезбедија помош за некои обесправени класи.

Дали ова го навестува крајот на разликите во општествените класи? Всушност, не. Иако некои разлики во општествените класи можеби сега попуштиле, почнаа да се појавуваат нови поделби. Книгата Class Warfare in the Information Age (Класни борби во ерата на информации), вели: „Општата поделба на класи на капиталисти и работници денес изгледа несоодветна, но само затоа што овие големи класи се расцепкале на помали групи од разлутени луѓе“.

Дали општествените класи засекогаш ќе ги делат луѓето? Па, како што ќе покаже следната статија, ситуацијата не е така безнадежна.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели