ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/3 стр. 29-31
  • Балсамирање — дали е за христијаните?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Балсамирање — дали е за христијаните?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде започнал овој обичај?
  • Дали е за христијаните?
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Растенија скапоцени како злато
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Исус бил погребан
    Исус — патот, вистината и животот
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/3 стр. 29-31

Балсамирање — дали е за христијаните?

При крајот на својот живот, верниот патријарх Јаков го изнел како последно барање следново: „Погребете ме покрај моите татковци, во пештерата, што се наоѓа во нивата на Ефрон, Хетеецот, во пештерата на полето Махпела, спроти Мамвриј, во Ханаанската Земја“ (Битие 49:29—31).

ЈОСИФ го почитувал барањето на својот татко на тој начин што го искористил обичајот што преовладувал во Египет во тоа време. Тој им заповедал на ‚лекарите, кои биле во негова служба да го балсамираат татко му‘. Според извештајот што се наоѓа во Битие, поглавје 50, на лекарите по обичај им биле потребни 40 дена за да го подготват лешот. Балсамирањето на Јаков овозможило огромниот бавен караван, кој се состоел од членови на семејството и од египетски достоинственици, да патува околу 400 километри за да ги однесе останките на Јаков во Хеврон каде што биле погребани (Битие 50:1—14).

Дали е можно еден ден да се најде балсамираното тело на Јаков? Шансите се, во најдобар случај, многу мали. Израел бил добро наводнуван регион, а тоа го ограничува видот на археолошки ракотворби што се откриени таму (Излез 3:8). Изобилуваат древни метални и камени предмети, но повеќето трошливи работи како, на пример, ткаенина, кожа и балсамирани тела не ја издржуваат влагата и променливоста на времето.

Што е балсамирањето? Зошто се практикува? Дали е за христијаните?

Каде започнал овој обичај?

Балсамирањето може најдобро да се опише како сочувување на леш од човек или од животно. Историчарите се со тенденција да се сложат дека балсамирањето започнало во Египет, но го практикувале и древните Асирци, Персијци и Скити. Можеби најраниот интерес и експерименти со балсамирање биле поттикнати со ископувањето на тела што биле погребани во пустинскиот песок и биле сочувани на природен начин. Поради таквото погребување, лешот не доаѓал во допир со влага и воздух, и на тој начин неговото распаѓање било ограничено. Некои теоретизираат дека балсамирањето започнало кога биле пронајдени тела сочувани во натриум карбонат, алкал кој го има во изобилство во и околу Египет.

Целта на оној што балсамира е едноставно да го прекине природното бактериолошко дејствување што почнува неколку часа по моментот на смртта, а кое предизвикува распаѓање на лешот. Ако тој процес може да се спречи, распаѓањето ќе се прекине или барем до некаде ќе се забави. Потребни се три работи: да се сочуваат останките како во жива состојба, да се спречи распаѓање и да се направи лешот отпорен на разорното дејство на инсектите.

Древните Египќани ги балсамирале своите мртви главно од религиозни причини. Нивниот концепт за задгробен живот бил поврзан со желба мртвите да останат во контакт со физичкиот свет. Верувале дека нивните тела ќе бидат користени низ сета вечност и дека повторно ќе бидат оживеани. Иако балсамирањето било вообичаено нешто, до денес не е пронајден ниту еден египетски извештај како се правело тоа. Најдобар е записот на грчкиот историчар Херодот од петтиот век пр.н.е. Меѓутоа, се известува дека обидот повторно да се постигнат резултатите со помош на упатствата на Херодот не бил многу успешен.

Дали е за христијаните?

Јаков го балсамирале луѓе чии религиозни верувања не биле како неговите. Сепак, тешко е да си замислиме дека кога го предал телото на својот татко на лекарите, Јосиф побарал да се направат молитвите и ритуалите што веројатно се правеле кога се вршело балсамирање во Египет во тоа време. И Јаков и Јосиф биле мажи од вера (Евреите 11:21, 22). Иако изгледа тоа не било заповедано од Јехова, за сочувувањето на останките на Јаков не се зборува со неодобрување во Писмото. Намерата не била балсамирањето на Јаков да стане преседан за нацијата Израел или за христијанското собрание. Всушност, во Божјата реч не постојат конкретни упатства на таа тема. Откако и самиот Јосиф бил балсамиран во Египет, таа практика не се спомнува понатаму во Писмото (Битие 50:26).

Лошата состојба на човечките останки најдени во гробовите во Палестина покажува дека не било еврејски обичај да се балсамираат мртвите, барем не за да бидат сочувани подолго. На пример, Лазар не бил балсамиран. Иако бил завиткан со ткаенина, била покажана загриженост кога требало да биде тргнат каменот со кој бил затворен неговиот гроб. Со оглед на тоа што од смртта на Лазар биле поминати четири дена, неговата сестра била сигурна дека кога ќе се отвори гробот ќе има мирис (Јован 11:38—44).

Дали бил балсамиран Исус Христос? Евангелските извештаи не го поддржуваат овој заклучок. Во тоа време постоел еврејски обичај, пред телото да се положи, да се подготви со ароматични билки и парфимирани масла. На пример, за да биде подготвено Исусовото тело, Никодим донел голема количина ароматични билки за таа цел (Јован 19:38—42). Зошто толку многу ароматични билки? Искрената љубов и почитта кон Исус можеби го поттикнале на таква великодушност. Не треба да заклучиме дека таквото користење ароматични билки било со цел да се сочува телото.

Дали еден христијанин ќе приговори на балсамирањето? Реалистично гледано, балсамирањето е само одложување на неизбежното. Сме дошле од прав и во прав ќе се вратиме (Битие 3:19). Но, колку време треба да помине од моментот на смртта до погребот? Ако членовите на семејството и пријателите доаѓаат оддалеку и сакаат да го видат телото, несомнено останките ќе бидат до некоја мера балсамирани.

Значи, библиски, нема потреба од загриженост ако локалните барања налагаат телото да се балсамира или ако тоа го сакаат членовите на семејството. Мртвите „не знаат ништо“ (Проповедник 9:5). Ако се наоѓаат во Божјето сеќавање, тие ќе бидат воскреснати за живот во неговиот нов свет (Јов 14:13—15; Дела 24:15; 2. Петрово 3:13).

[Рамка/слика на страница 31]

БАЛСАМИРАЊЕ — ТОГАШ И СЕГА

Во древниот Египет, видот на балсамирање на лешот зависел од семејниот статус. Едно богато семејство веројатно ја избирало следнава процедура:

Со помош на метален инструмент преку носниците бил извлекуван мозокот. Потоа, черепот бил третиран со соодветни дроги. Следниот чекор вклучувал отстранување на сите внатрешни органи, освен на срцето и бубрезите. За да се добиел пристап до стомакот, на телото се правел рез, но тоа било сметано за грев. За да се заобиколи ова полемично прашање, египетските балсамирачи назначувале човек наречен сечач да го направи резот. Веднаш по завршувањето тој бегал, зашто казната за ова таканаречено злосторство биле клетви и засипување со камења.

Откако ќе ја испразнеле стомачната празнина, темелно ја измивале. Историчарот Херодот напишал: „Ја полнат празнината со најчиста столчена смирна, касија и секакви видови ароматични билки, освен бел темјан, и го зашиваат отворот“.

Потоа, ја отстранувале водата од телото со тоа што го потопувале во натриум карбонат 70 дена. Потоа, лешот го измивале и вешто го завиткувале во лен. Ленот потоа бил мачкан со смола или со некој вид супстанца од каучук која служела како лепило, и мумијата била ставана во еден богато украсен дрвен сандак со човечки облик.

Денес балсамирањето може да се изврши за неколку часови. Обично се прави со тоа што во вените и артериите, како и во стомачната и градната празнина, се става соодветна количина течност за балсамирање. Низ годините се изнајдени и користени најразлични раствори. Меѓутоа, поради цената и сигурноста, како раствор за балсамирање најчесто се користи формалдехидот.

[Слика]

Златниот ковчег на цар Тутанкамон

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели