ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/4 стр. 9
  • „Сакав да му служам на Бог“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Сакав да му служам на Бог“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Зошто еден свештеник ја напуштил својата црква
    Разбудете се! 2015
  • Тие си го збогатиле животот — можеш ли и ти?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • „Мило ми е што бев таму“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Откажување од многу работи за нешто поголемо
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/4 стр. 9

Објавителите на Царството известуваат

„Сакав да му служам на Бог“

„ИЗЛЕЗЕТЕ од неа, народе мој.“ Тоа бил повикот од еден ангел што го чул апостол Јован во првиот век н.е. Во наше време милиони луѓе со искрени срца се одѕиваат и бегаат од „Големиот Вавилон“, светската империја на лажната религија (Откровение 18:1—4). Меѓу нив е Вилнер од Хаити, кој го раскажува своето искуство.

„Роден сум во 1956 година во едно оддадено католичко семејство во гратчето Сент Марк (Хаити). Замислете си ја радоста на моето семејство кога, заедно со уште двајца од нашиот град, бев избран да се запишам на една семинарија во Сент Мишел де Латалау (Хаити). Потоа, во 1980, бевме испратени во Ставлоу (Белгија) на натамошна обука. Таму посетувавме и еден католички универзитет.

Во почетокот бев одушевен од можноста да стапам во редовите на свештенството. Еден ден во трпезаријата, одговорниот свештеник на нашата група ме замоли да останам неколку минути бидејќи сакаше нешто да ми каже. Замислете си го мојот шок кога тој отворено изјави дека е сексуално привлечен кон мене! Ги одбив неговите додворувања, но моите илузии беа тотално разбиени. Му напишав на моето семејство за таа случка и по неколку месеци ја напуштив семинаријата, и покрај незадоволството на семејството. Најдов сместување во селото и се запишав на студии од друга професија.

Кога се вратив во Сент Марк, веќе немав никаква доверба во Католичката црква. Сепак, сакав да му служам на Бог, но не знаев што да правам. Отидов во Адвентистичката црква, во Ебенезеровата црква и во Мормонската црква. Духовно бев препуштен сам на себе.

Потоа се сетив дека додека ја посетував семинаријата во Белгија, ја читав Библијата Crampon. Во неа открив дека Бог има име. Така, користејќи го неговото име, почнав горливо да му се молам на Бог да ми помогне да ја пронајдам вистинската религија.

Кратко потоа, две жени Јеховини сведоци се преселија во моето соседство. Тие беа мирни, учтиви и достоинствени. Бев импресиониран од нивниот начин на живот. Еден ден, едната од нив ме покани да присуствувам на годишниот Меморијал на Христовата смрт. Многу уживав во состанокот и се сложив да имам редовна библиска студија со Сведоците. За околу шест месеци се уверив дека го пронајдов исправниот пат да му служам на Бог. Му го предадов мојот живот на Јехова и се крстив на 20 ноември 1988.“

Со текот на времето, Вилнер започнал со полновремена служба. Денес служи како собраниски старешина. Тој и неговата сопруга, заедно со нивните две деца, среќно служат во собранието.

[Слика на страница 9]

Читајќи ја Библијата, Вилнер открил дека Божјето име е Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели