ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/7 стр. 26-27
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Кога и зошто се носи покривало на главата?
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2013
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Начелото за поглаварство во собранието
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/7 стр. 26-27

Прашања од читателите

Во кои ситуации е соодветно една христијанка да носи покривало за главата од духовни причини?

„Секоја жена која се моли или пророкува со непокриена глава, ја срамоти својата глава“, напишал апостол Павле. Зошто? Поради божественото начело за поглаварство: „Глава на жена е мажот“. Молењето или проповедањето во христијанското собрание обично е машка одговорност. Затоа, кога една христијанка се грижи за работи што се однесуваат на обожавањето, а што обично ги извршува нејзиниот сопруг или друг крстен маж, таа треба да носи покривало за глава (1. Коринќаните 11:3—10).

Ситуации во кои една христијанка треба да носи покривало за главата може да се појават и во нејзината брачна врска. На пример, кога семејството ќе се собере за библиска студија или за оброк, обично сопругот го презема водството во поучувањето и ги претставува во молитва пред Бог. Меѓутоа, ако е неверник, таа одговорност може да ѝ падне на неговата сопруга. Затоа, кога наглас се моли во свое име и во име на другите или кога води библиска студија со своите деца во присуство на сопругот, христијанската сестра соодветно носи покривало за глава. Ако сопругот не е присутен, сопругата не мора да носи покривало зашто таа има авторитет од Бог да ги поучува децата (Пословици 1:8; 6:20).

Но, што ако млад син во семејството е предаден, крстен слуга на Јехова Бог? Бидејќи синот е член на христијанското собрание, тој треба упатствата да ги добива од членовите на собранието што се мажи (1. Тимотеј 2:12). Ако таткото е верник, синот треба да биде поучуван од него. Меѓутоа, ако таткото е отсутен, тогаш мајката треба да носи покривало за главата ако води библиска студија со својот млад крстен син и другите деца. Дали ќе го повика крстениот син да се помоли на студијата или за време на оброкот е нејзина одлука. Можеби смета дека тој сѐ уште не е доволно способен и можеби ќе избере самата да се помоли. Ако во таква прилика избере таа да се помоли, треба да носи покривало за глава.

Христијанките можеби ќе треба да носат покривало за глава и кога имаат удел во одредени собраниски активности. На состанокот за служба во текот на неделата, на пример, можеби се присутни само христијански сестри, нема крстени мажи. Може да има и други прилики кога нема крстени мажи на собранискиот состанок. Ако сестра треба да изврши должности што обично на собраниски состанок или на состанок за служба ги извршува брат, таа треба да носи покривало за глава.

Мораат ли христијанките да носат покривало за глава кога преведуваат јавни предавања усно или на знаковен јазик или кога јавно читаат пасуси од некое помагало за проучување на Библијата што се користи на собраниските состаноци? Не. Сестрите што ги имаат тие должности не претседаваат ниту поучуваат. На сличен начин, не е потребно покривало за глава за сестрите што имаат учество во прикази, кога раскажуваат искуства или кога имаат говор во Теократската школа за служба.

Иако поучувањето во собранието треба да го вршат крстени мажи, и мажите и жените имаат одговорност да проповедаат и да поучуваат надвор од собранието (Матеј 24:14; 28:19, 20). Затоа, кога една христијанка разговара за Божјата реч со не-Сведоци во присуство на маж Јеховин сведок, не мора да носи покривало за глава.

Меѓутоа, ситуацијата е поинаква кога се води редовна, планирана домашна библиска студија и кога е присутен крстен маж. Тоа е однапред договорено време за поучување во кое оној што ја води студијата всушност претседава. Во такви околности, студијата станува продолжение на собранието. Ако крстена жена Сведок води таква студија кога е присутен крстен маж Сведок, соодветно е таа да носи покривало за глава. Меѓутоа, треба да се помоли предадениот брат. Една сестра нема да се моли во присуство на крстен брат освен ако има некоја исклучителна причина, како што е случај кога братот ја изгубил физичката способност за говор.

Во некои прилики една христијанска сестра можеби ќе биде придружена на библиска студија од маж некрстен објавител на Царството. Ако сака, може да го замоли тој да ја води студијата. Но, бидејќи тој не може соодветно да ја претставува крстената сестра во молитва, исправно е таа да се моли на студијата. Ако таа ја води студијата и се моли, треба да ја покрие главата. Иако објавителот уште не е крстен, луѓето однадвор го идентификуваат со собранието заради неговата проповедничка активност.

„Жената треба да има знак на авторитет на својата глава поради ангелите“, напишал апостол Павле. Да, христијанските сестри имаат предност да бидат добар пример за милиони ангели што и понатаму лојално се подложуваат на Јехова. Колку е само соодветно побожните жени да обрнат должно внимание на носењето покривало за глава кога приликата го бара тоа!

[Слики на страница 26]

Покривалото за глава е знак за почитување на поглаварство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели