ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/13 стр. 2
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 2013
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Кога и зошто се носи покривало на главата?
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Води напредни библиски студии — на врата и по телефон
    Нашата служба за Царството 2006
  • Започнување библиски студии на врата или преку телефон
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 2013
km 11/13 стр. 2

Прашања

◼ Дали една сестра треба да носи покривало на главата ако води библиска студија на врата во придружба на брат?

Кога една сестра води класична библиска студија на која е присутен брат, тогаш треба да носи покривало на главата (1. Кор. 11:3-10). Во книгата Божјата љубов, на страница 210, пишува: „Понекогаш околностите можеби налагаат една христијанка да се погрижи за некоја должност што обично би ја извршил крстен брат. На пример... можеби ќе треба во присуство на крстен брат да води библиска студија што однапред била договорена. Кога извршува вакви должности, треба да носи покривало на главата за да покаже дека прави нешто што обично би го правел брат“. Ова важи кога студијата се води дома, на врата или на некое друго место.

Од друга страна, ако сѐ уште не се води библиска студија на врата, сестрата не мора да носи покривало на главата во присуство на брат, па дури и ако целта на повторната посета е да се започне библиска студија или да се разгледа нешто од публикациите наменети за тоа. Честопати за да се започне библиска студија на врата потребно е време, односно треба да се направат неколку повторни посети. Затоа, сестрата и братот што ја придружува во службата треба да размислат за околностите и да донесат разумна одлука дали во таа ситуација сестрата треба да носи покривало на главата или не.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели