ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/8 стр. 10-14
  • „Јас ви дадов пример“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Јас ви дадов пример“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Трајна љубов кон божествените вистини
  • Љубов кон вистините за кои поучувал
  • Исус ги љубел луѓето што ги поучувал
  • Спремност да им служи на луѓето
  • Следи го примерот на Исус — поучувај со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали ќе одговориш на Исусовата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Исус Христос — најголемиот Мисионер
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • „Појди по мене!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/8 стр. 10-14

„Јас ви дадов пример“

„Со оглед на времето требаше да бидете учители“ (ЕВРЕИТЕ 5:12).

1. Зошто би било нормално еден христијанин да биде малку загрижен од зборовите во Евреите 5:12?

ДОДЕКА ги читаш инспирираните зборови од стихот за нашата тема, дали си малку загрижен за себе? Ако да, не си единствениот. Како следбеници на Христос, знаеме дека мораме да бидеме учители (Матеј 28:19, 20). Знаеме дека поради времињата во кои живееме е итно да поучуваме најдобро што можеме. А знаеме и дека нашето поучување може да значи дури и живот или смрт за оние што ги поучуваме! (1. Тимотеј 4:16). Затоа е логично да се прашаме: ‚Дали сум јас учител каков што би требало да бидам? Како можам да се подобрам?‘

2, 3. а) Како еден учител го објаснил темелот за доброто поучување? б) Каков пример ни дал Исус во врска со поучувањето?

2 Таквата загриженост не треба да нѐ обесхрабри. Ако мислиме дека поучувањето се состои само од некои простудирани техники, би можеле да се чувствуваме совладани од помислата да правиме подобрувања. Но, темелот за доброто поучување не се состои од техника туку од нешто што е многу поважно. Забележи што напишал некој искусен учител во една книга на таа тема: „Доброто поучување не зависи од некои конкретни техники или стилови, планови или постапки . . . Поучувањето е првенствено работа на љубов“. Се разбира, тоа било гледиште на еден световен учител. Сепак, она што тој го кажал може во уште поголема мера да важи за поучувањето што го вршиме ние како христијани. Како?

3 Наш пример на учител не е никој друг освен Исус Христос, кој им рекол на своите следбеници: „Јас ви дадов пример“ (Јован 13:15). Тој укажувал на својот пример во покажувањето понизност, но примерот што ни го дал Исус секако го вклучува и главното дело што го извршувал како човек на Земјата — да ги поучува луѓето за добрата вест за Божјето Царство (Лука 4:43). Значи, ако мораш да избереш само еден збор за да ја опишеш Исусовата служба, веројатно би го избрал зборот „љубов“, зарем не? (Колошаните 1:15; 1. Јованово 4:8). Љубовта на Исус кон својот небесен Татко, Јехова, била најважното нешто (Јован 14:31). Но, како учител, Исус покажал љубов уште на два начина. Тој ги љубел вистините за кои поучувал, и ги љубел луѓето што ги поучувал. Да се сосредоточиме поблизу на овие два аспекта од примерот што ни го дал тој.

Трајна љубов кон божествените вистини

4. Како Исус развил љубов кон Јеховините учења?

4 Ставот на учителот кон неговиот предмет има прилично влијание врз квалитетот на неговото поучување. Каква и да било рамнодушност веројатно ќе се покаже и ќе се пренесе и на неговите ученици. Исус не чувствувал апатија кон скапоцените вистини за кои поучувал, вистини во врска со Јехова и со Неговото Царство. Исус имал многу длабока љубов кон овој предмет. Тој ја развил таа љубов како ученик. Низ долгите векови на своето претчовечко постоење, единородниот Син бил страстен ученик. Во Исаија 50:4, 5 се запишани овие соодветни зборови: „Господ Господ ми даде вешт јазик за да знам да ги закрепнувам уморните со зборови. Секое утро Тој ми го буди увото за да го чујам како учениците [поучените, NW]. Господ Бог ми ги отвори ушите: не се противев, ниту се повлекував“.

5, 6. а) Какво искуство изгледа доживеал Исус при своето крштавање, и со каков ефект врз него? б) Каков контраст гледаме меѓу Исус и Сатана во врска со користењето на Божјата реч?

5 Додека растел како човек на Земјата, Исус продолжил да ја љуби божествената мудрост (Лука 2:52). Потоа, во времето на своето крштавање, тој доживеал едно посебно искуство. „Се отвори небото“, се вели во Лука 3:21. Изгледа дека во таа прилика Исус можел да се сети на своето претчовечко постоење. Потоа поминал 40 дена постејќи во пустелијата. Сигурно многу уживал во тоа да медитира за многуте прилики на небото кога добивал поука од Јехова. Но, набрзо неговата љубов кон Божјите вистини била ставена на испит.

6 Кога Исус бил исцрпен и гладен, Сатана се обидел да го искуша. Каков контраст гледаме меѓу овие два Божји сина! И двајцата цитирале од Хебрејските списи — но со сосема поинаков дух. Сатана ја извртувал Божјата реч, користејќи ја без почит за свои сопствени себични цели. Всушност, тој бунтовник не чувствувал ништо друго освен презир кон божествените вистини. Од друга страна, пак, Исус го цитирал Писмото со очигледна љубов, внимателно користејќи ја Божјата реч во секој одговор. Исус постоел долго време пред да бидат првпат запишани тие инспирирани зборови, но сепак длабоко ги почитувал. Тие биле скапоцени вистини од неговиот небесен Татко! На Сатана му рекол дека тие зборови од Јехова се многу поважни и од храната (Матеј 4:1—11). Да, Исус ги љубел сите вистини за кои го поучил Јехова. Но, на кој начин ја покажал таа љубов како учител?

Љубов кон вистините за кои поучувал

7. Зошто Исус се воздржувал од тоа да измислува свои сопствени учења?

7 Исусовата љубов кон вистините за кои поучувал била секогаш видлива. Впрочем, тој лесно можел да развие свои сопствени идеи. Поседувал огромна ризница на спознание и мудрост (Колошаните 2:3). Сепак, тој секогаш одново ги потсетувал своите слушатели дека сето она за кое поучувал не потекнувало од него, туку од неговиот небесен Татко (Јован 7:16; 8:28; 12:49; 14:10). Премногу ги љубел божествените вистини за да ги замени со сопствено размислување.

8. Како, во почетокот на својата служба, Исус дал пример за потпирање на Божјата реч?

8 Кога започнал со својата јавна служба, Исус веднаш дал пример. Разгледај го начинот на кој тој првпат изјавил пред Божјиот народ дека е ветениот Месија. Дали само се појавил пред мноштвата, објавил дека е Христос и, потоа, извршил спектакуларни чуда за да го докаже тоа? Не. Отишол во една синагога, каде што Божјиот народ по обичај го читал Писмото. Таму го прочитал наглас пророштвото од Исаија 61:1, 2 и објаснил дека овие пророчки вистини се однесувале на него (Лука 4:16—22). Многуте чуда што ги направил помогнале да се утврди дека тој ја има Јеховината поддршка. Сепак, во своето поучување секогаш се потпирал на Божјата реч.

9. Како, во своите постапки со фарисеите, Исус ја покажал својата лојална љубов кон Божјата реч?

9 Кога религиозните противници го предизвикувале, Исус не се впуштал во некакво надмудрување со нив, иако лесно можел да ги победи во еден таков дуел. Наместо тоа, оставил Божјата реч да ги побие. Сети се, на пример, на приликата кога фарисеите ги обвиниле Исусовите следбеници дека го прекршиле сабатниот закон со тоа што кинеле класје во полето и патем јаделе од нив. Исус одговорил: „Зарем не сте читале што стори Давид кога огладнеа тој и луѓето кои беа со него?“ (Матеј 12:1—5). Се разбира, тие самоправедни мажи веројатно го имале читано тој инспириран извештај запишан во 1. Самоил 21:1—6. Ако било така, тогаш пропуштиле да сфатат една важна поука што се наоѓала во него. Меѓутоа, Исус сторил повеќе отколку само да го прочита тој извештај. Тој размислувал за него и ја зел при срце неговата порака. Ги љубел начелата за кои поучувал Јехова преку тој текст. Затоа го употребил тој извештај, како и еден пример од Мојсеевиот закон, за да го открие урамнотежениот дух на Законот. На сличен начин, лојалната љубов го поттикнала Исус да ја брани Божјата реч од обидите на верските водачи да ја извртат за свои сопствени цели или да ја закопаат во мочуриштето од човечки традиции.

10. На кој начин Исус ги исполнил пророштвата во врска со квалитетот на своето поучување?

10 Љубовта на Исус кон својот предмет никогаш не му дозволила да поучува чисто рутински, на здодевен или на механички начин. Инспирираните пророштва укажувале дека Месијата ќе зборува со ‚милина на усните‘, и дека ќе користи „убави зборови“ (Псалм 45:2; Битие 49:21). Исус ги исполнил тие пророштва така што пораката секогаш му била свежа и жива, и користел ‚привлечни зборови‘ додека поучувал за вистините што толку многу ги љубел (Лука 4:22). Без никакво сомнение, неговата одушевеност ги оживувала цртите на неговото лице, а очите му светеле со жив интерес за темата. Колкаво само задоволство мора да било да се слуша Исус, и каков само убав пример за следење е тоа за нас кога разговараме со другите за она што сме го научиле!

11. Зошто Исусовите способности како учител никогаш не предизвикале тој да стане надуен од гордост?

11 Дали Исусовото неизмерно разбирање на божествените вистини и неговите привлечни зборови довеле до тоа тој да се надуе од гордост? Тоа често се случува со човечките учители. Но, сети се, Исус бил мудар на побожен начин. Таквата мудрост не дозволува вообразеност, зашто „мудроста е со скромните“ (Пословици 11:2, NW). Имало и нешто друго што не дозволувало Исус да стане горд ниту вообразен.

Исус ги љубел луѓето што ги поучувал

12. Како покажал Исус дека не сакал неговите следбеници да се плашат од него?

12 Исусовата длабока љубов кон луѓето секогаш се гледала во неговото поучување. За разлика од поучувањето на горделивите луѓе, неговото поучување никогаш не ги заплашувало луѓето (Проповедник 8:9). Откако Петар бил сведок на едно Исусово чудо, обземен од чудење, паднал пред Исусовите колена. Но, Исус не сакал неговите следбеници да имаат морбиден страв од него. Љубезно рекол: „Немој да се плашиш“, и потоа му кажал на Петар за возбудливото дело на правење ученици во кое ќе учествува и тој (Лука 5:8—10). Исус сакал неговите ученици да бидат мотивирани од нивната љубов кон скапоцените вистини во врска со Бог, а не од страв од нивниот учител.

13, 14. На кои начини Исус покажал соживување кон луѓето?

13 Исусовата љубов кон луѓето што ги поучувал се гледала и од неговото соживување кон нив. „Штом ги здогледа мноштвата, се сожали на нив бидејќи беа одрани и расеани како овци без пастир“ (Матеј 9:36). Тој имал сочувство кон нив поради нивната бедна состојба и бил поттикнат да им помогне.

14 Забележи го Исусовото соживување и во една друга прилика. Кога една жена што страдала од крвавење му пристапила во едно мноштво и ги допрела ресите од неговата облека, била излекувана со чудо. Исус почувствувал како од него излегува сила, но не видел кој бил излекуван. Инсистирал да се пронајде жената. Зошто? Не за да ја искара затоа што го прекршила Законот или правилата на книжниците и фарисеите, од што можеби се плашела таа. Наместо тоа, тој ѝ рекол: „Ќерко, твојата вера те оздраве. Оди си во мир и биди здрава од својата мачна болест“ (Марко 5:25—34). Забележи го соживувањето во овие зборови. Тој не рекол само: „Биди излекувана“. Наместо тоа, рекол: „Биди здрава од својата мачна болест“. Овде Марко користи еден збор што буквално може да значи „камшикување“, вид бичување што често се користело за мачење. Значи, Исус признал дека нејзината болест била причина за нејзиното страдање, можеби некоја тешка физичка и емоционална болка. Тој сочувствувал со неа.

15, 16. Кои настани од Исусовата служба покажуваат дека тој го барал доброто кај луѓето?

15 Исто така, Исус покажал љубов кон луѓето со тоа што го барал доброто кај нив. Размисли што се случило кога го сретнал Натанаел, кој подоцна станал апостол. „Исус го виде Натанаел како доаѓа кај него и рече за него: ‚Еве, вистински Израелец, во кого нема измама‘“. Исус преку чудо погледнал во срцето на Натанаел, и така дознал многу за него. Се разбира, Натанаел бил далеку од совршен. Си имал свои маани, како и сите ние. Всушност, кога чул за Исус, тој дал една малку груба забелешка: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ (Јован 1:45—51). Меѓутоа, од сите работи што би можеле да се кажат за Натанаел, Исус избрал да се сосредоточи на нешто позитивно, на чесноста на тој човек.

16 На сличен начин, кога некој воен офицер — можеби не-Евреин, Римјанин — му пристапил на Исус и го замолил да му излекува еден болен роб, Исус знаел дека војникот си имал маани. Веројатно минатото на еден воен офицер од тоа време било исполнето со многу дела на насилство, крвопролевање и лажно обожавање. Сепак, Исус се сосредоточил на нешто добро — на извонредната вера на тој човек (Матеј 8:5—13). Подоцна, кога Исус разговарал со злосторникот што висел на маченичкиот столб до него, Исус не го укорил човекот за неговото криминално минато, туку го охрабрил со надеж за иднината (Лука 23:43). Исус добро знаел дека негативното, критизерско гледиште кон другите само ќе ги обесхрабри. Несомнено, неговите напори да го најде доброто кај другите охрабриле многумина уште повеќе да се подобрат.

Спремност да им служи на луѓето

17, 18. Прифаќајќи ја задачата да дојде на Земјата, како покажал Исус спремност да им служи на другите?

17 Еден друг силен доказ за Исусовата љубов кон луѓето што ги поучувал била неговата спремност да им служи. Во својот претчовечки живот, Божјиот Син секогаш имал наклоност кон човештвото (Пословици 8:30, 31). Како Јеховина ‚Реч‘, односно говорник, тој можеби многупати имал работа со луѓето (Јован 1:1). Меѓутоа, делумно за уште подиректно да го поучува човештвото, тој ‚се одрекол од себеси и зел облик на роб‘, напуштајќи ја својата возвишена положба на небото (Филипјаните 2:7; 2. Коринќаните 8:9). Додека бил на Земјата, Исус не очекувал да биде послужуван и да му служат. Напротив, тој рекол: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи и да ја даде својата душа како откупнина во замена за мнозина“ (Матеј 20:28). Исус во целост ги исполнил овие зборови.

18 Исус понизно им служел на потребите на оние што ги поучувал, спремно трошејќи се во нивна корист. Тој пеш ја пропатувал Ветената земја, пешачејќи стотици километри на проповедничките патувања во обид да достигне колку што е можно повеќе луѓе. За разлика од горделивите фарисеи и книжници, тој останал понизен и пристаплив. Секакви луѓе — достоинственици, војници, правници, жени, деца, сиромашни, болни, па дури и отфрлените од општеството — му пристапувале желно, без да се плашат. Иако совршен, Исус бил човек, подложен на исцрпеност и глад. Меѓутоа, дури и кога бил уморен или имал потреба од одмор или од мир за да се моли, тој ги ставал потребите на другите пред сопствените (Марко 1:35—39).

19. На кој начин Исус дал пример со тоа што постапувал понизно, стрпливо и љубезно со своите ученици?

19 Исус бил подеднакво спремен да им служи и на своите ученици. Тоа го правел така што љубезно и стрпливо ги поучувал. Кога бавно сфаќале некои многу важни поуки, тој не се откажувал, не се разлутувал ниту, пак, ги карал. И понатаму наоѓал нови начини за да ја сфатат неговата поента. На пример, помисли само колку често учениците се расправале за тоа кој од нив е најголем. Исус секогаш одново, па дури и ноќта пред да биде погубен, наоѓал нови начини да ги поучи да постапуваат понизно еден со друг. Во поглед на понизноста, како и во сите други работи, Исус со право можел да рече: „Јас ви дадов пример“ (Јован 13:5—15; Матеј 20:25; Марко 9:34—37).

20. Која метода на поучување го издвојувала Исус од фарисеите, и зошто таа метода била делотворна?

20 Забележи дека Исус не само што им кажувал на учениците во што бил примерот, туку тој им ‚дал пример‘. Ги поучувал со пример. Не им зборувал од високо, како да сметал дека е под неговото достоинство да ги извршува работите што им ги кажувал. Тоа бил начинот на фарисеите. „Тие зборуваат, а не прават“, рекол Исус за нив (Матеј 23:3). Исус понизно им покажал на своите ученици што точно значат неговите учења така што живеел според нив, ги спроведувал во пракса. Затоа, кога ги поттикнал своите следбеници да водат едноставен живот, неоптоварен со материјализам, тие не морале да претпоставуваат што сакал да каже со тоа. Можеле да ја видат вистинитоста на неговите зборови: „Лисиците имаат дувла и птиците небесни имаат гнезда, а Синот човечки нема каде глава да положи“ (Матеј 8:20). Исус им служел на своите ученици така што понизно им дал пример.

21. Што ќе биде разгледано во следната статија?

21 Нема сомнение, Исус бил најголемиот Учител што некогаш живеел на Земјата! Неговата љубов кон она за кое поучувал и неговата љубов кон луѓето што ги поучувал им била очигледна на сите луѓе со искрени срца што го виделе и чуле. Таа ни е исто толку очигледна и нам денес, кои го проучуваме примерот што ни го дал тој. Но, како можеме да го следиме Христовиот совршен пример? Со тоа прашање ќе се занимава следната статија.

Како би одговорил?

• Што е темелот за доброто поучување, и кој го покажал тоа?

• На кои начини Исус покажал љубов кон вистините за кои поучувал?

• Како Исус покажал љубов кон луѓето што ги поучувал?

• Кои примери ја покажуваат Исусовата понизна спремност да им служи на оние што ги поучувал?

[Слика на страница 12]

Како Исус покажал дека ги љуби начелата што се наоѓаат во Божјата реч?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели