ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/8 стр. 29
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Јога — само вежби или нешто повеќе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали твоето поучување е делотворно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Кој е виновен — ти или твоите гени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Избрани стихови од книгата Езра
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/8 стр. 29

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

• Што е соживување, и зошто треба христијаните да го негуваат?

Тоа е способност некој да се стави во кожата на другиот, да ја чувствува болката на другиот во своето срце. На христијаните им е даден совет да покажуваат ‚сочувство, братска наклоност и сочувствителност‘ (1. Петрово 3:8). Јехова ни оставил пример што треба да го следиме во покажувањето соживување (Псалм 103:14; Захарија 2:8). Можеме да ја изостриме својата осетливост во овој поглед со слушање, со набљудување и со имагинација (15.4., страници 24—26).

• Зошто, за да се постигне вистинска среќа, пред конечното отстранување на физичките инвалидности мора најпрвин да дојде духовно лекување?

Многумина физички здрави луѓе се несреќни, преплавени од проблеми. Од друга страна, пак, многумина што денес се физички инвалиди се многу среќни служејќи му на Јехова. Оние што извлекуваат корист од духовното лекување ќе имаат можност да го доживеат отстранувањето на физичките инвалидности во новиот свет (1.5., страници 6, 7).

• Зошто Евреите 12:16 го става Исав во иста категорија со блудниците?

Библискиот извештај покажува дека Исав покажал умствен став што бил сосредоточен на моменталните награди и покажал презир кон светите работи. Ако некој денес дозволи да развие таков умствен став, тоа може да доведе до сериозен грев, како што е блуд (1.5., страници 10, 11).

• Кој бил Тертулијан, и по што е познат?

Тој бил писател и теолог кој живеел во вториот и третиот век н.е. Познат е по тоа што создал голем број литеретурни дела во одбрана на номиналното христијанство. Додека ја изнесувал својата одбрана, вовел идеи и филозофски пристапи што го положиле темелот за доктринално загадување, како што е тројството (15.5., страници 29—31).

• Зошто генетиката не е потполно одговорна за човечките болести, однесување и смрт?

Научниците заклучиле дека наводно има генетска причина за различните човечки болести, а некои веруваат дека однесувањето е одредено од нашите гени. Сепак, Библијата дава увид во потеклото на човекот, вклучувајќи го и тоа како гревот и несовршеноста почнале да го измачуваат човештвото. Иако можеби гените играат улога во обликувањето на личностите, нашата несовршеност и нашата средина, исто така, имаат огромно влијание (1.6., страници 9—11).

• На кој начин папирусниот пергамент пронајден во Оксиринхус, Египет, фрла светлина врз употребата на Божјето име?

Овој пергамент од Јов 42:11, 12 од грчката Септуагинта го содржи Тетраграматонот (четирите хебрејски букви на Божјето име). Ова е додатен доказ дека Божјето име на хебрејски се појавувало во Септуагинтата, честопати цитирана од писателите на Христијанските грчки списи (1.6., 30. страница).

• Со кои современи спортови се споредени насилните и смртоносни гладијаторски настани во Римската Империја?

Една неодамнешна изложба во Колосеумот во Рим, Италија, потсетила на современите паралели, кои вклучуваат видеоисечоци од борби со бикови, професионален бокс, од автомобилски и мотоциклистички трки и тепачки на гледачи на други современи спортски настани. Раните христијани го зеле при срце тоа што Јехова не го сака насилството ниту насилните, а не треба да го сакаат ни христијаните денес (Псалм 11:5; 15.6., 29. страница).

• Што можеме да научиме од примерот на Езра додека се трудиме да бидеме делотворни учители?

Езра 7:10 [NW] нагласува четири работи што Езра ги направил, работи што можеме да се стремиме да ги имитираме. Таму вели: „Самиот Езра 1) го подготвил своето срце 2) да се советува со законот Јеховин, 3) да го извршува и 4) да поучува во Израел за пропис и правда“ (1.7., 20. страница).

• На кои две подрачја на активност е соодветно една христијанка да носи покривало за главата?

Едно е во ситуации што се појавуваат во семејниот круг. Носењето покривало за главата одразува признание дека нејзиниот сопруг е одговорен да преземе водство во молитва и во библиските упатства. Другото подрачје е во собраниските активности, каде што покажува признание дека крстените мажи имаат авторитет од Писмото да поучуваат и да даваат упатства (1. Коринќаните 11:3—10; 15.7., страници 26, 27).

• Зошто христијаните признаваат дека јогата вклучува повеќе отколку само вежби и дека е опасна?

Целта на јогата како дисциплина е да го доведе лицето до соединување со некој натчовечки дух. Спротивно на Божјето упатство, јогата вклучува да се сопре спонтаното размислување (Римјаните 12:1, 2). Јогата може да го изложи лицето на опасност од спиритизам и окултизам (Второзаконие 18:10, 11; 1.8., страници 20—22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели