ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/10 стр. 2-4
  • Утеха во време на криза

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Утеха во време на криза
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како гледа Бог на злобата
  • Каде лежи одговорноста?
  • Бог ‚ги полни нашите срца со храна и веселост‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Некој навистина се грижи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Божјата намера наскоро ќе се оствари
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Утеха во точното спознание за Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/10 стр. 2-4

Утеха во време на криза

ВЕСТИТЕ овие денови тешко дека се утешителни. Еден човек напишал: „Актуелните настани се толку мрачни што честопати не можеме да одлучиме дали се осмелуваме да ги гледаме вестите во шест или не“. Светот е преплавен со војни, дела на терор, страдање, криминал и болести — зла што можат наскоро да нѐ погодат директно и нас, ако веќе не нѐ погодиле.

Библијата точно ја претскажува оваа состојба. Опишувајќи го нашето време, Исус рекол дека ќе има големи војни, чуми, недостиг на храна и земјотреси (Лука 21:10, 11). На сличен начин, апостол Павле пишувал за „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“, кога луѓето ќе бидат свирепи, љубители на пари и без љубов кон доброта. Тој период го нарекол „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1—5).

Оттука гледаме дека кога ги опишуваат светските состојби, вестите имаат некаква сличност со она што го претскажала Библијата. Но, тука сличноста завршува. Библијата дава изглед каков што вестите не даваат. Преку Божјата инспирирана реч можеме да сфатиме не само зошто има толку многу зло туку и каква ќе биде иднината.

Како гледа Бог на злобата

Библијата објаснува како гледа Бог на мачните услови во нашево време. Иако ги предвидел денешните проблеми, тој ниту ги одобрува ниту има намера бескрајно да ги трпи. „Бог е љубов“, напишал апостол Јован (1. Јованово 4:8). Јехова е длабоко заинтересиран за луѓето и ја мрази сета злоба. Сосема е на место да му се обратиме на Бог за утеха, зашто тој е добар и сочувствителен и има моќ и волја да го отстрани злото од Земјата. Псалмистот напишал: „[Божјиот наименуван небесен Цар] ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник; ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот: Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи“ (Псалм 72:12—14).

Дали ти е жал за оние што страдаат? Веројатно да. Сочувството е особина што Јехова ја всадил во нас, зашто сме создадени според неговиот лик (Битие 1:26, 7). Затоа, можеме да бидеме уверени дека Јехова не е нечувствителен на човечкото страдање. Исус, кој го познавал Јехова подобро од кој и да било друг, поучувал дека Јехова е длабоко заинтересиран за нас и дека е полн со нежно сочувство (Матеј 10:29, 31).

Самото творештво сведочи за тоа дека Бог се грижи за човештвото. Исус рекол дека Бог „дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд над праведните и над неправедните“ (Матеј 5:45). На луѓето во градот Листра, апостол Павле им рекол: „[Бог] не се остави без сведоштво, правејќи добро, давајќи ви дождови од небото и плодни раздобја, полнејќи ги до ситост вашите срца со храна и веселост“ (Дела 14:17).

Каде лежи одговорноста?

Вредно е да се забележи и тоа дека Павле, исто така, им рекол на луѓето во Листра: „Во минатите генерации [Бог] дозволи сите нации да одат по своите патишта“. Според тоа, сите нации — или самите луѓе — се во голема мера одговорни за повеќето неприлики во кои запаѓаат. Вината не е во Бог (Дела 14:16).

Зошто Јехова дозволува да се случуваат лоши работи? Дали некогаш ќе стори нешто во врска со тоа? Одговорот на овие прашања може да се најде само во Божјата реч. Тоа е така затоа што одговорот е тесно поврзан со една друга духовна личност и со едно спорно прашање што го покренала таа во невидливото духовно подрачје.

[Слики на страница 4]

Луѓето имаат сочувство. Зарем Бог е помалку сочувствителен за страдањето на луѓето?

[Извори на слики на страница 2]

НАСЛОВНА СТРАНА: Тенк: UN PHOTO 158181/J. Isaac; земјотрес: San Hong R⁠-​C Picture Company

[Извор на слика на страница 3]

Горе лево, Хрватска: Фотографија на UN 159208/С. Вајтхаус; дете што гладува: Фотографија на UN 146150 на О. МОНСЕН

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели