ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/1 стр. 21
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Древна заклетва со современо значење
    Разбудете се! 2004
  • Дали си ги одржуваш ветувањата?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Извлечи корист од Божјите ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/1 стр. 21

Прашања од читателите

Дали е библиски прифатливо кога еден христијанин е на суд да ја стави раката на Библијата и да се заколне дека ќе ја каже целата вистина?

Секој мора да донесе лична одлука во врска со ова (Галатите 6:5). Меѓутоа, нема никаков библиски приговор ако некој на суд се заколне дека ќе ја каже вистината.

Давањето заклетва е раширена практика од одамна. Во древни времиња, на пример, Грците ја подигале раката кон небото или го допирале олтарот додека давале заклетва. Кога еден римски поротник давал заклетва, држел в рака камен и се заколнувал: „Ако свесно излажам, додека [богот] Јупитер го спасува градот и тврдината, нека отфрли од мене сѐ што е добро, како што јас го отфрлам овој камен (Cyclopedia of Biblical, Theological, and Ecclesiastical Literature од Џон Меклинток и Џејмс Стронг, том VII, 260. страница).

Таквите чинови укажувале на човечката склоност да го признае постоењето на божествена сила која е способна да ги набљудува луѓето и пред која се одговорни. Вистинските обожаватели на Јехова уште од древни времиња сфатиле дека тој знае што велат и што прават (Пословици 5:21; 15:3). Тие, така да се каже, давале заклетви во присуство на Бог, или со него како сведок. На пример, тоа го сториле Воз, Давид, Соломон и Седекија (Рута 3:13; 2. Самоил 3:35; 1. Цареви 2:23, 24; Еремија 38:16). Обожавателите на вистинскиот Бог, исто така, дозволувале и други да побараат од нив да им се заколнат. Тоа било случај со Авраам и со Исус Христос (Битие 21:22—24; Матеј 26:63, 64).

Лице што давало заклетва пред Јехова понекогаш правело и еден придружен гест. Аврам (Авраам) му рекол на царот на Содом: „Ја кревам раката пред Сѐвишниот Господ, Создателот на небото и земјата“ (Битие 14:22). Еден ангел што зборувал со пророкот Даниел ‚ги подигнал кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот‘ (Даниел 12:7). Дури и за Бог се зборува како симболично да ја крева својата рака во заклетва (Второзаконие 32:40; Исаија 62:8).

Нема никаков библиски приговор на давањето заклетва. Меѓутоа, еден христијанин не треба да даде заклетва за да ја поткрепи секоја своја изјава. Исус рекол: „Вашиот збор Да нека значи да, вашето Не, не“ (Матеј 5:33—37). Ученикот Јаков дал слична изјава. Кога рекол „престанете да се колнете“, предупредил на лекомисленото давање заклетва (Јаков 5:12). Ниту Исус ниту Јаков не рекле дека е погрешно да се даде заклетва за да се каже вистината на суд.

Што ако од еден христијанин на суд е побарано да се заколне дека неговото сведочење е вистина? Можеби тој ќе смета дека може да даде таква заклетва. Како алтернатива, може да му биде дозволено да даде потврда дека не лаже (Галатите 1:20).

Кога при некоја судска парница треба раката да се подигне или да се положи на Библијата, можеби некој христијанин ќе избере да го направи тоа. Можеби ќе ги има ум библиските примери кога заклетвата била придружена со некој гест. Кога еден христијанин дава заклетва поважно отколку да направи некој конкретен гест е да запомни дека се колне пред Бог дека ќе ја кажува вистината. Таквата заклетва е сериозна работа. Ако еден христијанин смета дека тој може и треба да одговори на некое прашање што му е поставено во такви околности, тогаш треба да има на ум дека е под заклетва да ја каже вистината, а еден христијанин, се разбира, сака секогаш да ја кажува вистината.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели