ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/8 стр. 29-31
  • Да се научи уметноста на тактичноста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се научи уметноста на тактичноста
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е тактичност?
  • Да се разберат чувствата на другите
  • Покажи дека разбираш
  • Процени што да премолчиш
  • Говор што лекува
  • Тактично, а сепак цврсто
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Поука за милосрдноста
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Поука за простувањето
    Исус — патот, вистината и животот
  • Лакомоста го уништила Гиезиј
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/8 стр. 29-31

Да се научи уметноста на тактичноста

ПЕГИ забележала дека нејзиниот син зборува грубо со своето помало братче. „Мислиш ли дека е убаво да зборуваш така со брат ти?“, прашала таа. „Види колку е вознемирен!“ Зошто го рекла тоа? Таа се обидела да го научи својот син на уметноста да постапува тактично и да покажува обѕир кон чувствата на другите.

Апостол Павле го охрабрил својот помлад пријател Тимотеј да биде „благ [или тактичен] кон сите“. На тој начин Тимотеј не би ги повредил чувствата на другите (2. Тимотеј 2:24). Што е тактичност? Како можеш да се подобриш на ова подрачје? И како можеш да им помогнеш на другите да ја развијат оваа вештина?

Што е тактичност?

Тактичност е способност да се сфати колку е деликатна некоја ситуација и да се направи или каже најсоодветното нешто. Еден тактичен човек може да ги насети чувствата на другите луѓе и може да согледа како ќе влијаат на нив неговите зборови или постапки. Но, тоа не е само вештина; тоа вклучува искрена желба да не ги повредиш другите.

Во библискиот извештај за слугата на Елисеј, Гиезиј, наоѓаме пример за некој што бил нетактичен. Една Сунамка, на која тукушто ѝ умрел синот на раце, дошла да го види Елисеј барајќи утеха. Кога ја прашале дали е сѐ во ред, таа рекла: „Здрави сме“. Но, кога му пришла на пророкот, ‚Гиезиј пристапил да ја оттргне‘. Елисеј, од друга страна, рекол: „Остави ја, зашто душата ѝ е јадосана“ (2. Цареви 4:17—20, 25—27).

Како можел Гиезиј да постапи толку непромислено и нетактично? Точно, жената не кажала како се чувствува кога ја прашале. Но, впрочем, повеќето луѓе не ги откриваат своите чувства на кого и да било. Сепак, на некој начин сигурно можело да се види како се чувствувала. Изгледа Елисеј ги сфатил нејзините чувства, но Гиезиј или не ги сфатил или ги игнорирал. Ова добро илустрира една вообичаена причина за нетактично однесување. Кога некој е премногу загрижен за важноста на неговата работа, може лесно да пропушти да ги сфати или да покаже обѕир за потребите на оние со коишто соработува. Тој наликува на еден возач на автобус, кој толку е загрижен за тоа да стигне на време што не застанува на станиците за да ги земе патниците.

За да избегнеме да бидеме нетактични како Гиезиј, треба да се трудиме да бидеме љубезни со луѓето, зашто не знаеме како навистина се чувствуваат. Секогаш треба да внимаваме на знаците што ги откриваат чувствата на едно лице и да возвратиме со љубезен збор или постапка. Како можеш да ја подобриш својата вештина во овој поглед?

Да се разберат чувствата на другите

Исус се издвојувал по способноста да ги забележи чувствата на луѓето и да просуди како на најдобар начин да постапи со нив љубезно. Еднаш јадел во куќата на Симон, фарисеј, кога му пристапила една жена, ‚која во градот била позната како грешница‘. Повторно, не бил изговорен ниеден збор, но многу можело да се забележи. „Донесе еден сад од алабастер со мирисливо масло, и сместувајќи се одзади кај неговите [Исусовите] нозе, таа плачеше и почна да му ги натопува нозете со солзи и да му ги брише со косата од својата глава. Исто така, нежно му ги бакнуваше нозете и му ги мачкаше со мирисливото масло“. Исус сфатил што значело сето тоа. И, иако Симон не рекол ништо, Исус можел да увиди дека во себе си велел: „Да беше овој човек пророк, би знаел која е и каква е оваа жена која го допира, дека таа е грешница“ (Лука 7:37—39).

Можеш ли да сфатиш каква штета би била направена ако Исус ја оттурнел жената или ако му речел на Симон: „Глупав човеку! Зарем не можеш да видиш дека се кае?“ Наместо тоа, Исус тактично му кажал на Симон една илустрација за еден човек што на некого му простил голем долг, а на друг многу помал. „Кој од нив повеќе ќе го љуби?“, прашал Исус. На тој начин, наместо да изгледа како да го осудува Симон, Исус можел да го пофали за точниот одговор што Симон го дал. Потоа љубезно му помогнал на Симон да ги увиди многуте знаци за вистинските чувства на жената и за нејзините изрази на каење. Исус ѝ се обратил на жената и љубезно ѝ укажал дека ги разбира нејзините чувства. Ѝ кажал дека ѝ се простени гревовите и потоа ѝ рекол: „Твојата вера те спаси; оди си во мир“. Колку само мора овие тактични зборови да ја зајакнале нејзината решеност да го прави она што е исправно! (Лука 7:40—50). Исус успевал да биде тактичен зашто забележувал како се чувствуваат луѓето и реагирал сочувствително.

Како што Исус му помогнал на Симон, така и ние можеме да го научиме и потоа да им помогнеме на другите да го разберат јазикот на емоциите што остануваат неизречени. Искусните министри понекогаш можат да ги научат на оваа вештина оние што се понови во христијанската служба. Откако ќе посетат некого додека ја споделуваат добрата вест, тие можат да ги анализираат знаците што ги покажуваат чувствата на оние што ги посетиле. Дали лицето било плашливо, скептично, нервозно или зафатено? Кој би бил најљубезниот начин да му се помогне? Старешините, исто така, можат да им помогнат на браќата и сестрите што можеби нетактично се навредиле меѓусебно. Помогни му на секој од нив да ги разбере чувствата на другиот. Дали се чувствува навреден, игнориран или погрешно сфатен? Како малку љубезност може да направи да се чувствува подобро?

Родителите треба да им помогнат на своите деца да негуваат сочувство зашто тоа ќе ги поттикне да постапуваат тактично. Синот на Пеги што беше спомнат на почетокот, го забележал зацрвенетото лице, стиснатите усни и насолзените очи на својот брат и ја сфатил болката што брат му ја чувствувал. Токму како што се надевала мајка му, зажалил за тоа што го направил и решил да се промени. И двата сина на Пеги добро ги искористиле вештините што ги научиле во детството и со години подоцна станале продуктивни лица што прават ученици и старешини во христијанското собрание.

Покажи дека разбираш

Тактичноста е особено важна кога имаш некаква замерка против некого. Можеш толку лесно да му го повредиш достоинството. Прикладно е прво да го пофалиш за нешто конкретно. Наместо да го критикуваш, концентрирај се на проблемот. Објасни како влијаат на тебе неговите постапки и што точно би сакал да се промени. Потоа биди спремен да слушаш. Можеби погрешно си го разбрал.

Луѓето сакаат да почувствуваат дека го разбираш нивното гледиште дури и кога не се согласуваш со тоа. Исус зборувал со тактичност, покажувајќи дека ја разбрал маката на Марта. Тој рекол: „Марта, Марта, тегобно се грижиш и се вознемируваш за многу работи“ (Лука 10:41). На сличен начин, кога некој зборува за некој проблем, наместо да му понудиш решение пред да чуеш што е работата, тактичен начин да покажеш дека разбираш е да го повториш проблемот или замерката со свои зборови. Тоа е љубезен начин да покажеш дека разбираш.

Процени што да премолчиш

Кога царицата Естира сакала да го замоли својот сопруг да го отповика заговорот на Аман да ги уништи Евреите, таа тактично ги средила работите за нејзиниот сопруг да биде добро расположен. Дури тогаш ја почнала таа деликатна тема. Но, поучно е да забележиме и што премолчила. Таа тактично избегнала да спомне дека и нејзиниот сопруг е делумно одговорен за тој злобен план (Естира 5:1—8; 7:1, 2; 8:5).

На сличен начин, кога ќе го посетиш сопругот на некоја христијанска сестра, кој не е верник, наместо веднаш да му ја извадиш Библијата, зошто не почнеш така што тактично ќе се распрашаш што го интересира? Кога во Салата на Царството ќе дојде некој непознат што е облечен неформално или некој што се вратил по долго отсуство, наместо да коментираш за неговата облека или отсуство изрази му срдечно добредојде. А, кога ќе забележиш дека некое новозаинтересирано лице има некое погрешно гледиште, можеби е најдобро да не го исправаш веднаш (Јован 16:12). Тактичноста вклучува и љубезно да увидиш што да премолчиш.

Говор што лекува

Тоа што ќе ја научиш вештината на тактичен говор, ќе ти помогне да имаш добри односи со другите, дури и кога некој погрешно ги разбрал твоите мотиви и е огорчен и лут. На пример, кога луѓето од Ефрем ‚му приговориле жестоко‘ на Гедеон, неговиот тактичен одговор вклучувал и јасно објаснување за она што навистина се случило и искрена пофалба за она што го постигнале луѓето од Ефрем. Ова било тактично зашто тој увидел зошто се вознемирени и неговата скромност направила да се чувствуваат подобро (Судии 8:1—3; Пословици 16:24).

Секогаш труди се да размислиш како ќе влијаат твоите зборови врз другите луѓе. Тоа што ќе вложуваш напор да бидеш тактичен ќе ти помогне да ја доживееш радоста опишана во Пословици 15:23: „Човекот се радува на одговорот на својата уста, и зборот во право време колку е добар!“

[Слика на страница 31]

Родителите можат да ги научат своите деца да имаат чувства кон другите

[Слика на страница 31]

Искустните христијански министри можат да ги научат поновите да бидат тактични

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели