ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/11 стр. 26-30
  • Развивај дух на давање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Развивај дух на давање
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Примери на христијанско давање
  • Великодушната поддршка на Давид на вистинското обожавање
  • Јехова — најголемиот дарител
  • Покажување благодарност кон Јехова
  • Весело давање од сѐ срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Му служиме на Бог „со едно срце и со една душа“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали даваш великодушно и со радост?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Јеховиниот благослов збогатува“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/11 стр. 26-30

Развивај дух на давање

НИКОЈ не се раѓа со дух на давање. Природната склоност на едно доенче е да ги задоволи сопствените желби и потреби, без да биде свесно за интересите дури и на оние што се грижат за него. Меѓутоа, со текот на времето детето учи дека светот не се врти околу него. Мора да помисли и на другите и мора да научи не само да зема туку и да дава и да дели. Духот на давање треба да се развива.

Сите поединци што даваат — дури и великодушно — немаат дух на давање. Некои можеби даваат за некоја добротворна цел за да ги унапредуваат сопствените интереси. Други можеби за да добијат фалба од луѓето. Меѓутоа, давањето што го практикуваат вистинските христијани е поинакво. Тогаш, кои се карактеристиките на давањето на кое охрабрува Божјата реч? Едно кратко разгледување на тоа како давале христијаните од првиот век ќе ни даде одговор на ова прашање.

Примери на христијанско давање

Христијанското давање што е опишано во Библијата главно било ‚делење со другите‘ што имале вистинска потреба (Евреите 13:16; Римјаните 15:26). Тоа не требало да се прави под принуда. Апостол Павле напишал: „Секој нека прави како што решил во своето срце, не безволно ниту под принуда, зашто Бог љуби весел дарител“ (2. Коринќаните 9:7). Давањето исто така не треба да се прави само за да видат другите. Ананија и Сапфира постапиле така и скапо платиле за тоа (Дела 5:1—10).

Најголема потреба за давање се појавила кога многу Евреи и прозелити од далечни места се собрале во Ерусалим за празникот Пентекост во 33 н.е. Токму тука следбениците на Исус се ‚исполниле со свет дух и почнале да зборуваат на различни јазици‘. Големо мноштво се собрало околу нив и го чуло поттикнувачкиот говор на Петар за Исус Христос. Подоцна, луѓето виделе како Петар и Јован излекувале еден сакат човек кај храмската врата, и уште еднаш го чуле Петар како зборува за Исус и за потребата од покајание. Илјадници се покајале и се крстиле како следбеници на Христос (Дела поглавја 2 и 3).

Новите преобратеници сакале да останат во Ерусалим и да добијат повеќе упатства од апостолите на Исус. Но како можеле апостолите да се грижат за потребите на сите тие посетители? Библискиот извештај ни кажува: „Сите оние кои поседуваа ниви или куќи, ги продаваа и ја донесуваа вредноста на продадените работи и ја ставаа пред нозете на апостолите. Потоа секому му се делеше колку што имаше потреба“ (Дела 4:33—35). Новоформираното ерусалимско собрание навистина имало дух на давање.

Подоцна, и други собранија покажале ист таков дух на давање. На пример, македонските христијани, иако и самите биле сиромашни, кога дале прилози за своите сиромашни браќа во Јудеа дале дури и повеќе од своите можности (Римјаните 15:26; 2. Коринќаните 8:1—7). Собранието во Филипи се истакнало со тоа што ја поддржувало службата на Павле (Филипјаните 4:15, 16). И самото собрание во Ерусалим секојдневно дистрибурирало храна до сиромашните вдовици, а апостолите наименувале седум квалификувани мажи да се погрижат да не биде запоставена ниедна сиромашна вдовица (Дела 6:1—6).

Раните христијански собранија брзо реагирале дури и кога само се насетувале тешки времиња. На пример, кога пророкот Агав претскажал дека ќе дојде голем глад, учениците од собранието во Сириска Антиохија ‚секој според своите можности, решиле да им испратат помош на браќата кои живееле во Јудеја‘ (Дела 11:28, 29). Колку убав дух покажале со тоа што предвреме мислеле на потребите на другите!

Што ги терало раните христијани да бидат толку дарежливи и полни со љубов? Всушност, како некој стекнува дух на давање? Можеме многу да научиме ако накратко го разгледаме примерот на цар Давид.

Великодушната поддршка на Давид на вистинското обожавање

Речиси 500 години ковчегот на сојузот — свет ковчег што ја претставувал присутноста на Јехова — немал постојано место. Се чувал во еден шатор, или табернакул, кој се преместувал од едно место на друго додека Израелците лутале низ пустелијата а и потоа во Ветената земја. Цар Давид имал голема желба да го извади ковчегот од шаторот во кој се чувал и да му изгради пригоден дом на Јехова во кој ќе се чува светиот ковчег. Во разговор со пророкот Натан, Давид рекол: „Погледај! Еве, јас живеам во дворец од кедрово дрво, а Ковчегот на Господовиот Завет под завеси“ (1. Летописи 17:1).

Но, Давид бил воин. Затоа Јехова одредил неговиот син Соломон, во текот на едно мирно владеење, да го изгради храмот во кој ќе биде сместен ковчегот на сојузот (1. Летописи 22:7—10). Меѓутоа, ова не го загушило духот на давање што го имал Давид. Тој организирал една работна група и почнал да ги набавува материјалите што би се користеле при изградбата на храмот. Подоцна му рекол на Соломон: „Подготвив за Господовиот Дом сто илјади златни таланти, и илјада илјади сребрени таланти, а бронза и железо без мера, зашто го има толку многу. Подготвив и дрва и камења“ (1. Летописи 22:14). Не задоволувајќи се со тоа, Давид и од своето лично богатство дал злато и сребро чија денешна вредност изнесува повеќе од 1.200.000.000 долари. Освен тоа, и кнезовите дале дарежливо (1. Летописи 29:3—9). Давид секако покажал великодушен дух, дух на давање!

Што го мотивирало Давид да дава толку великодушно? Тој сфатил дека сѐ што стекнал и постигнал било резултат на благословот од Јехова. Во молитва признал: „Господи, Боже наш, сето ова големо богатство што го подготвивме за градење на Дом за Тебе, за Твоето свето Име, од Твојата рака е, и сѐ е Твое! Но знам, о Боже мој, дека Ти ги испитуваш срцата и дека ја љубиш искреноста; јас го принесов сѐ ова доброволно со искрено срце, и со радост го гледав Твојот народ, кој е тука, како Ти принесува доброволно“ (1. Летописи 29:16, 17). Давид го ценел својот однос со Јехова. Тој ја сфатил потребата да му служи на Бог „со сето срце и со драговолна душа“, и нашол радост во тоа (1. Летописи 28:9). Овие исти особини ги поттикнале и раните христијани да покажуваат дух на давање.

Јехова — најголемиот дарител

Јехова е тој во кого наоѓаме најдобар пример за давање. Тој е толку полн со љубов и толку се грижи што „дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд над праведните и над неправедните“ (Матеј 5:45). На целото човештво му дава „живот и здив и сѐ“ (Дела 17:25). Навистина, како што истакнува ученикот Јаков, „секој добар дар и секој совршен подарок е одозгора, зашто доаѓа од Таткото на небесните светла“ (Јаков 1:17).

Најголемиот дар што Јехова ни го дал е тоа што го испратил својот „единороден Син за секој кој практикува вера во него, да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Никој не може да тврди дека заслужува таков дар, „зашто сите згрешија и не ја достигнуваат Божјата слава“ (Римјаните 3:23, 24; 1. Јованово 4:9, 10). Христовата откупнина е темелот и каналот за Божјиот „неопислив бесплатен дар“, т.е. „Божјата ненадминлива незаслужена љубезност“ (2. Коринќаните 9:14, 15). Благодарен за Божјиот дар, Павле го направил ‚давањето темелно сведоштво за добрата вест на Божјата незаслужена љубезност‘ свое животно дело (Дела 20:24). Тој сфатил дека Божја волја е „сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание за вистината“ (1. Тимотеј 2:4).

Денес, ова се исполнува преку големото дело на проповедање и поучување што сега е раширено во 234 земји низ целиот свет. Исус го претскажал ова ширење кога рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целата населена земја за сведоштво на сите нации; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Да, „во сите нации најпрво мора да биде проповедана добрата вест“ (Марко 13:10). Минатата година, повеќе од шест милиони објавители на добрата вест посветија 1.202.381.302 часа во ова дело и водеа преку 5.300.000 библиски студии. Оваа поука е од многу големо значење зашто на коцка се животи (Римјаните 10:13—15; 1. Коринќаните 1:21).

Секоја година се печатат милиони публикации — вклучувајќи и Библии, книги и брошури — за да им се помогне на оние кои гладуваат по библиската вистина. Освен тоа, се печатат повеќе од милијарда примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Бидејќи луѓето се оѕвиваат на добрата вест се градат сѐ повеќе Сали на Царството и Собирни сали на Јеховините сведоци, кои служат како центри за библиска поука. Секоја година се организираат Покраински собири и Денови на специјален собир, како и обласни конгреси. И обуката на мисионери, патувачки надгледници, старешини и слуги помошници е еден постојан процес. Благодарни сме му на Јехова што ни ги обезбедува сите овие подготовки преку „верниот и разборит роб“ (Матеј 24:45—47). Секако дека сакаме да Му ја изразиме нашата благодарност!

Покажување благодарност кон Јехова

Како и со изградбата на храмот и грижата за потребите на раните христијански собранија, финансирањето на сите овие подготовки целосно доаѓа од доброволни прилози. Меѓутоа, мора да се запомни дека никој не може да го збогати Јехова, Сопственикот на сѐ (1. Летописи 29:14; Агеј 2:8). Според тоа, прилозите се доказ за нашата љубов кон Јехова и за нашата желба да го унапредуваме вистинското обожавање. Павле вели дека овие гестови на дарежливост даваат „израз на благодарност кон Бог“ (2. Коринќаните 9:8—13). Јехова охрабрува на такво давање бидејќи тоа покажува дека имаме исправен дух и добро срце кон него. Оние што се дарежливи и што се потпираат на Јехова ќе бидат благословени од него и духовно ќе напредуваат (Второзаконие 11:13—15; Пословици 3:9, 10; 11:25). Исус нѐ уверил дека резултатот од тоа е среќа, кога рекол: „Повеќе среќа има во давањето, отколку во примањето“ (Дела 20:35).

Христијаните што имаат дух на давање не чекаат да дојде време на неволја. Напротив, тие бараат прилики да ‚им прават добро на сите, а особено на оние кои им се сродни по верата‘ (Галатите 6:10). Охрабрувајќи на побожна дарежливост, Павле напишал: „Не заборавајте да им правите добро и да делите со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог“ (Евреите 13:16). Тоа што ги користиме нашите средства — време, сила, финансии — да им помагаме на другите и да го унапредуваме чистото обожавање многу му е угодно на Јехова Бог. Навистина, тој сака дух на давање.

[Рамка/слика на страници 28 и 29]

Начини на кои некои избираат да даваат

ПРИЛОЗИ ЗА СВЕТСКОТО ДЕЛО

Мнозина ставаат настрана или, пак, планираат некој износ од својот буџет кој го пуштаат во кутиите за прилози со натпис „Прилози за светското дело — Матеј 24:14“.

Секој месец, собранијата го испраќаат овој износ до канцеларијата на локалната подружница. Доброволните парични донации можат да се испратат директно до канцеларијата на подружницата која ја опслужува твојата земја. Може да се дарува и накит или, пак, други скапоцености. Таквите прилози треба да бидат проследени со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за целосен подарок.

СПОГОДБА ЗА УСЛОВНА ДОНАЦИЈА

Можат да се донираат пари со една специјална спогодба според која, доколку донаторот побара, донацијата ќе му се врати. За повеќе информации, те молиме контактирај со локалната канцеларија на подружницата.

ДОБРОТВОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Освен подароците и условните парични донации, постојат и други методи на давање во корист на службата за Царството низ светот. Тие вклучуваат:

Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на полиса за животно или пензиско осигурување.

Банковни сметки: Кај Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница можат да се дадат банковни сметки, уверенија за депозити или поединечни пензиски сметки како депонирани или, пак, да се направат наплатливи по смртта, во согласност со локалните банкараски барања.

Вредносни хартии и обврзници: Вредносни хартии и обврзници можат да се подарат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како целосен подарок.

Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот што може да се продаде, било како целосен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на донаторот, кој може и понатаму да живее во него до крајот на својот живот. Контактирај со канцеларијата на подружницата во твојата земја пред да ѝ пренесеш каков и да било недвижен имот.

Тестаменти и полномоштија: Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски верифициран тестамент или, пак, Заедницата може да биде именувана како корисник на договор за ополномоштување. Полномоштието во корист на религиозна организација може да обезбеди извесни даночни погодности.

Ако си заинтересиран за некоја од овие подготовки за добротворно планирање, треба да пишеш на соодветната адреса на 2. страница.

[Слика на страница 26]

Што ги терало раните христијани да бидат дарежливи?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели