ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/3 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Јехова е моето наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Ќе ја закрепнам изморената душа“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • „Ги ставам своите зборови во твојата уста“
    Еремија и Божјата порака за нас
  • Какви пријатели ќе избереш?
    Еремија и Божјата порака за нас
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/3 стр. 29

Прашања од читателите

Бидејќи Левитите немале никакво наследство во древниот Израел, како е можно Левиот Анамеил да му продал нива на својот роднина Еремија кој бил Левит, како што е запишано во Еремија 32:7?

Во врска со Левитите, Јехова му рекол на Арон: ,Немај наследство, ниту придобивај сопственост среде нив [во Израел]‘ (Броеви 18:20). Сепак, на Левитите им биле доделени 48 градови заедно со нивните пасишта, кои се наоѓале низ целата Ветена земја. Родниот град на Еремија бил Анатот, еден од градовите што им биле доделени на „свештениците, Ароновите синови“ (Исус Навин 21:13—19; Броеви 35:1—8; 1. Летописи 6:54, 60).

Во Левит 25:32—34 дознаваме дека Јехова дал конкретни упатства во врска со ,правото за откуп‘ на имотот што го поседувале Левитите. Очигледно, поединечните Левитски семејства имале право на наследство во врска со имотот, користењето и продажбата на извесни делови што им биле доделени. Тие права логично би вклучувале и продавање и купување на имот.a Во многу аспекти, Левитите поседувале и користеле имот на сличен начин како и Израелците од другите племиња.

Веројатно, сопствеништвото на таквиот левитски имот се наследувало како семејно наследство. Меѓутоа, што се однесува до ,правото за откуп‘, биле дозволени зделки само меѓу Левити. Исто така, изгледа дека продажбата и купувањето земја се однесувале само на имот во градовите, зашто „неизградената земја околу нивните градови“ не требало да се продава бидејќи била „нивна сопственост за сите времиња“ (Левит 25:32, 34).

Значи, земјата што Еремија ја купил од Анамеил очигледно била од оној вид земја што можела повторно да се купува и продава. Таа можеби се наоѓала во границите на градот. Лично Јехова потврдил дека ,нивата‘ за која станува збор му припаѓала на Анамеил и дека Еремија имал ,право да ја купи‘ (Еремија 32:6, 7). Јехова ја искористил оваа зделка во симболична смисла за да го направи појако ветувањето дека Израелците ќе се вратат за повторно да го побараат назад своето наследство во земјата по периодот на изгнанство во Вавилон (Еремија 32:13—15).

Нема никаков показател дека Анамеил го стекнал имотот во Анатот на погрешен начин. Ништо не укажува на тоа дека го прекршил Јеховиниот закон со тоа што го повикал Еремија да ја купи таа нива во Анатот или, пак, дека Еремија на неисправен начин го применил своето право на откуп кога ја купил нивата (Еремија 32:8—15).

[Фуснота]

a Во првиот век н.е. Левитот Варнава ја продал земјата што ја поседувал и ги приложил средствата што ги добил за да им помогне на сиромашните следбеници на Христос во Ерусалим. Имотот можеби бил во Палестина или во Кипар. Или, пак, можно е дека тоа било само гробно место што Варнава го имал во областа на Ерусалим (Дела 4:34—37).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели