ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/4 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Обожавање на Ваал — битката за срцата на Израелците
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Тој го бранел исправното обожавање на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали Бог го прифаќа секој облик на обожавање?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/4 стр. 29

Прашања од читателите

Зошто во 1. Коринќаните 10:8 се вели дека 23.000 Израелци паднале во еден ден затоа што извршиле блуд, додека во Броеви 25:9 е дадена бројка од 24.000?

Има неколку фактори што можат да дадат објаснување за разликата во бројките што се дадени во овие два стиха. Наједноставниот би можел да биде дека вистинската бројка е некаде помеѓу 23.000 и 24.000, што допушта таа бројка да биде заокружена.

Разгледај една друга можност. Апостол Павле го навел извештајот за Израелците во Ситим како предупредувачки пример за христијаните во древниот Коринт, град што бил озлогласен по неговиот развратен начин на живот. Тој напишал: „Да не практикуваме ниту блуд, како што некои од нив извршија блуд, па во еден ден паднаа дваесет и три илјади“. Издвојувајќи ги оние што Јехова ги погубил затоа што извршиле блуд, Павле ја дава бројката 23.000 (1. Коринќаните 10:8).

Меѓутоа, 25. поглавје од Броеви ни кажува дека ,Израел се прилепил до Фегорскиот Ваал. И Господ пламнал со гнев против Израел‘. Тогаш Јехова му заповедал на Мојсеј да ги погуби „сите народни началници“. Мојсеј, пак, им наредил на судиите да ја извршат таа заповед. Конечно, кога Финес реагирал брзо и го убил Израелецот што донел една Мадијанка во логорот, ,прекратил поморот‘. Извештајот завршува со изјавата: „Тие кои изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади“ (Броеви 25:1—9).

Бројката што е дадена во Броеви очигледно ги вклучува и „народните началници“ што биле погубени од судиите и оние што биле погубени директно од Јехова. Можно е дека имало илјада такви началници што умреле од раката на судиите, со што бројката стигнала до 24.000. Сеедно дали овие началници, или предводници, извршиле блуд, учествувале во празнувањето или им дале одобрување на оние што го правеле тоа, биле виновни затоа што ,се прилепиле до Фегорскиот Ваал‘.

Во врска со зборот „се прилепува“, еден библиски прирачник објаснува дека може да значи „да се приврзе за некоја личност“. Израелците биле народ предаден на Јехова, но кога ,се прилепиле до Фегорскиот Ваал‘, го раскинале својот предаден однос со Бог. Околу 700 години подоцна, преку пророкот Осија, Јехова рекол за Израелците: „Тие дојдоа во Вел Фегор, му се посветија на срамот и станаа грозотии како нивните љубимци“ (Осија 9:10). Сите оние што го правеле тоа, заслужувале неповолна пресуда од Бог. Затоа, Мојсеј ги потсетил Израелевите синови: „Видовте со свои очи што направи Господ со Велфегор: зашто Господ, твојот Бог, го откорна од твојата средина секој, кој го следеше Велфегор“ (Второзаконие 4:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели