ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/9 стр. 30-31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Кој оди на небото?
    Одговор на библиски прашања
  • Пеење на новата победничка песна
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Книгата Откровение — што ни открива за иднината
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • „Радосни вести“ од Апокалипсата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/9 стр. 30-31

Прашања од читателите

Зошто Јеховините сведоци го сфаќаат дословно а не симболично бројот 144.000 што е спомнат во книгата Откровение?

Апостол Јован напишал: „Го чув бројот на оние кои беа запечатени, сто четириесет и четири илјади“ (Откровение 7:4). Во Библијата, изразот „оние кои беа запечатени“ се однесува на една група поединци избрани од човештвото за да владеат заедно со Христос на небото над рајската земја што наскоро ќе дојде (2. Коринќаните 1:21, 22; Откровение 5:9, 10; 20:6). Нивниот број, 144.000, треба да се сфати дословно од неколку причини. Една причина наоѓаме во непосредниот контекст на Откровение 7:4.

Откако на апостол Јован во визија му било кажано за оваа група од 144.000 поединци, му била покажана и една друга група. Јован ја опишува оваа втора група како „големо мноштво, коешто ниеден човек не можеше да го изброи, од сите нации и племиња и народи и јазици“. Ова големо мноштво се однесува на оние што ќе ја преживеат претстојната ‚голема неволја‘ во која ќе биде уништен сегашниов злобен свет (Откровение 7:9, 14).

Меѓутоа, забележи го контрастот што Јован го прави меѓу 4. и 9. стих од Откровение 7. поглавје. Тој кажува дека првата група, „оние кои беа запечатени“, има одреден број. Меѓутоа, втората група, „големо мноштво“, нема одреден број. Имајќи го ова на ум, логично е бројот 144.000 да се сфати дословно. Ако бројот 144.000 е симболичен и ако се однесува на група која е всушност без број, тогаш контрастот меѓу овие два стиха не би имал никаква смисла. Според тоа, контекстот јасно укажува дека бројот 144.000 мора да се сфати дословно.

Различни изучувачи на Библијата, и во минатото и сега, дошле до истиот заклучок — дека бројот е дословен. На пример, коментирајќи за Откровение 7:4, 9, британскиот лексикограф д-р Етелберт В. Булингер, пред околу 100 години, забележал: „Тоа едноставно е факт: одреден број наспроти неодреден број во истото ова поглавје“ (The Apocalypse or “The Day of the Lord” — Апокалипса или „Господовиот ден“, 282. страница). Во поново време, Роберт Л. Томас, Помладиот, професор по Новиот завет на Господовата семинарија во Соединетите Држави, напишал: „Нема цврст темел да го сметаме ова за симболика“. Тој додал: „Тоа [во 7:4] е одреден број, наспроти неодредениот број од 7:9. Ако се сфати симболично, ниеден број од книгата не може да се сфати дословно“ (Revelation: An Exegetical Commentary — Откровение: Толковни коментари, том 1, 474. страница).

Некои тврдат дека затоа што Откровение содржи многу симболичен јазик, сите броеви што се наоѓаат во оваа книга, вклучувајќи го и бројот 144.000, мора да бидат симболични (Откровение 1:1, 4; 2:10). Меѓутоа, очигледно е дека тој заклучок не е исправен. Точно, Откровение содржи голем број симболични броеви, но исто така содржи и дословни. На пример, Јован зборува за „дванаесетте имиња на дванаесетте апостоли на Јагнето“ (Откровение 21:14). Очигледно е дека бројот 12 што е спомнат во овој стих е дословен, а не симболичен. Освен тоа, апостол Јован пишува за „илјадата години“ на Христовото владеење. И овој број треба да се сфати дословно, како што покажува внимателното разгледување на Библијатаa (Откровение 20:3, 5—7). Според тоа, дали некој број од Откровение ќе се сфати дословно или симболично, зависи од заднината и контекстот.

Заклучокот дека бројот 144.000 е дословен и дека се однесува на ограничен број поединци, релативно мала група кога ќе се спореди со ‚големото мноштво‘, е во склад и со други библиски стихови. На пример, понатаму во визијата што ја добива апостол Јован, 144⁠-те илјади се опишани како оние што се „купени од луѓето како првина“ (Откровение 14:1, 4). Изразот „првина“ се однесува на мал број избрани претставници. Исто така, додека бил на земјата, Исус зборувал за оние што ќе владеат со него на небесното Царство и ги нарекол „мало стадо“ (Лука 12:32; 22:29). Навистина, оние луѓе што ќе владеат на небото се малкумина во споредба со оние што ќе ја населат рајската земја што наскоро ќе дојде.

Според тоа, контекстот на Откровение 7:4 и сличните изјави што се наоѓаат на други места во Библијата, потврдуваат дека бројот 144.000 треба да се сфати дословно. Тој се однесува на оние што ќе владеат со Христос од небото над рајската земја, која ќе биде наполнета со голем и неодреден број среќни луѓе што го обожаваат Јехова Бог (Псалм 37:29).

[Фуснота]

a За повеќе информации во врска со Илјадагодишното владеење на Христос види Откривење — близу је величанствени врхунац!, страници 289, 290, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 31]

Бројот на небесните наследници е ограничен на 144.000

[Слика на страница 31]

‚Големото мноштво‘ е безбројно

[Извор на слика на страница 31]

Ѕвезди: со љубезна дозвола на Anglo-Australian Observatory, фотографија на David Malin

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели