ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/9 стр. 3-4
  • „Молете се вака“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Молете се вака“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Молитвата Оченаш — какво значење има таа за тебе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Крени ги лојалните раце во молитва
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Остани блиску до Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Молитви до Бог — со помош на предмети?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/9 стр. 3-4

„Молете се вака“

ГИ ЗНАЕШ ЛИ зборовите од молитвата Оченаш? Тоа е пример-молитвата за која поучувал Исус Христос. Во својата позната Проповед на гората, тој рекол: „Туку, молете се вака“ (Матеј 6:9). Бидејќи ја вовел Исус, таа честопати е наречена Господова молитва, но исто така е позната и како Оченаш (латински, Paternoster).

Милиони луѓе ширум светот ја знаат молитвата Оченаш напамет и често ја повторуваат, можеби и секој ден. Во последниве години, оваа молитва често била рецитирана во училишта и на некои јавни настани. Зошто луѓето толку многу ја ценат молитвата Оченаш?

Кипријан, теолог што живеел во 3 век н.е., напишал: „Која друга молитва може да биде подуховна од онаа што ни ја дал Христос? . . Која молитва до Таткото може да биде повистинита од онаа што ни ја кажал Синот, кој самиот е Вистина?“ (Јован 14:6).

Во својата катехеза, римокатоличката црква ја смета Оченаш за „фундаментална христијанска молитва“. The World Book Encyclopedia го признава важното место што го зазема оваа молитва во сите религии на христијанскиот свет, нарекувајќи ја една од „основните изјави на христијанската вера“.

Сепак, мора да се признае и тоа дека многу од оние што ја рецитираат молитвата Оченаш, всушност, не ја разбираат во потполност. „Ако потекнуваш од каква и да било христијанска средина, ти најверојатно можеш да ја кажеш Оченаш како од пушка, во еден здив“, вели канадскиот весник Ottawa Citizen, „но можеби ќе ти биде тешко да ја кажеш полека и со разбирање.“

Дали е навистина важно да ги разбираме молитвите што му ги упатуваме на Бог? Зошто Исус ни ја дал молитвата Оченаш? Какво значење има таа за тебе? Ајде да ги разгледаме овие прашања.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели