ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/2 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Јехова не го заборавил Јосиф
    Поуки од Библијата
  • „Зар сум јас на местото на Бог?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Јосиф ги испитува своите браќа
    Мојата книга со библиски приказни
  • Добар татко и верен Божји слуга
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/2 стр. 31

Прашања од читателите

Дали Јосиф, верен слуга на Јехова, навистина користел сребрена чаша за да чита пророштва, на што изгледа укажува Битие 44:5?

Нема причина да веруваме дека Јосиф користел некаков облик на гатање.

Библијата ни кажува дека Јосиф многу добро знаел од каде му е способноста да ја предвиди иднината. Претходно, кога од него побарале да ги протолкува соништата на фараонот, Јосиф постојано повторувал дека само Бог може да „објави“ идни настани. Поради тоа, и самиот фараон поверувал дека Богот што Јосиф го обожавал — вистинскиот Бог, а не гатањето — му помогнал на Јосиф да ги знае деталите за иднината (Битие 41:16, NW, 25, 28, 32, 39). Во Законот што подоцна му бил даден на Мојсеј, Јехова го забранил вражањето или гатањето, со што потврдил дека само Тој ја предвидува иднината (Второзаконие 18:10-12).

Тогаш, зошто од она што му го рекол на својот слуга произлегува дека Јосиф користел сребрена чаша за да „чита пророштва“?a (Битие 44:5). Мора да ги разгледаме околностите во кои била дадена оваа изјава.

Поради многу голем глад, браќата на Јосиф дошле во Египет за да набават храна. Со години пред тоа, токму овие браќа го продале Јосиф во ропство. Сега, без да знаат, тие побарале помош од нивниот сопствен брат, кој станал управител над храната во Египет. Јосиф не им се открил. Наместо тоа, одлучил да ги испита. Со право сакал да утврди дали тие искрено се каат. Исто така, сакал да дознае дали — и колку — ги сакаат својот брат Венијамин и својот татко, Јаков, кој, пак, многу го сакал Венијамин. Затоа, Јосиф се послужил со итрина (Битие 41:55—44:3).

Јосиф му заповедал на еден од своите слуги да им ги наполни торбите на неговите браќа со храна, да му ги врати парите на секого од нив во отворот од торбите и да ја стави сребрената чаша на Јосиф во торбата на Венијамин. За сето ова време, Јосиф се претставувал како управител во една паганска земја. Се однесувал и зборувал токму онака како што би се однесувал и зборувал еден таков управител, онака како што би очекувале неговите браќа кои не се сомневале во ништо.

Кога се соочил со браќата, Јосиф продолжил со својата игра, прашувајќи ги: „Зар не знаете дека човек, каков што сум јас, се бави со пророкување?“ (Битие 44:15). Според тоа, чашата очигледно била само дел од неговата тактика. Да се каже дека Јосиф се бавел со пророкување би било исто толку вистина колку и тоа дека Венијамин ја украл чашата.

[Фуснота]

a Опишувајќи го овој древен обичај, The Holy Bible, With an Explanatory and Critical Commentary, издадена од Ф. Ч. Кук, објаснува: „При гатањето се фрлало злато, сребро или скапоцени камења во водата и потоа внимателно се испитувал нивниот изглед; или, пак, само се гледало во водата како во огледало“. Библискиот изучувач Кристофер Вордсворт вели: „Понекогаш чашата се полнела со вода, и одговорот се појавувал во слики, што во водата од чашата ги создавало сонцето“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели