ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/7 стр. 31
  • Нејзината вера ги охрабрува другите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нејзината вера ги охрабрува другите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Една долга потрага е наградена
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Никогаш не сум почувствувала таква љубов“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • ‚Ја запазив верата‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/7 стр. 31

Нејзината вера ги охрабрува другите

КОГА се родила, во декември 1992 година, Силвија изгледала како потполно здраво девојче. Но, на двегодишна возраст, кај неа било откриено дека боледува од цистична фиброза, неизлечлива болест што предизвикува големи проблеми со дишењето и со варењето на храната. За да се справи со својата болест, Силвија зема по 36 таблети на ден, користи спреј за полесно да дише и оди на физикална терапија. Бидејќи капацитетот на нејзините бели дробови е само 25 проценти од нормалниот, секогаш мора со себе да носи мала боца со кислород, дури и кога излегува надвор.

„Вистинско чудо е како Силвија ја поднесува оваа болест“, вели мајка ѝ Тереза. „Многу добро ја познава Библијата и затоа има силна вера. Таа вера ѝ помага да се справи со тагата и неудобноста. Секогаш размислува за Јеховините ветувања за новиот свет, каде што ќе бидат излечени сите болни луѓе“ (Откровение 21:4). Понекогаш, кога сите во семејството се потиштени, нејзината насмевка полна со увереност ги охрабрува. На родителите и на својот брат им вели: „Животот во новиот свет ќе ни надомести за сите маки што ги трпиме денес“.

Силвија редовно им зборува на другите за добрата вест од Божјата реч, а луѓето со кои разговара забележуваат дека нејзиното лице зрачи од среќа и радост. Членовите на христијанското собрание на Канарските Острови, на кое таа му припаѓа, исто така многу сакаат да ги слушаат нејзините коментари и да гледаат како учествува на состаноците. А по секој состанок, Силвија сака да остане уште малку за да разговара со своите христијански браќа и сестри. Сите во собранието ја сакаат затоа што е отворена и весела.

„Од Силвија учиме нешто многу важно“, забележува татко ѝ Антонио. „Дури и кога имаме проблеми, животот е дар од Бог и треба да го цениме.“ Како Силвија, сите Божји слуги — и млади и стари — со нетрпение го очекуваат времето кога „ниеден жител нема да рече: ‚Болен сум‘“ (Исаија 33:24).

[Слика на страница 31]

Силвија чита од Библијата, а мајка ѝ ја држи боцата со кислород

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели