ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/12 стр. 3
  • Зошто да го препознаеме антихристот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да го препознаеме антихристот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Кој е антихристот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Кој е антихристот?
    Разбудете се! 2001
  • Антихристот е разоткриен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/12 стр. 3

Зошто да го препознаеме антихристот?

„Сте чуле дека ќе дојде антихристот“ — напишал вдахновениот апостол пред многу години (1. Јованово 2:18). Овие зборови се навистина интересни! Со векови луѓето се прашувале за нивното значење. Кој е антихристот? Кога ќе дојде? Што ќе прави кога ќе дојде?

НИЗ ГОДИНИТЕ, многумина биле обвинети дека се антихристот. Во минатото, како „антихрист“ биле означени Евреите, католичките папи и римските императори. На пример, кога императорот Фридрих II (1194-1250) одлучил да не учествува во една крстоносна војна што ја водела Црквата, папата Грегориј IX го нарекол антихрист и го исклучил од Црквата. Наследникот на Грегориј, Инокентиј IV, повторно го исклучил од Црквата. За возврат, Фридрих изјавил дека Инокентиј е антихрист.

Апостол Јован е единствениот библиски писател кој го користи зборот „антихрист“. Во две од писмата што го носат неговото име, зборот се појавува пет пати, и во еднина и во множина. Стиховите во кои се појавува зборот се наведени во рамката на следната страница. Од овие стихови, можеме да видиме дека антихристот е лажливец и измамник, кој е решен да го уништи пријателството што некои луѓе го имаат со Христос и со Бог. Затоа, апостолот ги поттикнал сохристијаните: „Сакани, не верувајте ѝ на секоја изјава, која наводно е вдахновена од Бог, туку испитајте дали таквите изјави потекнуваат од Бог, зашто многу лажни пророци излегоа во светот“ (1. Јованово 4:1).

И Исус предупредил дека ќе има измамници, или лажни пророци, кога рекол: „[Тие] доаѓаат кај вас во овчо руно, а однатре се крвожедни волци. По нивните плодови [односно, дела] ќе ги препознаете“ (Матеј 7:15, 16). Дали со овие зборови Исус ги предупредил своите следбеници и во врска со симболичниот антихрист? Да видиме како можеме да го препознаеме овој злобен измамник.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели