ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/12 стр. 4-7
  • Антихристот е разоткриен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Антихристот е разоткриен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Антихристот е против христијаните
  • Ширење религиозни лаги
  • Антихристите го отфрлаат Божјето Царство
  • Антихристот ‚го зборува она што им годи на ушите‘
  • ‚Испитајте ги вдахновените изјави‘
  • Кој е антихристот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Кој е антихристот?
    Разбудете се! 2001
  • Зошто да го препознаеме антихристот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/12 стр. 4-7

Антихристот е разоткриен

КАКО би се заштитил себеси кога би знаел дека таму каде што живееш се шири смртоносна епидемија? Веројатно би си го зајакнал имунитетот и би се држел настрана од луѓе што се заразени. Истото мораме да го направиме и во духовна смисла. Светото писмо ни кажува дека антихристот „е веќе во светот“ (1. Јованово 4:3). Ако сакаме да ја избегнеме „заразата“, мораме да ги препознаеме нејзините „пренесувачи“ и да ги избегнуваме. За среќа, Библијата открива многу детали на оваа тема.

„Антихрист“ значи „против (или наместо) Христос“. Значи, во најширока смисла, тој израз се однесува на сите што му се противат на Христос и на неговите претставници или лажно тврдат дека се Христос или дека се негови претставници. Самиот Исус рекол: „Кој не е на моја страна, против мене е [односно антихрист е], и кој не собира со мене, растура“ (Лука 11:23).

Се разбира, Јован пишувал за антихристот по повеќе од 60 години откако Исус умрел, воскреснал и се вратил на небото. Според тоа, активностите на антихристот треба да се препознаат по начинот на кој влијаат врз Исусовите верни следбеници на Земјата (Матеј 25:40, 45).

Антихристот е против христијаните

Исус ги предупредил своите следбеници дека општо земено светот ќе ги мрази. Тој рекол: „Тогаш од луѓето ќе трпите неволји и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве мразат поради моето име. Ќе се појават многу лажни пророци и ќе заведат мнозина“ (Матеј 24:9, 11).

Бидејќи Исусовите ученици се прогонувани „поради [Исусовото] име“, јасно е дека прогонителите се антихристи, односно се против Христос. ‚Лажните пророци‘, меѓу кои има некогашни христијани, исто така спаѓаат во таа група (2. Јованово 7). За овие „многу антихристи“ Јован напишал: „Излегоа од нас, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас“ (1. Јованово 2:18, 19).

Од зборовите на Исус и на Јован јасно се гледа дека антихристот не е една личност, туку се состои од многу поединечни антихристи. Освен тоа, бидејќи тие се лажни пророци, една од нивните главни цели е религиозната измама. Какви тактики користат?

Ширење религиозни лаги

Апостол Павле го предупредил својот соработник Тимотеј да се чува од учењата на отпадниците, како што биле Именеј и Филет, чиј „збор ќе се шири како гангрена“. Павле додал: „Овие луѓе отстапија од вистината, велејќи дека воскресението веќе се случило, па ја поткопуваат верата на некои“ (2. Тимотеј 2:16-18). Очигледно Именеј и Филет ги поучувале другите дека воскресението било симболично и дека христијаните веќе биле воскреснати во духовна смисла. Се разбира, во Божји очи еден човек оживува кога ќе стане вистински ученик на Христос, како што рекол и самиот Павле (Ефешаните 2:1-5). Меѓутоа, учењата на Именеј и Филет го потценувале ветувањето на Исус дека мртвите буквално ќе воскреснат за време на владеењето на Божјето Царство (Јован 5:28, 29).

Идејата за чисто симболично воскресение подоцна била развиена од една група наречена гностици. Бидејќи верувале дека знаењето (на грчки: гнóсис) може да се добие на мистичен начин, гностичарите го комбинирале отпадничкото христијанство со грчката филозофија и источниот мистицизам. На пример, тие верувале дека сѐ што е материјално е зло, па според тоа Исус не дошол во тело, туку само изгледало дека има човечко тело. Како што видовме, токму за ова нѐ предупредил апостол Јован (1. Јованово 4:2, 3; 2. Јованово 7).

Друга лага, која била измислена со векови подоцна, е учењето за таканареченото тројство, односно Света Троица, според кое Исус е и Семоќен Бог и Божји Син. Во својата книга Црквата во првите три века (The Church of the First Three Centuries), д-р Алван Ламсон вели дека учењето за тројство „потекнува од еден извор што е сосема непознат за еврејските и христијанските списи; дека го развиле, и му го накалемиле на христијанството, црковните отци на платонизмот“. Кои биле овие „отци на платонизмот“? Тие биле отпаднички свештеници кои биле вљубени во учењата на паганскиот грчки филозоф Платон.

Воведувањето на тројството било мајсторски потег на антихристот, зашто ова учење придонело Бог да изгледа таинствен, а неговиот однос со Синот да стане нејасен (Јован 14:28; 15:10; Колошаните 1:15). Размисли за следново: Библијата нѐ поттикнува да ‚му се приближиме на Бог‘, но како е можно да ‚му се приближиме на Бог‘ ако тој е таинствен? (Јаков 4:8).

Како дополнување на збрката, многу преведувачи на Библијата го извадиле Божјето име, Јехова, од своите преводи, иако тоа се појавува преку 7.000 пати во оригиналниот текст! Јасно, обидот Семоќниот да се претвори не само во тајна туку и во безимена тајна, е чин што покажува крајно непочитување кон нашиот Творец и кон неговата вдахновена Реч (Откровение 22:18, 19). Освен тоа, замената на Божјето име со титули, како што се Господ и Бог, е во остра спротивност со Исусовата пример-молитва, која во еден дел гласи: „Да се свети името твое“ (Матеј 6:9).

Антихристите го отфрлаат Божјето Царство

Антихристите станале особено активни во текот на „последните денови“, времето во кое живееме ние (2. Тимотеј 3:1). Главна цел на овие современи измамници е погрешно да им ја прикажат на луѓето улогата на Исус како Цар на Божјето Царство — една небесна влада која наскоро ќе владее над целата Земја (Даниел 7:13, 14; Откровение 11:15).

На пример, некои верски водачи поучуваат дека Божјето Царство е состојба во срцето на луѓето, гледиште што нема библиска основа (Даниел 2:44). Други тврдат дека Христос дејствува преку човечки влади и организации. Сепак, Исус рекол: „Моето царство не е дел од овој свет“ (Јован 18:36). Навистина, не Христос, туку Сатана е „владетелот на светот“ и „богот на овој свет“ (Јован 14:30; 2. Коринќаните 4:4). Ова објаснува зошто Исус наскоро ќе ги отстрани сите човечки влади и ќе стане единствен Владетел над Земјата (Псалм 2:2, 6-9; Откровение 19:11-21). Луѓето се молат за ова кога ја кажуваат молитвата Оченаш: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10).

Многу верски водачи, поради тоа што самите ги поддржуваат политичките системи на светот, им се спротивставуваат, па дури и ги прогонуваат оние што ја објавуваат вистината за Божјето Царство. Интересно, библиската книга Откровение спомнува една симболична блудница — „Големиот Вавилон“ — која е „пијана од крвта на светите и од крвта на Исусовите сведоци“ (Откровение 17:4-6). Исто така, таа врши духовен блуд давајќи им поддршка на земните „цареви“, односно политичките владетели, а за возврат од нив има посебни повластици. Оваа симболична жена не е никој друг, туку лажните религии во светот. Таа е главен дел од антихристот (Откровение 18:2, 3; Јаков 4:4).

Антихристот ‚го зборува она што им годи на ушите‘

Освен што ја отфрлаат вистината од Библијата, многумина таканаречени христијани отстапиле од библиските мерила на однесување поради општоприфатените морални мерила. Божјата реч го прорекла ова со зборовите: „Ќе дојде време кога луѓето [што тврдат дека му служат на Бог] нема да го поднесуваат здравото учење, туку, според своите желби, ќе си насоберат учители, кои ќе им го зборуваат она што им годи на ушите“ (2. Тимотеј 4:3). Овие религиозни измамници се опишани и како „лажни апостоли, кои ги мамат другите и се преправаат дека се Христови апостоли“. Библијата понатаму вели: „Крајот ќе им биде според нивните дела“ (2. Коринќаните 11:13-15).

Во нивните дела спаѓаат „бесрамни дела“ со кои покажуваат дрско непочитување кон високите морални мерила (2. Петрово 2:1-3, 12-14). Зарем не гледаме како сѐ поголем број верски водачи и нивните следбеници ги прифаќаат — или барем преминуваат преку — нехристијанските постапки, како што се хомосексуалноста и интимните односи надвор од бракот? Те молиме спореди ги за момент овие општоприфатени гледишта и начин на живот со она што го вели Библијата во 3. Мојсеева 18:22, Римјаните 1:26, 27, 1. Коринќаните 6:9, 10, Евреите 13:4 и Јуда 7.

‚Испитајте ги вдахновените изјави‘

Со оглед на она што претходно го спомнавме, треба да ги послушаме зборовите на апостол Јован и да не бидеме рамнодушни кон нашите религиозни верувања или да ги прифатиме без да ги провериме. Тој предупредил: „Не верувајте ѝ на секоја изјава, која наводно е вдахновена од Бог, туку испитајте дали таквите изјави потекнуваат од Бог, зашто многу лажни пророци излегоа во светот“ (1. Јованово 4:1).

Размисли за добриот пример на некои благородни луѓе што живееле во градот Верија во првиот век. Тие ‚многу горливо ја примиле речта и секој ден ги истражувале Писмата за да видат дали [она што го кажале Павле и Сила] е така‘ (Дела 17:10, 11). Да, иако биле желни да учат, Веријците провериле дали тоа што го слушнале и го прифатиле било цврсто вкоренето во Светото писмо.

И денес врз вистинските христијани не влијаат општоприфатените гледишта кои постојано се менуваат, туку цврсто се држат за библиската вистина. Апостол Павле напишал: „Се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да расте во доброто познавање и во потполното сфаќање“ (Филипјаните 1:9).

Ако сѐ уште не си го направил тоа, постави си цел да го стекнеш „доброто познавање и... потполното сфаќање“ така, што ќе дознаеш што навистина учи Библијата. Оние што го следат примерот на Веријците не се излажани од ‚измамливите зборови‘ на антихристите (2. Петрово 2:3). Напротив, тие се ослободени со духовната вистина од вистинскиот Христос и од неговите вистински следбеници (Јован 8:32, 36).

[Рамка/слика на страница 4]

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА АНТИХРИСТОТ

„Деца, последниот час е [очигледно крајот на апостолскиот период] и, како што сте чуле дека ќе дојде антихристот, веќе сега се појавија многу антихристи“ (1. Јованово 2:18).

„Кој е лажливец ако не оној што одрекува дека Исус е Христос? Тоа е антихристот, оној што ги одрекува Таткото и Синот“ (1. Јованово 2:22).

„Ниту една изјава која не го признава Исус, не ја вдахнал Бог. Таквата изјава ја вдахнал антихристот, а чувте дека таа доаѓа, и сега е веќе во светот“ (1. Јованово 4:3).

„Многу измамници излегоа во светот, оние што не признаваат дека Исус Христос дошол во тело. Тоа е измамникот и антихристот“ (2. Јованово 7).

[Рамка/слики на страница 5]

ИЗМАМНИК СО МНОГУ ЛИЦА

Зборот „антихрист“ се однесува на сите што го негираат она што Библијата го кажува за Исус Христос, на оние што се противат на неговото Царство и на оние што постапуваат лошо со неговите следбеници. Тука спаѓаат и лица, организации и држави кои лажно тврдат дека го застапуваат Христос или кои неисправно си ја припишуваат себеси улогата на Месија, со тоа што дрско ветуваат дека ќе го постигнат она што само Христос може да го постигне — вистински мир и сигурност.

[Извор на слика]

Августин: ©SuperStock/age fotostock

[Слика на страница 7]

Како Веријците, и ние треба ‚секој ден да ги истражуваме Писмата‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели