Се сеќаваш ли?
Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Тогаш види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
• Што може да ти помогне ако некој од твоите најблиски го напушти Јехова?
Изградувај се себеси и другите верни членови на семејството. Биди зафатен со духовните активности. Стави се на располагање да им помагаш на другите. Никогаш не губи ја надежта дека можеби ќе се врати. Не обвинувај се себеси. Прифати го она што Бог го прави за да укори поединци и кажи им на своите пријатели како се чувствуваш (1.9., страници 18-21).
• На кои два начина ни помага Светото писмо да ги препознаеме „последните денови“?
Во Светото писмо се проречени настани што треба да се случат во времето на „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3, 7, 8; Лука 21:11). Тоа исто така ја опишува промената во ставовите и постапките на луѓето што живеат „во последните денови“ (2. Тимотеј 3:1-5). Значајно е тоа што во овој период треба да биде проповедана добрата вест за Царството (15.9., страници 4-6).
• Каква одговорност има собранието ако некој хрстијанин, возејќи автомобил, направи сообраќајна несреќа во која некој загинува?
Старешините што вршат истрага за случајот можеби ќе откријат дека возачот не е виновен за крв бидејќи имал мала или немал никаква контрола над она што ја предизвикало несреќата. Но, ако е виновен за крв и се кае, ќе добие соодветен укор од Библијата и ќе му бидат одземени некои предности што ги има во собранието (15.9., страница 30).
• Зошто вечниот живот не зависи од напредокот во науката?
Научниците прават напори да го продолжат животот. Тие, на пример, се обидуваат да постигнат клетките да се обновуваат многу повеќе пати отколку што го прават тоа сега или, преку тераписко клонирање, да им обезбедат на пациентите нови органи за пресадување, кои совршено ќе им одговараат. Но, Библијата покажува дека единственото средство преку кое луѓето можат да добијат вечен живот е Исусовата откупнина (1.10., страници 3-5).
• Дали еврејското ритуално капење било претходник на христијанското крштавање?
Не, не било. Евреите ритуално се чистеле себеси, што не се барало со крштавањето на Јован. Чистењето што се барало со Мојсеевиот закон морало да се повторува, но христијанското крштавање се врши само еднаш (15.10., страници 12, 13).
• Што е Школата за организациско оспособување?
Тоа е курс кој трае осум седмици. Можат да го посетуваат неженети старешини и слуги помошници, кои се во можност да служат таму каде што има голема потреба. Тоа може да биде во собранието од коешто дошле, може да биде во друг дел од родната земја или во странство (15.11., страници 10, 11).
• Што, или кој, е антихристот спомнат во 1. Јованово 2:18; 4:3?
Во поширока смисла, изразот „антихрист“ се однесува на сите што му се противат на Христос или лажно се претставуваат дека се Христос или дека се негови претставници. Зборовите на Исус и на Јован покажуваат дека антихристот е една група сочинета од многу поединечни антихристи кои шират религиозни лаги и го отфрлаат Божјето Царство (1.12., страници 4-6).