ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/6 стр. 21-25
  • Духовно цветај иако ти побелела косата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Духовно цветај иако ти побелела косата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Никогаш не изостануваше од храмот“
  • Остани умствено активен
  • Верни и покрај променетите околности
  • Неизбришлив доказ за истрајност
  • Варзелај — свесен за своите ограничувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Постари браќа — Јехова ја цени вашата верност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Не била престара за да му служи на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Служи му на Јехова пред да дојдат тешки денови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/6 стр. 21-25

Духовно цветај иако ти побелела косата

„Оние што се посадени во домот на Јехова... ќе цветаат и кога косата ќе им побели“ (ПСАЛМ 92:13, 14).

1, 2. а) Како честопати се опишува староста? б) Што ни ветува Светото писмо во врска со последиците од гревот на Адам?

СТАРОСТ — на што помислуваш кога ќе го чуеш овој збор? Збрчкана кожа? Слаб слух? Немоќ во рацете и нозете? Или помислуваш на некој друг аспект на ‚злите денови‘ што со живи зборови се опишани во Проповедник 12:1-7? Ако е така, важно е да имаш на ум дека описот од Проповедник 12. поглавје се однесува на стареењето како последица што Адамовиот грев ја остава врз човечкото тело, а не на нешто што во почетокот го замислил нашиот Творец, Јехова Бог (Римјаните 5:12).

2 Стареењето само по себе не е лоша работа, бидејќи самото нечие постоење подразбира дека минуваат години. Всушност, растењето и зреењето се пожелни карактеристики на сите живи суштества. Штетата што во текот на шест илјади години ја предизвикуваат последиците од гревот и несовршенството наскоро ќе биде минато, и сите послушни луѓе ќе уживаат во животот како што го замислил Бог во почетокот, без некого да го мачат староста и смртта (1. Мојсеева 1:28; Откровение 21:4, 5). Во тоа време, „никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘“ (Исаија 33:24). Остарените луѓе ќе се вратат на деновите на својата „младешка сила“, и нивното тело ќе „стане посвежо отколку во младоста“ (Јов 33:25). Меѓутоа, сега за сега, сите мора да се борат со гревот што Адам ни го оставил како наследство. Сепак, оние што му служат на Јехова доживуваат посебни благослови додека навлегуваат во своите постари години.

3. Како е можно христијаните да „цветаат и кога косата ќе им побели“?

3 Божјата реч нѐ уверува дека „оние што се посадени во домот на Јехова... ќе цветаат и кога косата ќе им побели“ (Псалм 92:13, 14). Со многу симболични описи, псалмистот ја кажал темелната вистина дека верните слуги на Бог можат да продолжат да напредуваат и да цветаат духовно дури и тогаш кога физичката сила им се намалува. Многу библиски и современи примери го потврдуваат тоа.

„Никогаш не изостануваше од храмот“

4. На кој начин остарената пророчица Ана покажала дека му е верна на Бог, и како била наградена за тоа?

4 Да го разгледаме примерот на пророчицата Ана. И на 84 години, таа ‚никогаш не изостанувала од храмот, туку ден и ноќ му служела на Бог со пости и со сесрдни молитви‘. Како жена чиј татко не бил левит туку потекнувал „од племето на Асер“, Ана не можела дословно да живее во храмот. Замисли си колкав труд требало да вложува за да биде во храмот секој ден од утринската до вечерната служба! Но, Ана била богато наградена за својата верност. Била присутна кога Јосиф и Марија го одвеле бебето Исус во храмот за да му го претстават на Јехова, како што се барало со Законот. Кога го здогледала Исус, Ана ‚почнала да му заблагодарува на Бог и да им зборува за детето на сите што го чекале избавувањето на Ерусалим‘ (Лука 2:22-24, 36-38; 4. Мојсеева 18:6, 7).

5, 6. На кој начин многу остарени лица денес покажуваат дух како Ана?

5 Многу остарени лица меѓу нас денес се како Ана во тој поглед што редовно доаѓаат на состаноците, горливо се молат да напредува службата за вистинскиот Бог и имаат незгаслива желба да ја проповедаат добрата вест. Еден брат кој има над 80 години и заедно со својата жена редовно оди на христијанските состаноци, рекол: „Стекнавме навика редовно да одиме на состаноците. Не сакаме да бидеме на ниедно друго место. Каде што е Божјиот народ, таму сакаме да бидеме и ние. Таму се чувствуваме убаво“. Колку охрабрувачки пример е ова за сите! (Евреите 10:24, 25).

6 „Ако се прави нешто на духовно поле и јас можам да учествувам, сакам да го направам тоа.“ Ова е мото на Џин, една овдовена христијанка која има над 80 години. Се разбира, има и моменти кога сум тажна“, продолжува таа, „но зошто да бидат тажни сите околу мене кога тагувам јас?“ Со сјај во очите, таа кажува колку се радува кога оди во други земји на изградувачки духовни настани. На едно неодамнешно патување, таа им рекла на своите сопатници: „Не сакам повеќе да гледам замоци, туку сакам да одам во служба на проповедање!“ Иако не го знаела локалниот јазик, Џин ги заинтересирала луѓето за библиската порака. Освен тоа, неколку години работела со едно собрание на кое му требало помош, иако морала да научи нов јазик и да патува на состаноците по еден час во секој правец.

Остани умствено активен

7. Кога Мојсеј остарел, како ја искажал својата желба да го продлабочи својот однос со Бог?

7 За да се стекне искуство во животот, треба да помине време (Јов 12:12). Од друга страна, пак, духовниот напредок не доаѓа автоматски со староста. Затоа, наместо едноставно да се потпираат на знаењето што го стекнале во минатото, верните слуги на Бог се трудат да научат уште повеќе како што минуваат годините (Изреки 9:9). Мојсеј имал 80 години кога Јехова му дал една задача (2. Мојсеева 7:7). Изгледа дека во негово време било необично некој да дочека толкава старост, бидејќи тој напишал: „Деновите наши траат седумдесет години, а кај силните — осумдесет“ (Псалм 90:10). Сепак, Мојсеј никогаш не помислил дека е престар за да учи. Откако со децении му служел на Бог и имал многу должности и извршил важни и одговорни задачи, Мојсеј го молел Јехова: „Објави ми ги своите патишта за да те запознаам“ (2. Мојсеева 33:13). Мојсеј сѐ уште многу сакал да го продлабочи својот однос со Јехова.

8. На кој начин Даниел останал умствено активен во своите 90-ти години, и со каков резултат?

8 Пророкот Даниел сѐ уште внимателно ги читал светите списи дури и кога имал над 90 години. Она што го дознал преку проучувањето на „книгите“ — веројатно 3. Мојсеева, Исаија, Еремија, Осија и Амос — го навело горливо да го бара Јехова во молитва (Даниел 9:1, 2). Како одговор на таа молитва, под вдахновение му биле дадени информации во врска со доаѓањето на Месијата и со иднината на чистото обожавање на Бог (Даниел 9:20-27).

9, 10. Што направиле некои за да останат умствено активни?

9 Исто како Мојсеј и Даниел, и ние можеме да останеме умствено активни со тоа што најважно ќе ни биде да ги извршуваме духовните активности сѐ додека можеме. Многумина го прават токму тоа. Ворт, еден христијански старешина кој има над 80 години, се труди да биде во чекор со духовната храна што ја дели „верниот и разборит роб“ (Матеј 24:45). Тој вели: „Бескрајно ја сакам вистината, и восхитен сум кога гледам како светлината на вистината станува сѐ појасна“ (Изреки 4:18). И Фред, кој поминал повеќе од 60 години во полновремена служба, се чувствува духовно освежен кога води библиски разговори со соверниците. „Библијата мора да ми биде жива во мислите“, вели тој. „Ако можеш да ја оживееш Библијата — да има значење она што го читаш — и ако можеш да го вклопиш во „здравите зборови“ она што го учиш, тогаш нема да имаш само делумни информации. Ќе можеш да видиш како секоја работа што си ја научил одлично се вклопува на своето место“ (2. Тимотеј 1:13).

10 Кога некој ќе остари, не значи дека во никој случај не може да научи нови и тешки работи. Луѓе на возраст од 60, 70 па дури и 80 години се описмениле и научиле нови јазици. Некои Јеховини сведоци успеале во тоа со цел да им ја проповедаат добрата вест на луѓето од различни народи (Марко 13:10). Хари и жена му имале над 60 години кога одлучиле да помагаат на португалско говорно подрачје. „Мора да бидеме реални“, вели Хари, „секоја задача во животот станува потешка со возраста.“ Сепак, со многу труд и со истрајност, ја проучувале Библијата со луѓето на португалски јазик. Веќе со години Хари одржува говори на обласните конгреси на новиот јазик што го научил.

11. Зошто е добро да размислуваме за она што го прават верните постари лица?

11 Се разбира, здравјето и околностите не им дозволуваат на сите да се зафатат со такви предизвици. Тогаш, зошто е добро да размислуваме за она што го направиле некои постари лица? Сигурно не за да покажеме дека сите треба да го прават истото. Наместо тоа, треба да размислуваме за нив во духот на она што апостол Павле им го напишал на еврејските христијани кога им зборувал за верните христијански старешини: „Набљудувајќи го исходот од нивниот начин на живот, угледајте се на нивната вера“ (Евреите 13:7). Кога размислуваме за таквите примери на ревност, ќе се охрабриме ако се угледаме на силната вера што ги мотивира овие постари лица да му служат на Бог. Хари, кој сега има 87 години, кажува што го мотивира него: „Би сакал мудро да ги користам годините што ми преостануваат и да направам колку што е можно повеќе во службата за Јехова“. Фред, кого го спомнавме претходно, многу ужива во својата задача во Бетел. Тој вели: „Треба да откриеш како најдобро можеш да му служиш на Јехова и потоа да го правиш тоа“.

Верни и покрај променетите околности

12, 13. На кој начин Варзелај покажал дека му е верен на Бог и покрај променетите околности?

12 Можеби нема да ти биде лесно да ги прифатиш и да живееш со физичките промени. Сепак, ти можеш да му бидеш верен на Бог и покрај таквите промени. Галадецот Варзелај е убав пример во овој поглед. Кога имал 80 години, тој им укажал гостопримство на Давид и на неговата војска со тоа што им дал храна и им обезбедил сместување додека траела побуната на Авесалом. Кога Давид се враќал во Ерусалим, Варзелај ја придружувал неговата свита до реката Јордан. Давид му понудил на Варзелај да се приклучи на неговиот царски двор. Што одговорил Варзелај? „Сега имам осумдесет години. Можам ли да распознаам што е добро, а што зло? Може ли твојот слуга да го почувствува вкусот на она што го јаде и го пие? Можам ли уште да го слушам гласот на пејачите и пејачките?.. Но, еве го твојот слуга Химам, тој нека појде со мојот господар, царот! Направи му што е добро во твои очи!“ (2. Самоилова 17:27-29; 19:31-40).

13 И покрај променетите околности, Варзелај направил сѐ што можел за да го поддржи царот што бил поставен од Јехова. Иако му било јасно дека сетилото за вкус и слухот повеќе не му биле како порано, тој не се огорчил. Наместо тоа, несебично препорачувајќи Химам да го добие она што му било понудено нему, Варзелај открил каков човек е во срцето. И денес многу остарени лица се несебични и дарежливи како него. Тие прават сѐ што можат за чистото обожавање, знаејќи дека „со таквите жртви му се угодува на Бог“. Колкав благослов е што меѓу нас има такви верни луѓе! (Евреите 13:16).

14. На кој начин се продлабочува значењето на зборовите запишани во Псалм 37:23-25 кога ќе се земе предвид фактот дека Давид бил стар?

14 Иако околностите на Давид многу пати се промениле низ годините, тој останал уверен дека Јехова никогаш не престанува да се грижи за своите верни слуги. Некаде кон крајот на својот живот, Давид составил една песна што денес е позната како 37. Псалм. Замисли си го Давид како размислува свирејќи на харфа и пеејќи: „Јехова му ги зацврстува чекорите на човекот и се радува на неговиот пат. И да се лизне, нема да падне, зашто Јехова го држи за рака. Бев млад и остарев, но никогаш не видов праведник да биде оставен, ниту неговите деца да просат за леб“ (Псалм 37:23-25). Јехова сметал дека е потребно во овој вдахновен псалм да се спомне дека Давид бил стар. Тоа уште повеќе ги открива длабоките чувства што се кријат зад тие искрени зборови!

15. На кој начин апостол Јован дал добар пример за верност и покрај променетите околности и староста?

15 Апостол Јован е уште еден убав пример за верност и покрај променетите околности и староста. Откако му служел на Бог речиси 70 години, Јован бил прогонет на островот Патмос ‚затоа што зборувал за Бог и сведочел за Исус‘ (Откровение 1:9). Сепак, неговото дело сѐ уште не било завршено. Всушност, сите книги од Библијата што ги запишал Јован биле напишани во последните години од неговиот живот. Додека бил на Патмос, преку чудесни виденија му било дадено Откровението и тој внимателно запишал сѐ (Откровение 1:1, 2). Се смета дека бил ослободен од изгнанство за време на владеењето на римскиот император Нерва. Потоа, некаде во 98 год. од н.е., кога веројатно имал 90 или 100 години, Јован ги напишал евангелието и трите писма што го носат неговото име.

Неизбришлив доказ за истрајност

16. Како можат да покажат дека му се верни на Јехова оние што имаат ограничени способности да комуницираат?

16 Луѓето може да имаат ограничувања на различни полиња и во различен обем. На пример, некои луѓе се ограничени дури и во својата способност да комуницираат. И покрај тоа, тие имаат драги спомени за Божјата љубов и незаслужена доброта. Иако е ограничено она што можат да го кажат со своите усни, во срцето тие му велат на Јехова: „Колку го сакам твојот закон! Цел ден размислувам за него“ (Псалм 119:97). А Јехова, пак, ги знае оние што „размислуваат за неговото име“ и цени што се поинакви од повеќето други луѓе, на кои не им се важни неговите мерила (Малахија 3:16; Псалм 10:4). Колку е утешно што знаеме дека Јехова се радува кога ќе види што размислуваме во срцето! (1. Летописи 28:9; Псалм 19:14).

17. Што постигнале оние што долго време му служат на Јехова?

17 Не треба да се запостави ниту фактот дека оние што со децении верно му служеле на Јехова постигнале нешто што е навистина посебно и што не може да се постигне на ниеден друг начин — неизбришлив доказ дека се истрајни. Исус рекол: „Преку својата истрајност ќе ги добиете своите души“ (Лука 21:19). Неопходно е да бидеме истрајни за да добиеме вечен живот. Оние од вас што ‚ја извршуваат Божјата волја‘ и што ја докажале својата верност со својот начин на живот, чекаат да го примат „она што е ветено“ (Евреите 10:36).

18. а) Што му е мило на Јехова да види кај постарите? б) Што ќе разгледаме во следната статија?

18 Јехова цени кога му служиш од сѐ срце, без оглед на тоа дали можеш да направиш многу или малку. Независно од тоа што се случува со ‚надворешниот човек‘ додека старее, „внатрешниот“ може да се обновува од ден на ден (2. Коринќаните 4:16). Нема никакво сомневање дека Јехова го цени она што си го направил во минатото, но многу е јасно дека го цени и она што го правиш сега за неговото име (Евреите 6:10). Во следната статија ќе видиме кои се долгорочните резултати од таквата верност.

Како би одговорил?

• Каков убав пример им дала Ана на остарените христијани денес?

• Зошто староста не мора да биде ограничување за она што може да го направи некој?

• Како можат остарените и понатаму да покажат дека му се верни на Бог?

• Како гледа Јехова на службата што ја извршуваат остарените лица?

[Слика на страница 23]

Остарениот Даниел дознал од „книгите“ колку ќе трае изгнанството на Јуда

[Слики на страница 25]

Многу остарени лица се пример со тоа што редовно доаѓаат на состаноците, ревносно проповедаат и имаат желба да учат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели