ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/3 стр. 7-11
  • Бракот — извор на радост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бракот — извор на радост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Целосно да се подложиме на Јеховиното водство
  • Што е потребно за успешен брак?
  • Биди спремен да попуштиш во бракот
  • Не попуштајте му на Ѓаволот
  • Ти можеш да имаш среќен брак!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Твојот брак нека биде „трикратно јаже“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/3 стр. 7-11

Бракот — извор на радост

„Со мудрост се гради дом и со разборитост се утврдува“ (ИЗР. 24:3).

1. Како Бог ја покажал својата мудрост во случајот со првиот човек?

НАШИОТ мудар небесен Татко знае што е најдобро за нас. На пример, тој бил свесен дека, за да ја оствари својата намера, „не [било] добро човекот да биде сам“ во градината Еден. Главен дел од таа намера било брачните парови да имаат деца и ‚да ја наполнат земјата‘ (1. Мој. 1:28; 2:18).

2. Што основал Јехова за доброто на луѓето?

2 „Ќе му направам помошничка, како негово дополнение“, рекол Јехова. Потоа пуштил длабок сон врз првиот човек, и зел едно ребро од неговото совршено тело од кое ја создал жената. Кога Јехова му ја довел на Адам оваа совршена жена, Ева, човекот рекол: „Најпосле, еве коска од моите коски и месо од моето месо. Нека се вика Жена зашто од мажот е земена!“ Ева била вистинско дополнение за Адам. Иако секој од нив си имал свои карактеристики и особини, и двајцата биле совршени и биле создадени според Божјиот лик. Така Јехова го склучил првиот човечки брак. Адам и Ева спремно го прифатиле бракот како дар од Бог, кој требало да им помогне заемно да си помагаат (1. Мој. 1:27; 2:21-23).

3. Што мислат мнозина за бракот, и кои прашања се наметнуваат?

3 За жал, денес во светот владее бунтовен дух. Бог не е изворот на проблемите кои се последица на ваквиот дух. Мнозина го омаловажуваат бракот како дар од Бог и го сметаат како застарена институција која носи само фрустрации и немир. Мнозина од оние што сепак ќе се решат да стапат во брак, на крајот се разведуваат. Родителите не покажуваат љубов кон децата и честопати преку нив го уценуваат партнерот за да добијат нешто. Многу родители не попуштаат ни за жива глава и не им е важно дали ќе ги задржат мирот и слогата или не (2. Тим. 3:3). Тогаш, како може бракот да биде извор на радост во овие тешки времиња? Како можат спремноста да се попушти и да се соработува да го спречат распаѓањето на нечиј брак? Што можеме да научиме од некои денешни примери на лица кои се среќни во бракот?

Целосно да се подложиме на Јеховиното водство

4. а) Каков совет дал Павле во врска со бракот? б) Како послушните христијани го следат советот на Павле?

4 Под водство на Божјиот дух, апостол Павле им дал совет на вдовиците да се мажат ако сакаат, но „само во Господарот“ (1. Кор. 7:39). Ова не било ништо ново за христијаните со еврејско потекло. Во Законот што Бог им го дал на Израелците јасно било кажано дека не смеат да склучуваат бракови со ниту еден припадник на околните пагански народи. Јехова дал додатно објаснување во кое нагласил колку е опасно да се прекрши ова мерило. „Зашто, [не-Израелците] ќе го одвратат твојот син од мене, па ќе им служи на други богови. И Јехова ќе пламне од гнев против вас и тој брзо ќе те истреби“, рекол Тој (5. Мој. 7:3, 4). Каков став очекува Јехова да имаат неговите денешни слуги по ова прашање? Јасно е дека еден Божји слуга треба да стапи во брак само со некого кој е „во Господарот“, односно со крстен Јеховин сведок кој му го заветувал својот живот на Бог. Во врска со ова, ќе биде мудро да се подложиме на водството што ни го дава Јехова.

5. Како гледаат Јехова и венчаните христијани на брачниот завет?

5 Брачниот завет е нешто свето за Бог. Во врска со првиот брак, Божјиот сопствен Син, Исус, го рекол следново: „Бог што составил, човек да не разделува!“ (Мат. 19:6). Псалмистот нѐ потсетува колку се важни заветите што ги даваме. Тој вели: „Принеси му на Бог благодарност како жртва и исполни ги заветите што си му ги дал на Севишниот“ (Пс. 50:14). Иако бракот може да им донесе голема радост на оние што се земаат, тие мора да бидат свесни дека заветот што го даваат кога се венчаваат е сериозен и дека со себе носи одговорност (5. Мој. 23:21).

6. Што можеме да научиме од примерот на Јефтај?

6 Размисли, на пример, за Јефтај, кој служел како судија во Израел во 12 век пр.н.е. Тој му го дал следниов завет на Јехова: „Ако ми ги предадеш в раце синовите на Амон, на Јехова нека му припадне оној што ќе излезе на вратата од мојот дом, кој ќе ми излезе во пресрет кога ќе се вратам како победник откај синовите на Амон. Него ќе го принесам како жртва паленица!“ Дали Јефтај се обидел да го прекрши својот завет кога видел дека неговата ќерка — неговото единствено дете — излегла да го пречека кога се вратил дома во Миспа? Не! Тој рекол: „Му се заветував на Јехова и не можам да го одречам она што го заветував“ (Суд. 11:30, 31, 35). Јефтај си го одржал зборот што му го дал на Јехова, макар што ова значело дека ќе остане без потомци кои ќе го носат неговото име. Иако заветот што го дал Јефтај не е ист со брачниот завет, фактот дека го одржал е добар пример за тоа како треба христијаните што се во брак да го одржат својот завет.

Што е потребно за успешен брак?

7. Какви промени мора да прават оние што стапуваат во брак?

7 Многу брачни парови имаат пријатни спомени од времето кога биле во врска. Колку биле среќни додека излегувале со својот иден брачен другар! Како што поминувало времето, сѐ подобро се запознавале. Сепак, без разлика дали се зеле откако извесно време биле во врска или стапиле во договорен брак, кога на крајот станале маж и жена, и двајцата морале да прават промени. Еден сопруг признава: „Кога се зедовме, главен проблем ни беше да сфатиме дека повеќе не сме самци. Ни требаше време да ги ставиме пријателите и другите членови од семејството на исправното место“. Друг сопруг, кој сега е женет веќе 30 години, речиси уште од самиот почеток сфатил дека, за да биде урамнотежен, ќе мора да почне „да размислува за двајца, а не само за себеси“. Пред да прифати некоја покана или да вети нешто, тој најпрво се договара со жена си, а потоа донесува одлука која им одговара и на двајцата. Во вакви ситуации, многу е важно човек да е спремен да попушта (Изр. 13:10).

8, 9. а) Зошто е важно отворено да се разговара за сѐ? б) На кои полиња е добро да бидете прилагодливи, и зошто?

8 Понекогаш стапуваат во брак двајца луѓе од различни култури. Особено во вакви случаи е важно тие отворено да разговараат. Сепак, сите луѓе не комуницираат на ист начин. За да можеш подобро да го разбереш својот брачен другар, гледај како разговара со своите роднини. Понекогаш начинот на кој се кажуваат работите, а не самите зборови, можат да ни откријат како навистина размислува некое лице. Освен тоа, може многу да се научи од она што не е кажано со збор (Изр. 16:24; Кол. 4:6). Значи, ако сакаме да бидеме среќни, многу е важно да бидеме разборити, односно проникливи. (Прочитај Изреки 24:3.)

9 Кога станува збор за хоби и за рекреација, мнозина сфатиле дека е важно да бидат прилагодливи. Можеби, пред да стапите во брак, твојот сопружник се занимавал со спорт или со друг вид рекреација. Дали сега има потреба од некои промени во тој поглед? (1. Тим. 4:8). Истото важи и за времето што ќе го поминувате со роднините. Ова е разумно, бидејќи брачните парови треба да одвојат време и за духовни активности, како и за други работи што ќе ги прават заедно (Мат. 6:33).

10. Како спремноста да се попушта може да придонесе за добри односи со родителите?

10 Во некои земји, жената ги остава татко си и мајка си кога ќе се омажи, а истото може да се каже и за мажот. (Прочитај 1. Мојсеева 2:24.) Сепак, тие и понатаму се должни да ги почитуваат родителите бидејќи Бог го бара тоа од нив. Затоа, дури и откако двајца ќе стапат во брак, веројатно ќе поминуваат време со своите родители и со други блиски роднини. Еден сопруг, кој е во брак 25 години, вели: „Понекогаш е тешко да ги урамнотежиш желбите и потребите на партнерот со желбите и барањата на твоите родители, на твоите браќа или сестри и на блиските од страната на жената. Стихот од 1. Мојсеева 2:24 многу ми помага да постапувам исправно. Иако треба да сум лојален и одговорен кон другите членови на семејството, овој стих ми покажува дека пред сѐ треба да ѝ бидам лојален на сопругата“. Според тоа, христијанските родители кои се спремни да попуштат, ќе го почитуваат фактот дека нивните деца сега имаат свое сопствено семејство за кое се грижи главно сопругот.

11, 12. Зошто е важно брачните парови заедно да ја проучуваат Библијата и да се молат?

11 Неопходно е брачните другари редовно да ја проучуваат Библијата заедно. Искуството на многу христијански семејства го потврдува ова. Можеби нема да е лесно да се почне со редовно проучување како семејство и тоа да се одржува на долги патеки. Еден сопруг го признава следново: „Кога би можеле повторно да почнеме од почеток и да промениме нешто, главно би ни било, уште од венчавката, да си стекнеме навика редовно да ја проучуваме Библијата заедно“. Тој додава: „Пресреќен сум кога гледам колку се радува жена ми кога ќе откриеме некој духовен бисер додека проучуваме“.

12 И заедничката молитва може многу да помогне (Рим. 12:12). Кога мажот и жената обединето му служат на Јехова, нивниот близок однос со Бог може уште повеќе да им ја зајакне брачната врска (Јак. 4:8). Еден сопруг објаснува: „Ако брзо се извиниш за грешките и ако ги спомнеш во заедничките молитви, покажуваш дека искрено жалиш дури и за ситните работи што предизвикале напнатост“ (Еф. 6:18).

Биди спремен да попуштиш во бракот

13. Каков совет дал Павле во врска со интимните односи во бракот?

13 Христијаните што се во брак не смеат да прават ништо со што би ја понижиле брачната врска. Меѓу другото, тука и спаѓаат работи што се вообичаени во денешниот свет кој е опседнат со секс. Во врска со ова, Павле го дал следниов совет: „Мажот нека ја исполнува брачната должност спрема жената, а исто така и жената спрема мажот. Жената не е господар над своето тело, туку мажот, а исто така и мажот не е господар над своето тело, туку жената“. Потоа го дал и следново јасно упатство: „Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време“. Зошто? „За да се посветите на молитвата, па тогаш повторно состанете се, за да не ве искушува Сатана поради тоа што не можете да се воздржите“ (1. Кор. 7:3-5). Со тоа што ја спомнува молитвата, Павле покажува што е најважно за еден христијанин. Но, тој исто така јасно ставил до знаење дека секој христијанин што е во брак треба да покаже разбирање за физичките и емоционалните потреби на својот брачен другар.

14. Како се применуваат библиските начела на интимните односи во бракот?

14 Мажот и жената треба да се отворени во овој поглед и треба да бидат свесни дека недоволната обѕирност кон интимните потреби на другиот може да води до проблеми. (Прочитај Филипјаните 2:3, 4; спореди Матеј 7:12.) Ова понекогаш се случува во семејства каде што едниот сопружник не е христијанин. Дури и да има несогласувања, христијанинот обично може да ја подобри ситуацијата со своето добро однесување, љубезност и соработка. (Прочитај 1. Петрово 3:1, 2.) Љубовта кон Јехова и кон брачниот другар, заедно со спремноста да се попушти, можат да помогнат во овој аспект од бракот.

15. Како почитта придонесува за среќа во бракот?

15 Љубезниот сопруг ќе се однесува со почит кон својата жена и во други аспекти. На пример, ќе ги зема во обѕир нејзините чувства дури и во мали работи. Еден сопруг, кој е во брак 47 години, признава: „Сѐ уште учам да го правам тоа“. Христијанските сопруги, пак, се советувани длабоко да ги почитуваат своите мажи (Еф. 5:33). Тие не покажуваат почит ако ги критикуваат своите сопрузи и ако ги истакнуваат нивните грешки пред другите. Изреки 14:1 нѐ потсетува: „Вистински мудрата жена си ја гради куќата, а глупавата ја руши со свои раце“.

Не попуштајте му на Ѓаволот

16. Како можат паровите да ги применат во својот брак стиховите од Ефешаните 4:26, 27?

16 „Ако се гневите, немојте да грешите. Сонцето да не зајде, а вие сѐ уште да чувствувате лутина. И не давајте му можност на Ѓаволот да дејствува“ (Еф. 4:26, 27). Доколку ги примениме во пракса, овие зборови можат да ни помогнат да ги решиме или да ги спречиме несогласувањата во бракот. „Не се сеќавам некогаш да сме се скарале со маж ми, а да не сме разговарале за тоа — дури да ни биле потребни и часови за да ја расчистиме работата до крај“, вели една сестра. Кога се зеле, таа и маж ѝ цврсто одлучиле никогаш да не ги оставаат работите нерасчистени до следниот ден. „Бевме решени да простиме и да заборавиме, сеедно за каков проблем стануваше збор. Сакавме секој ден да го почнеме од почеток.“ На тој начин, ‚не му дале можност на Ѓаволот да дејствува‘.

17. Дури и кога се чини дека двајцата брачни другари не си одговараат, што може да им биде од помош?

17 Но, што ако си стапил во брак со некој за кого подоцна си сфатил дека не ти одговара? Можеби мислиш дека во твојот брак нема толку љубов колку што ти се чини дека има во другите бракови. Ако е така, од голема помош ќе ти биде да размислуваш како Творецот гледа на брачната врска. Воден од светиот дух, Павле ги советувал христијаните: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста, зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“ (Евр. 13:4). А не смее да се превиди ни она што стои во Проповедник 4:12: „Трикратно јаже не се кине лесно“. Кога и на мажот и на жената им е многу важно да се посвети Јеховиното име, тие се врзани еден за друг, а и за Бог. Мора да се трудат да си го подобрат бракот, свесни дека тоа ќе остави добар впечаток и за Јехова, Основачот на бракот (1. Пет. 3:11).

18. Во што можеш да бидеш уверен во однос на бракот?

18 Навистина е можно бракот да биде извор на радост за христијаните. Но, за да биде така, ќе треба да вложат труд и да покажуваат христијански особини, меѓу кои е и спремноста да попуштаат. Денес, во собранијата на Јеховините сведоци низ целиот свет, има безброј брачни парови кои се жив доказ дека бракот може да биде извор на радост.

Како би одговорил?

• Зошто не е невозможно бракот да биде извор на радост?

• Што е потребно за успешен брак?

• Кои особини треба да ги развиваат брачните другари?

[Слика на страница 9]

Брачните двојки мудро разговараат пред да прифатат некоја покана или да договорат нешто

[Слика на страница 10]

Труди се да ги решиш несогласувањата уште истиот ден, и ‚не давај му можност на Ѓаволот да дејствува‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели