ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/3 стр. 21-25
  • „Кој е меѓу вас мудар и разборит?“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Кој е меѓу вас мудар и разборит?“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Постапките покажуваат дали некој е вистински мудар
  • По што се познаваат оние кои не се мудри
  • Особини што се трудат да ги покажуваат мудрите
  • Облечете се во благост!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали те води „мудроста одозгора“?
    Приближи му се на Јехова
  • Благост — како може да ни користи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Благоста — неопходна христијанска особина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/3 стр. 21-25

„Кој е меѓу вас мудар и разборит?“

„Кој е меѓу вас мудар и разборит? Со примерниот живот нека ги покаже своите дела со благост која ѝ е својствена на мудроста“ (ЈАК. 3:13).

1, 2. Што може да се каже за мнозина што светот ги смета за мудри?

СПОРЕД тебе, кој е навистина мудар? Дали можеби мислиш дека тоа се твоите родители, или некој постар човек или, пак, некој универзитетски професор? Твојот одговор на ова прашање веројатно ќе зависи од околностите во кои си пораснал и во кои живееш. Сепак, за Божјите слуги е најважно кои лица Бог ги смета за вистински мудри.

2 Мнозина од оние што светот ги смета за мудри не се вистински мудри во Божји очи. На пример, Јов зборувал со луѓе кои мислеле дека кажуваат мудри зборови, но на крајот заклучил: „Не наоѓам мудар човек меѓу вас!“ (Јов 17:10). За некои што не сакале да знаат за Бог, апостол Павле напишал: „Тврдеа дека се мудри, но станаа безумни“ (Рим. 1:22). А преку пророкот Исаија, самиот Јехова нагласил: „Тешко на оние што се мудри во свои очи!“ (Иса. 5:21).

3, 4. Што е потребно за некој да биде вистински мудар?

3 Јасно е, мора да утврдиме што е потребно за навистина да бидеме мудри и, како резултат на тоа, да ја имаме Божјата љубов. Изреки 9:10 ни го дава следниов совет: „Стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне мудрост, а знаењето за Најсветиот донесува разборитост“. Мудриот мора да има исправен страв од Бог и да ги почитува Неговите мерила. Сепак, потребно е повеќе отколку само да се согласиме со фактот дека Бог постои и дека поставил одредени мерила. Ученикот Јаков ни помага подлабоко да размислиме за оваа работа. (Прочитај Јаков 3:13.) Забележи го изразот: „Со примерниот живот нека ги покаже своите дела“. Значи, вистинската мудрост треба да се гледа во она што секојдневно го зборуваме и го правиме.

4 Вистински мудар е оној што користи здрав разум и успешно го применува она што го знае и го разбира. Кои постапки ќе откријат дали сме вистински мудри? Јаков наведува повеќе обележја што можат да се видат во постапките на мудрите лица.a Што кажал тој и како можат неговите зборови да ни помогнат да бидеме во добри односи со соверниците и со луѓето надвор од собранието?

Постапките покажуваат дали некој е вистински мудар

5. Како ќе постапува оној што е вистински мудар?

5 Вреди повторно да се спомне дека Јаков ја поврзал мудроста со примерните постапки. Бидејќи стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне мудрост, мудриот човек се труди да постапува во согласност со Божјите мерила и со начинот на кој размислува и постапува Бог. Ние не се раѓаме со небесна мудрост. Сепак, можеме да ја стекнеме ако редовно ја проучуваме Библијата и длабоко размислуваме за неа. Тоа ќе ни помогне да го правиме она на што сме поттикнати во Ефешаните 5:1: „Угледајте се на Бог“. Колку повеќе постапуваме како што би постапувал Јехова, толку поголема мудрост ќе одразуваат нашите дела. Јеховините патишта се далеку подобри од човечките патишта (Иса. 55:8, 9). Затоа, ако ги правиме работите како што сака Јехова, луѓето што не се дел од христијанското собрание ќе видат дека ние сме поинакви од другите.

6. Зошто благоста е доказ дека се угледуваме на Бог, и што вклучува оваа особина?

6 Јаков вели дека еден начин на кој можеме да бидеме како Јехова е да имаме „благост која ѝ е својствена на мудроста“. Иако благиот христијанин е нежен, тој истовремено има и цврст карактер кој му помага да постапува урамнотежено. Иако има неизмерна сила, Бог е благ и затоа не се плашиме да му пристапиме. А Божјиот Син во толкава мера ја одразувал благоста на својот Татко што можел да рече: „Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени, и јас ќе ве закрепнам. Земете го мојот јарем на себе и учете од мене, зашто јас сум благ и со понизно срце, и ќе најдете поткрепа за своите души!“ (Мат. 11:28, 29; Фил. 2:5-8).

7. Зошто Мојсеј ни е добар пример за благост?

7 Библијата зборува и за други лица кои покажувале извонредна благост или кроткост. Мојсеј е еден од нив. Иако носел големи одговорности, тој е опишан како „најкроткиот од сите луѓе на земјата“ (4. Мој. 11:29; 12:3). Сети се само каква сила му дал Јехова за да ја изврши Неговата волја. Јехова сака да ги користи кротките поединци за да ја исполни својата намера.

8. Како можат несовршените луѓе да покажуваат „благост која ѝ е својствена на мудроста“?

8 Јасно е дека несовршените луѓе можат да покажуваат „благост која ѝ е својствена на мудроста“. А како е со нас? Како можеме и ние уште повеќе да ја покажуваме оваа особина? Благоста е еден од плодовите на Јеховиниот свет дух (Гал. 5:22, 23). Можеме да се молиме за неговиот дух и свесно да се напрегаме да ги покажуваме плодовите на духот, уверени дека Бог ќе ни помогне уште повеќе да ја покажуваме и благоста. Псалмистот нѐ уверува дека имаме силен мотив да го правиме тоа, кога вели: „[Бог] ќе ги учи кротките за својот пат“ (Пс. 25:9).

9, 10. Каков труд треба да вложиме за да покажуваме вистинска благост, и зошто?

9 Сепак, можеби ќе треба да вложиме многу труд за да се подобриме на ова поле. Со оглед на условите во кои сме растеле, на некои од нас не им е лесно да бидат благи. Освен тоа, и луѓето околу нас можеби нѐ наведуваат да го правиме сосем спротивното, велејќи дека треба „да враќаме мило за драго“. Но, дали е тоа навистина мудро? Ако во твојата куќа избувне мал пожар, дали ќе го гаснеш со бензин или со ладна вода? Ако фрлиш бензин во огнот, тој ќе се разгори уште повеќе, но ако се обидеш да го изгаснеш со ладна вода, веројатно ќе успееш во тоа. Слично на ова, Библијата нѐ советува: „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“ (Изр. 15:1, 18). Кога следниот пат ќе дојде до несогласување, или во собранието или надвор од него, дали сфаќаме дека можеме да покажеме вистинска мудрост со тоа што ќе постапиме благо? (2. Тим. 2:24).

10 Како што спомнавме погоре, мнозина од луѓето врз кои влијае духот на светот воопшто не се нежни, мирољубиви и смирени. Напротив, на секој чекор наидуваме на груби и арогантни лица. Јаков бил свесен за ова, и затоа ги предупредил членовите на собранието да внимаваат да не се заразат од тој дух. Што друго учиме од советите што ги дал овој ученик?

По што се познаваат оние кои не се мудри

11. Кои обележја се спротивни на Божјата мудрост?

11 Јаков многу отворено пишува и за особините што се сосема спротивни на Божјата мудрост. (Прочитај Јаков 3:14.) Љубомората и кавгаџиството се обележја на телесните, а не на духовните личности. Следниов пример ни покажува што може да се случи кога преовладува телесното размислување. Шест „христијански“ групи контролираат делови од Црквата на светиот гроб во Ерусалим, која наводно е изградена каде што бил погубен и погребан Исус. Меѓу овие групи постојано владеат напнати односи. Во 2006 год., списанието Time известило за една недамнешна ситуација кога тамошните монаси „се карале со часови... и се мавале со огромните свеќници“. Со оглед на тоа што меѓу нив постои толку силна недоверба, клучот од црквата го чува еден муслиман!

12. Што може да се случи кога недостига мудрост?

12 Во вистинското христијанско собрание воопшто нема место за вакви тешки расправии. Сепак, одвреме-навреме, како резултат на несовршеноста, некои тврдоглаво се држат за своето мислење. Ова може да води до некој вид караници и немири. Бидејќи апостол Павле забележал дека вакво нешто се случувало во коринтското собрание, тој им пишал на тамошните браќа: „Додека меѓу вас има љубомора и караници, зарем не сте телесни и зарем не постапувате како и другите луѓе?“ (1. Кор. 3:3). Ваква жална ситуација навистина постоела некое време во ова собрание од првиот век. Затоа, мора да внимаваме таквиот дух да не влезе и во некое собрание денес.

13, 14. Наведи примери за тоа како некогаш може да се покаже телесен дух.

13 Како може да навлезе еден таков дух? Преку ситни работи. На пример, кога се гради Сала на Царството, можеби ќе има различни мислења за тоа како да се прават работите. Некој брат може да се налути ако неговиот предлог не се прифати, и потоа може да почне да зборува меѓу браќата дека не била донесена добра одлука. Можеби дури и ќе одбие да помага во натамошната изградба на Салата! Оној што постапува на ваков начин не треба никогаш да изгуби од вид дека, дали добро ќе се заврши некој собраниски проект, обично не зависи од специфичните методи што се користат туку од мирољубивиот дух во собранието. Јехова го благословува благиот дух, а не кавгаџиството (1. Тим. 6:4, 5).

14 Друг пример би можел да биде ако старешинството во едно собрание увиди дека некој собраниски старешина, кој служел во тоа својство повеќе години, сега очигледно не ги исполнува библиските барања за оваа служба. При следната посета, покраинскиот надгледник гледа дека веќе му биле дадени конкретни совети во минатото, но тој не се подобрил. Како резултат на тоа, можеби покраинскиот ќе се согласи со старешинството и ќе препорачаат тој брат повеќе да не биде старешина. Како овој брат ќе гледа на тоа? Ќе ги прифати ли со понизност и со благост едногласната одлука на старешините и советите од Библијата, и ќе биде ли решен да се труди да ги исполни библиските услови за еден ден повторно да служи како старешина? Или, пак, ќе биде огорчен и гневен што ја изгубил одговорната служба која ја имал порано? Зошто воопшто некој брат би се правел дека ги исполнува условите за старешина ако, всушност, не е така? Колку помудро би било да покаже понизност со тоа што ќе ја прифати одлуката на старешините и ќе го примени нивниот совет!

15. Зошто сметаш дека вдахновениот совет во Јаков 3:15, 16 е толку важен?

15 Се разбира, сличен став би можел да се покаже и во други работи. Сепак, без оглед на ситуацијата, мора да се трудиме да не покажуваме такви особини. (Прочитај Јаков 3:15, 16.) Ученикот Јаков ги нарекол таквите ставови ‚земни‘, бидејќи тие се телесни, и немаат ништо духовно. Тие се ‚телесни‘ и во таа смисла што се производ на телесните склоности, кои се слични на нагоните што ги имаат животните. Тие ставови се ‚демонски‘ бидејќи ги одразуваат особините на Божјите духовни непријатели. Значи, воопшто не би било во ред еден христијанин да ги покажува тие особини!

16. Кои промени можеби ќе треба да ги направиме, и како можеме да успееме во тоа?

16 Добро е секој член на собранието да се преиспита и да се труди да ги отстрани ваквите особини. Како учители во собранието, надгледниците треба да бидат свесни дека е неопходно да се ослободат од негативни ставови. Но, не е лесно да успееме во ова затоа што сме несовршени и овој свет влијае врз нас. Тоа е исто како да се обидуваме да се искачиме по каллива, лизгава падина. Ако нема за што да се фатиме, едноставно ќе се лизнеме надолу. Меѓутоа, ако цврсто се држиме за советите од Библијата и ја прифатиме помошта од Божјето меѓународно собрание, ќе можеме да одиме напред (Пс. 73:23, 24).

Особини што се трудат да ги покажуваат мудрите

17. Како обично реагираат мудрите кога се соочени со лоши работи?

17 (Прочитај Јаков 3:17.) Ќе биде многу добро да размислиме за некои особини кои ќе ги имаме ако ја покажуваме „мудроста одозгора“. Чист е оној што има чисти и неизвалкани мотиви и постапки. Лошите работи треба веднаш да ги отфрлиме. Тоа треба да ни биде автоматска реакција. Можеби некогаш си бил на лекар кој, за да ти ги провери рефлексите, те удрил со медицинско чеканче веднаш под коленото. Твојата нога рефлексно се кренала напред како да сакаш да клоцнеш. Ова е автоматска реакција — ногата се крева несвесно, ти не си размислувал да ја кренеш. Слично треба да реагираме и кога сме на искушение да направиме нешто лошо. Нашата чистота, како и совеста што ни е обликувана со помош на Библијата, треба да нѐ поттикнат рефлексно да го отфрлиме она што е лошо (Рим. 12:9). Библијата спомнува некои лица кои реагирале на ваков начин, на пример, Јосиф и Исус (1. Мој. 39:7-9; Мат. 4:8-10).

18. Што значи а) да се биде мирољубив? б) да се биде миротворец?

18 Мудроста одозгора исто така налага да бидеме мирољубиви. Ова значи да не бидеме насилни и борбени, и да не правиме нешто со кое би го нарушиле мирот. Јаков го дообјаснува ова со зборовите: „Плодот на праведноста се сее во мир и ќе го соберат оние што творат мир“ (Јак. 3:18). Забележи го изразот „творат мир“. Дали во собранието сме познати како миротворци или како борци против мирот? Дали често имаме несогласувања со другите, и дали лесно се навредуваме или ги навредуваме другите? Дали упорно бараме сите да нѐ прифатат такви какви што сме или, пак, понизно се напрегаме да ги отстраниме кај себе оние карактерни црти кои со право им сметаат на другите? Дали сме познати како луѓе што даваат сѐ од себе за работите да течат во мир? Дали брзо им простуваме на другите и дали ги забораваме нивните грешки? Ако искрено се преиспитаме, ќе видиме дали треба да се подобриме во овој поглед за уште повеќе да ја покажуваме мудроста одозгора.

19. На кој начин некој станува познат како разумна личност?

19 Јаков вели дека мудроста одозгора се одликува и со разумност. Дали сме познати по тоа што им попуштаме на другите кога не е вклучено некое библиско начело, и не инсистираме веднаш да се следат нашите лични мерила? Дали сме познати како пријатни лица со кои е многу лесно да се разговара? Ова покажува дека сме научиле да бидеме разумни.

20. Кој ќе биде резултатот од тоа што ги покажуваме Божјите особини за кои зборувавме?

20 Колку е прекрасно да се биде дел од едно собрание каде што браќата и сестрите се трудат сѐ повеќе да ги покажуваат Божјите особини за кои пишувал Јаков! (Пс. 133:1-3). Ако сме благи, мирољубиви и разумни едни со други, сигурно ќе имаме подобри меѓусебни односи и ќе покажеме дека ја имаме „мудроста одозгора“. Во следната статија ќе разгледаме како тоа што ќе учиме да ги гледаме другите како што ги гледа Јехова може да ни помогне во овој поглед.

[Фуснота]

a Контекстот покажува дека Јаков пред сѐ зборува за старешините, односно „учителите“ во собранието (Јак. 3:1). Се разбира, тие треба да ни бидат пример во покажувањето вистинска мудрост, но советите на Јаков важат и за сите нас.

Можеш ли да објасниш?

• Што го прави христијанинот вистински мудар?

• Како можеме уште повеќе да ја покажуваме Божјата мудрост?

• Кои особини можат да се видат кај оние што не ја покажуваат „мудроста одозгора“?

• Кои особини си решен да ги имаш во уште поголема мера?

[Слика на страница 23]

Како може да се вовлече немир денес?

[Слика на страница 24]

Дали автоматски го отфрлаш лошото?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели