ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/4 стр. 7-11
  • Барај водство од Бог во сѐ

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Барај водство од Бог во сѐ
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да имаме доверба во Јеховиното водство?
  • Кога ни треба водство?
  • Зошто е опасно ако не бараме водство од Бог
  • Што е потребно за да ги следиме Божјите совети?
  • Како нѐ води Јехова?
  • Каде можеш да најдеш сигурно водство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Продолжи да го следиш Јеховиното водство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Јехова го води својот народ по патот до вечен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Како донесуваш одлуки?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/4 стр. 7-11

Барај водство од Бог во сѐ

„Тој Бог е нашиот Бог довека, за сета вечност. Тој ќе нѐ води додека не умреме“ (ПС. 48:14).

1, 2. Зошто треба да го следиме Јеховиното водство, наместо да имаме доверба во сопствената мудрост, и кои прашања се поставуваат?

КОГА размислуваме кои работи се безвредни или штетни, лесно може да се излажеме (Изр. 12:11). Ако навистина сакаме да направиме нешто што не би било во ред за еден христијанин, нашето срце обично ќе најде убедливи причини за да нѐ оправда (Ерем. 17:5, 9). Затоа, псалмистот покажал дека е мудар кога му се молел на Јехова: „Испрати ги својата светлина и својата вистина. Нека ме водат“ (Пс. 43:3). Тој имал доверба во Јехова, а не во својата ограничена мудрост. Всушност, и не можел да бара водство од подобар извор! Исто како псалмистот, добро е и ние да бараме водство од Бог.

2 Но, зошто треба да имаме најголема доверба во Јеховиното водство? Зошто треба да го бараме? Што ќе ни помогне за да го прифатиме неговото водство, и како нѐ води Јехова денес? Овие важни прашања ќе бидат разгледани во оваа статија.

Зошто да имаме доверба во Јеховиното водство?

3-5. Од кои причини имаме потполна доверба во Јеховиното водство?

3 Јехова е нашиот небесен Татко (1. Кор. 8:6). Тој потполно нѐ познава сите нас и може да ни го чита срцето (1. Сам. 16:7; Изр. 21:2). Цар Давид му рекол на Бог: „Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, оддалеку ми ги распознаваш мислите. Зашто, уште не ми дошле зборовите на јазикот, а ти, Јехова, веќе сите ги знаеш“ (Пс. 139:2, 4). Со оглед на тоа што Јехова толку добро нѐ познава, зар можеме да се сомневаме дека тој знае што е најдобро за нас? Освен тоа, Јехова е семудар. Тој гледа сѐ, може да проникне подлабоко од кој и да било човек, и уште од самиот почеток знае како ќе завршат работите (Иса. 46:9-11; Рим. 11:33). Тој е Бог, „единствениот мудар“ (Рим. 16:27).

4 Исто така, Јехова нѐ сака и секогаш ни го посакува најдоброто (Јован 3:16; 1. Јов. 4:8). Поради својата огромна љубов, тој е великодушен кон нас. Ученикот Јаков напишал: „Секој добар дар и секој совршен подарок е одозгора, зашто слегува од Таткото на небесните светла“ (Јак. 1:17). Оние што му дозволуваат на Бог да ги води имаат голема корист од неговата великодушност.

5 И, на крајот, Јехова е семоќен. Во врска со ова, псалмистот рекол: „Кој живее во тајното засолниште на Севишниот, ќе престојува во сенката на Семоќниот. Ќе му речам на Јехова: ‚Ти си моето засолниште и мојата тврдина, мојот Бог, во кого ќе имам доверба‘“ (Пс. 91:1, 2). Кога го следиме водството што ни го дава Јехова, ние бараме засолниште кај Богот кој секогаш може да ни помогне. Дури и да се соочиме со противење, Јехова ќе нѐ поддржува. Тој нема да нѐ изневери (Пс. 71:4, 5; прочитај Изреки 3:19-26). Јехова навистина знае што е најдобро за нас, ни го посакува најдоброто и има моќ да ни го даде тоа. Колку глупаво би било да не го прифатиме неговото водство! Но, кога ни треба тоа водство?

Кога ни треба водство?

6, 7. Кога ни треба Јеховиното водство?

6 Всушност, Божјето водство ни треба во текот на целиот живот, од младост до старост. Псалмистот рекол: „Тој Бог е нашиот Бог довека, за сета вечност. Тој ќе нѐ води додека не умреме“ (Пс. 48:14). Исто како псалмистот, мудрите христијани постојано бараат водство од Бог.

7 Сепак, понекогаш имаме особено итна потреба од помош. Одвреме-навреме ќе се најдеме на „големи маки“ — можеби ќе се соочиме со прогонство, тешка болест или одеднаш ќе ја изгубиме работата (Пс. 69:16, 17). Кога ќе се случи такво нешто, утешно е да му се обратиме на Јехова со целосна доверба дека тој ќе ни даде сила да истраеме и ќе нѐ води за да донесеме добри одлуки. (Прочитај Псалм 102:17.) Но, потребна ни е помош и во други прилики. На пример, кога одиме да зборуваме со луѓето за добрата вест за Царството, имаме потреба Јехова да нѐ води ако сакаме нашето сведочење да роди плод. И, секогаш кога треба да донесеме одлука — сеедно дали се работи за рекреација, облекување, личен изглед, друштво, вработување, образование или што и да е друго — ќе постапиме мудро само ако ги следиме советите што ни ги дава Јехова. Всушност, нема ситуација во која не ни е потребно неговото водство.

Зошто е опасно ако не бараме водство од Бог

8. Што значело тоа што Ева јадела од забранетиот плод?

8 Не заборавај дека мора да бидеме и спремни да го следиме Јеховиното водство. Бог нема да нѐ присили да го слушаме ако ние не го сакаме тоа. Ева била првото човечко суштество што одлучило да не го следи Јеховиното водство, и од нејзиниот пример гледаме колку тешки последици може да има една таква одлука. Освен тоа, размисли што значело тоа. Ева јадела од забранетиот плод затоа што сакала ‚да стане како Бог и да знае што е добро, а што зло‘ (1. Мој. 3:5). Правејќи го тоа, таа се ставила на местото на Бог и, наместо да ги следи Јеховините упатства, сама донела одлука што е добро, а што зло. Со ова таа го отфрлила Јехова како Севишен Господар бидејќи сакала самата да си биде свој господар. Нејзиниот маж, Адам, се повел по неа, па и тој станал бунтовник (Рим. 5:12).

9. Што, всушност, правиме ако го отфрлиме Јеховиното водство, и зошто е тоа многу немудро?

9 Ако не го следиме Јеховиното водство денес, исто како Ева, и ние не признаваме дека тој има право да одреди што е добро, а што зло. На пример, размисли за некој што си стекнал навика да гледа порнографски материјали. Ако е поврзан со христијанското собрание, тој знае кои упатства ги дава Јехова во врска со таа работа. Христијаните не смеат ни да спомнуваат нечисти работи, а камоли да ги гледаат со страст (Еф. 5:3). Ако не ги слуша Јеховините упатства, таквиот човек го отфрла Јехова како Владетел, односно како Поглавар (1. Кор. 11:3). Тоа е многу немудро бидејќи, како што рекол Еремија, „човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Ерем. 10:23).

10. Зошто треба одговорно да ја користиме нашата слободна волја?

10 Некои можеби не се согласуваат со зборовите на Еремија бидејќи мислат дека, штом Јехова ни дал слободна волја, не треба да нѐ критикува кога ја користиме. Но, не заборавај дека слободната волја не е само дар, туку таа со себе носи и одговорност. Ние сме одговорни за своите зборови и постапки (Рим. 14:10). Исус рекол: „Устата го зборува она со кое е полно срцето“. Тој исто така рекол: „Од срцето излегуваат зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули“ (Мат. 12:34; 15:19). Значи, нашите зборови и постапки откриваат што ни е во срцето. Тие покажуваат какви навистина сме однатре. Затоа еден мудар христијанин бара водство од Јехова во сѐ. Тоа му покажува на Јехова дека тоа лице има „непорочно срце“, и затоа Тој ќе ‚му направи добро‘ (Пс. 125:4).

11. Што учиме од минатото на Израелците?

11 Сети се на минатото на Израелците. Кога тој народ донесувал добри одлуки и ги слушал Јеховините заповеди, Јехова го штител (Ис. Нав. 24:15, 21, 31). Но, честопати тие ја злоупотребувале својата слободна волја. Во времето на Еремија, во врска со нив Јехова рекол: „Тие не слушаа и не го приклонија своето уво, туку се поведуваа по замислите на своето тврдокорно и злобно срце, па назадуваа наместо да напредуваат“ (Ерем. 7:24-26). Колку жално! Да пазиме никогаш да не ни се случи нашата тврдоглавост или самопопустливост да нѐ наведат да го отфрлиме Јеховиното водство и да се поведеме по сопствените замисли, па на крајот да ‚назадуваме наместо да напредуваме‘!

Што е потребно за да ги следиме Божјите совети?

12, 13. а) Која особина нѐ тера да сакаме да го следиме Јеховиното водство? б) Зошто верата е неопходна?

12 Нашата љубов кон Јехова нѐ тера да сакаме да го следиме неговото водство (1. Јов. 5:3). Но, Павле покажал дека ни е потребно уште нешто, кога рекол: „Живееме според верата, а не според она што го гледаме“ (2. Кор. 5:6, 7). Зошто е важна верата? Затоа што, иако Јехова нѐ води по „праведни патеки“, тие патеки не нѐ водат до богатство или висока положба во овој свет (Пс. 23:3). Од таа причина, нашите очи на верата треба да ги впериме во неспоредливите духовни награди што ќе ги имаме затоа што му служиме на Јехова. (Прочитај 2. Коринќаните 4:17, 18.) А верата ни помага и да бидеме задоволни со малку (1. Тим. 6:8).

13 Исус покажал дека службата за вистинскиот Бог ќе бара и жртви од нас, а за да бидеме самопожртвувани, исто така ни е потребна вера (Лука 9:23, 24). Некои верни Божји слуги направиле огромни жртви и трпеле немаштија, угнетување, предрасуди и сурово прогонство (2. Кор. 11:23-27; Отк. 3:8-10). Само непоколебливата вера им помогнала да го прават тоа со радост (Јак. 1:2, 3). Непоколебливата вера ни влева цврста доверба дека секогаш е најдобро да го следиме Јеховиното водство. Тоа е секогаш за наше трајно добро. Ние сме апсолутно сигурни дека наградата што ќе ја добијат оние кои верно ќе истраат е многу поголема од кое и да било моментално страдање (Евр. 11:6).

14. Зошто Агара морала да покаже понизност?

14 Размисли и за улогата што ја има понизноста во тоа дали ќе го следиме Јеховиното водство. Добар пример за ова е Агара, слугинката на Сара. Кога Сара мислела дека ќе нема деца, му ја дала својата слугинка на Авраам, и таа останала бремена од него. Тогаш Агара почнала да постапува дрско со својата господарка, која била неротка. Затоа Сара ‚почнала да ја понижува‘, и Агара побегнала. Но, ја пресретнал еден ангел на Јехова и ѝ рекол: „Врати се кај својата господарка и понижи се под нејзината рака!“ (1. Мој. 16:2, 6, 8, 9). Можеби на Агара многу не ѝ се допаднало тоа упатство. За да постапи во склад со советот на ангелот, морала да престане да се однесува дрско. Како и да е, Агара понизно постапила како што ѝ рекол ангелот, и нејзиниот син, Исмаел, се родил на сигурно, во логорот на својот татко.

15. Наведи некои ситуации во кои би морале да се понизиме за да го следиме Јеховиното водство денес.

15 За да го следиме Јеховиното водство, можеби и ние ќе треба да се понизиме. Некои ќе мораат да прифатат дека рекреацијата во која уживаат не му се допаѓа на Јехова. Некој христијанин можеби навредил некого и мора да му се извини. Или, можеби направил грешка и треба да си ја признае. Што ако некој направил тежок грев? Ќе мора да се понизи и да им го признае гревот на старешините. Некој може да биде и исклучен. Ако повторно сака да биде примен во собранието, ќе мора понизно да се покае и да се преобрати. Во вакви и слични ситуации, утешни се зборовите од Изреки 29:23: „Вообразеноста го понижува човекот, а оној што е понизен се здобива со чест“.

Како нѐ води Јехова?

16, 17. Како може да имаме најголема корист од Библијата, која е извор на Божје водство?

16 Бог главно нѐ води преку Библијата, која е неговата вдахновена Реч. (Прочитај 2. Тимотеј 3:16, 17.) За да имаме најголема корист од таа Реч, мудро е да не чекаме да дојде до тешка ситуација, па да бараме помош од неа. Напротив, сакаме секој ден да ја читаме (Пс. 1:1-3). Така подобро се запознаваме со она што стои во неа. Божјите мисли стануваат наши мисли и спремно можеме да се соочиме дури и со неочекувани проблеми.

17 Се разбира, важно е и длабоко да размислуваме за она што го читаме од Библијата и да се молиме во врска со тоа. Додека се задлабочуваме во некои библиски стихови, добро е да размислуваме како би можеле да ги примениме во конкретни ситуации (1. Тим. 4:15). Кога ќе се соочиме со тешки проблеми, му се молиме на Јехова и бараме да ни помогне да го најдеме потребното водство. Јеховиниот дух ќе ни помогне да се сетиме на корисни библиски начела што сме ги прочитале или од самата Библија или од библиските публикации. (Прочитај Псалм 25:4, 5.)

18. Како го користи Јехова христијанското братство за да нѐ води?

18 Нашето христијанско братство е уште еден скапоцен извор преку кој можеме да добиеме водство од Јехова. Еден главен дел од тоа братство е „верниот и разборит роб“ со својот застапник, Водечкото тело, и тој „роб“ постојано ни дава духовна храна во облик на печатен материјал и програма за состаноците и собирите (Мат. 24:45-47; спореди Дела 15:6, 22-31). Освен тоа, во христијанското братство има зрели поединци, особено старешините, кои можат лично да помагаат и да даваат совети од Библијата (Иса. 32:1). Младите што живеат во христијански семејства имаат уште еден скапоцен извор на водство. Бог им доверил одговорност на христијанските родители да им го пренесат неговото водство на своите деца, и младите се поттикнати да бараат совет од нив (Еф. 6:1-3).

19. Какви благослови добиваме затоа што постојано бараме водство од Јехова?

19 Значи, Јехова ни дава водство на многу начини и би било добро во потполност да го искористиме. Осврнувајќи се на еден период кога Израелците му биле верни на Бог, цар Давид рекол: „Во тебе имаа доверба нашите татковци, имаа доверба, и ти ги избавуваше. Кон тебе викаа, и беа спасени. Во тебе имаа доверба, и не се посрамија“ (Пс. 22:3-5). Ако со доверба го следиме Јеховиното водство, и ние ‚нема да се посрамиме‘. Нашата надеж нема да биде залудна. Ако ‚му ги префрлиме на Јехова животните грижи‘, наместо да се потпираме на сопствената мудрост, уште сега ќе доживееме богати благослови (Пс. 37:5). А ако верно истраеме, тие благослови ќе бидат вечни. Цар Давид напишал: „Јехова ја сака правдата и нема да ги остави оние што му се лојални. Тие ќе бидат заштитени за навек... Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Пс. 37:28, 29).

Можеш ли да објасниш?

• Зошто имаме доверба во Јеховиното водство?

• Што би покажале доколку би го отфрлиле Јеховиното водство?

• Во кои ситуации христијаните треба да бидат понизни?

• Како нѐ води Јехова денес?

[Слики на страница 8]

Дали бараш водство од Јехова на секое поле на животот?

[Слика на страница 9]

Ева го отфрлила Јехова како Севишен Господар

[Слика на страница 10]

Која особина ѝ била потребна на Агара за да ги послуша упатствата на ангелот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели