ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/5 стр. 3-7
  • Како треба да се однесуваме со другите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како треба да се однесуваме со другите?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Биди кроток
  • Колку се среќни милосрдните!
  • Зошто се среќни „миротворците“
  • „Нека свети вашата светлина“
  • „Помири се со братот“
  • Секогаш покажувај почит кон другите
  • Како зборовите на Исус ни помагаат да бидеме среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Среќни слуги на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • „Нека свети вашата светлина“
    Нашата служба за Царството 2001
  • Колку се среќни оние со блага нарав!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/5 стр. 3-7

Како треба да се однесуваме со другите?

„Како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие ним“ (ЛУКА 6:31).

1, 2. а) Што е Проповедта на гората? б) Што ќе разгледаме во оваа и во следната статија?

ИСУС ХРИСТОС навистина бил Голем Учител. Кога неговите верски непријатели испратиле луѓе за да го уапсат, тие се вратиле со празни раце и им рекле: „Никој никогаш не зборувал така“ (Јован 7:32, 45, 46). Еден од најдобрите говори на Исус била Проповедта на гората. Запишана е во поглавјата 5 — 7 од Евангелието според Матеј, а слични информации се изнесени и во Лука 6:20-49.a

2 Веројатно најпозната изјава од таа проповед е онаа што честопати се нарекува Златното правило. Поврзана е со начинот на кој се однесуваме со другите. „Како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие ним“, рекол Исус (Лука 6:31). И, тој навистина им правел многу добрини на луѓето! Ги лекувал болните, па дури и ги воскреснувал мртвите. Но, најблагословени биле оние што ја прифатиле добрата вест за која ги поучувал. (Прочитај Лука 7:20-22.) Како Јеховини сведоци, и ние со задоволство им проповедаме на другите за Царството (Мат. 24:14; 28:19, 20). Во оваа и во следната статија ќе разгледаме што кажал Исус за ова дело, како и други мисли од Проповедта на гората што покажуваат како треба да се однесуваме со другите.

Биди кроток

3. Како би ја дефинирал кроткоста?

3 Исус рекол: „Среќни се кротките, зашто ќе ја наследат земјата“ (Мат. 5:5). Според Библијата, кроткоста воопшто не е слабост. Може да се каже дека тоа е благост која ја покажуваме затоа што Бог ја очекува од нас, а се гледа во начинот на кој се однесуваме со другите луѓе. На пример, ‚никому не му враќаме зло за зло‘ (Рим. 12:17-19).

4. Зошто се среќни кротките?

4 Кротките се среќни затоа што „ќе ја наследат земјата“. Исус, кој бил „благ и со понизно срце“, односно кроток, е ‚поставен за наследник на сѐ‘, што значи дека е и главниот Наследник на Земјата во таа смисла што ќе владее со неа (Мат. 11:29; Евр. 1:2; Пс. 2:8). Освен тоа, било проречено дека Месијата — ‚синот човечки‘ — ќе има совладетели во небесното Царство (Дан. 7:13, 14, 21, 22, 27). Како „сонаследници Христови“, 144.000 кротки лица ќе ја наследат Земјата заедно со Исус (Рим. 8:16, 17; Отк. 14:1). А под владата на тоа Царство, и други кротки луѓе ќе бидат благословени со вечен живот на Земјата (Пс. 37:11).

5. Како ќе се одрази на нас тоа што се трудиме да бидеме кротки како Исус?

5 Ако сме груби, веројатно нема да им бидеме пријатно друштво на другите, па затоа ќе нѐ избегнуваат. Но, ако сме кротки, односно благи како Исус, ќе бидеме пријатни членови на собранието и духовно ќе ги храбриме нашите браќа. Благоста е плод кој во нас го создава силата со која се служи Бог — се разбира, доколку „живееме според духот“. (Прочитај Галатите 5:22-25.) Ние сигурно сакаме да бидеме меѓу кротките лица кои ги води Јеховиниот свет дух!

Колку се среќни милосрдните!

6. Какви извонредни особини имаат милосрдните луѓе?

6 Во својата Проповед на гората, Исус исто така рекол: „Среќни се милосрдните, зашто ќе им биде покажано милосрдие“ (Мат. 5:7). Милосрдните имаат длабоко сочувство и љубезно покажуваат разбирање, па дури и сожалување, кон оние што се во неповолна положба. Исус правел чуда за да им го олесни страдањето на луѓето бидејќи ‚се сожалувал‘ или ‚му паѓало жал‘ за нив (Мат. 14:14; 20:34). Значи, сожалувањето и обѕирот кон другите треба да нѐ поттикнат и нас да бидеме милосрдни (Јак. 2:13).

7. Што направил Исус затоа што се сожалил на мноштвото народ?

7 Еднаш, Исус сакал малку да се одмори, но го пресретнало мноштво народ. Тогаш тој ‚се сожалил на нив, зашто биле како овци без пастир‘, и ‚почнал да ги поучува за многу работи‘ (Мар. 6:34). Колку сме радосни кога и ние на сличен начин им ја пренесуваме на другите пораката за Царството и им кажуваме колку милосрден е Бог!

8. Зошто се среќни милосрдните?

8 Милосрдните се среќни затоа што другите ним им „покажуваат милосрдие“. Кога постапуваме милосрдно со луѓето, обично и тие ни возвраќаат на сличен начин (Лука 6:38). Освен тоа, Исус рекол: „Ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, и вашиот небесен Татко ќе ви прости вам“ (Мат. 6:14). Милосрдните се среќни затоа што Бог само ним ќе им ги прости гревовите и ќе им покаже милост.

Зошто се среќни „миротворците“

9. Како ќе постапуваме ако сме миротворци?

9 Исус навел уште една причина за среќа. „Среќни се миротворците“, рекол тој, „зашто ќе бидат наречени Божји синови“ (Мат. 5:9). Ако сме миротворци, нема да оправдуваме ниту, пак, самите ќе имаме удел во нешто кое би можело ‚да ги раздвои оние што се блиски‘, како што е, на пример, клеветењето (Изр. 16:28). Со збор и на дело, ќе се трудиме да бидеме во мир со сите, и во христијанското собрание и надвор од него (Евр. 12:14). Особено ќе дадеме сѐ од себе да бидеме во мир со Јехова Бог. (Прочитај 1. Петрово 3:10-12.)

10. Зошто се среќни „миротворците“?

10 Исус рекол дека „миротворците“ се среќни, „зашто ќе бидат наречени Божји синови“. Поради тоа што помазаните христијани веруваат дека Исус е Месијата, Бог им го дава ‚правото да станат Негови деца‘ (Јован 1:12; 1. Пет. 2:24). А што е со ‚другите овци‘ на Исус кои се исто така мирољубиви? Тој ќе биде нивни „Вечен Татко“ во илјадагодишното Царство, кога ќе владее заедно со своите небесни сонаследници (Јован 10:14, 16; Иса. 9:6; Отк. 20:6). На крајот на илјадагодишното владеење, тие миротворци ќе станат Божји земни деца во вистинска смисла на зборот (1. Кор. 15:27, 28).

11. Како ќе постапуваме со другите ако нѐ води „мудроста одозгора“?

11 За да бидеме блиски со Јехова, „Богот на мирот“, мора да се трудиме да ги стекнеме неговите особини, во кои спаѓа и мирољубивоста (Фил. 4:9). Ако дозволиме да нѐ води „мудроста одозгора“, ќе бидеме мирољубиви со другите (Јак. 3:17). Така навистина ќе бидеме среќни миротворци.

„Нека свети вашата светлина“

12. а) Што рекол Исус во врска со духовната светлина? б) Како можеме да ја пуштиме нашата светлина да свети?

12 Најдобро се однесуваме со луѓето кога им помагаме да ја видат духовната светлина од Бог (Пс. 43:3). Исус им рекол на своите ученици дека се „светлината на светот“ и ги поттикнал да ја пуштат нивната светлина да свети за луѓето да ги видат ‚добрите дела‘ што им ги прават на другите. Тој, всушност, зборувал за нивното проповедање „пред луѓето“, кое требало да биде во корист на човештвото. (Прочитај Матеј 5:14-16.) Денес ја пуштаме нашата светлина да свети со тоа што им правиме добро на нашите ближни и ја проповедаме добрата вест „по целиот свет“, односно „кај сите народи“ (Мат. 26:13; Мар. 13:10). Каква огромна чест е тоа за нас!

13. Што забележуваат луѓето кај нас?

13 „Не може да се скрие град кој се наоѓа на планина“, рекол Исус. Секој град што се наоѓа на планина лесно може да се види. На сличен начин, луѓето ги забележуваат нашите добри дела што ги правиме како објавители на Царството, а и нашите особини, како што се умереноста и чесноста (Тит 2:1-14).

14. а) Какви светилки имало во првиот век? б) Во која смисла не ја криеме духовната светлина под „кошница“?

14 Исус рекол дека светилката се пали и се става на светилник, а не под кошница, за да им свети на сите во куќата. Светилките во првиот век обично биле земјени садови со фитил. Едниот крај од фитилот бил потопен во течност (главно маслиново масло) која го поддржувала пламенот. Светилката честопати ја ставале на дрвен или метален светилник за да „им свети на сите во куќата“. Луѓето не ја палеле светилката за да ја ‚стават под кошница‘. Исус не сакал неговите ученици да ја кријат својата духовна светлина под симболична кошница. Затоа и ние мораме да ја пуштиме нашата светлина да свети, и никогаш да не дозволиме противењето или прогонството да нѐ наведат да ја скриеме библиската вистина од луѓето или да си ја задржиме само за себеси.

15. Како нашите „добри дела“ влијаат врз некои луѓе?

15 Откако ја спомнал светилката, Исус им рекол на своите ученици: „Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да го слават вашиот Татко, кој е на небесата“. Поради нашите „добри дела“, некои „го слават“ Бог со тоа што стануваат негови слуги. Каков силен поттик е ова за нас да продолжиме да ‚светиме како светлоносци во светот‘! (Фил. 2:15).

16. Што се бара од нас затоа што сме „светлината на светот“?

16 Со оглед на тоа што сме „светлината на светот“, ние имаме задача да проповедаме за Царството и да ги поучуваме другите за Библијата. Но, од нас се бара уште нешто. „Живејте како деца на светлината“, напишал апостол Павле, „зашто плодот на светлината се состои од секаква доброта и праведност и вистина“ (Еф. 5:8, 9). Ние треба секогаш да се однесуваме во склад со Божјите високи мерила. Мора да го послушаме советот на апостол Петар: „Живејте примерно меѓу луѓето во светот. Макар што ве обвинуваат дека правите зло, кога ќе ги видат вашите добри дела, ќе го слават Бог во денот кога ќе дојде да испита какви се делата што се прават“ (1. Пет. 2:12). Но, што треба да се стори ако дојде до затегнати односи меѓу соверниците?

„Помири се со братот“

17-19. а) Кој е ‚дарот‘ што се спомнува во Матеј 5:23, 24? б) Колку е важно да се помириме со братот, и како Исус го нагласил тоа?

17 Во својата Проповед на гората, Исус ги предупредил своите ученици да не дозволат во нив да тлее лутина или презир кон нивните браќа. Наместо тоа, требало брзо да се помират со навредениот брат. (Прочитај Матеј 5:21-25.) Обрни особено внимание на советот што го дал Исус. Ако ти си бил тој што го однел дарот на жртвеникот и си се сетел дека твојот брат има нешто против тебе, што ќе требало да сториш? Ќе требало да го оставиш дарот пред жртвеникот и да појдеш да се помириш со братот. Дури потоа ќе си можел да се вратиш и да го принесеш својот дар.

18 ,Дарот‘ честопати бил жртва што едно лице можело да ја принесе во Јеховиниот храм. Животинските жртви биле многу важни бидејќи Бог им заповедал на Израелците да ги принесуваат како дел од своето обожавање на Бог кое било регулирано со Мојсеевиот закон. Но, ако си се сетел дека брат ти има нешто против тебе, од уште поголема важност било да го расчистиш проблемот со него. „Остави го својот дар таму пред жртвеникот“, рекол Исус. „Прво помири се со братот, а потоа врати се и принеси го својот дар.“ За Израелецот било побитно да се помири со братот отколку да изврши некоја обврска која била пропишана со Законот.

19 Исус не рекол дека вака треба да се постапи само со некои приноси или само во случај на одредени гревови. Израелецот требало да го одложи принесувањето на кој и да било дар доколку се сетел дека неговиот брат има нешто против него. Ако принесувал живо животно, требало да го остави „пред жртвеникот“ за жртви паленици, кој се наоѓал во дворот во кој свештениците ги вршеле своите должности. Дури откако ќе го решел проблемот со навредениот брат, можел да се врати и да ја принесе жртвата.

20. Зошто треба брзо да ги расчистуваме работите ако му се налутиме на некој брат?

20 Од Божја гледна точка, односите со нашите браќа се важен дел од вистинската религија. Животинските жртви не му значеле ништо на Јехова ако оние што му ги принесувале не се однесувале како што треба со другите луѓе (Мих. 6:6-8). Затоа Исус ги поттикнал своите ученици ‚брзо да ги решат‘ проблемите (Мат. 5:25). Нешто слично напишал и апостол Павле: „Ако се гневите, немојте да грешите. Сонцето да не зајде, а вие сѐ уште да чувствувате лутина. И не давајте му можност на Ѓаволот да дејствува“ (Еф. 4:26, 27). Ако со право се налутиме на некого, треба брзо да го решиме проблемот за да не останеме гневни, и така да му дозволиме на Ѓаволот да го искористи тоа (Лука 17:3, 4).

Секогаш покажувај почит кон другите

21, 22. а) Како можеме да ги примениме советите на Исус што сега ги разгледавме? б) Што ќе разгледаме во следната статија?

21 Овој краток преглед на некои изјави што ги дал Исус во својата Проповед на гората треба да ни помогне да се однесуваме со другите љубезно и со почит. Иако сите сме несовршени, можеме да ги примениме советите на Исус бидејќи ниту тој ниту нашиот небесен Татко не очекуваат од нас нешто што не можеме да го сториме. Со молитва, искрени напори и благослов од Јехова Бог, можеме да бидеме кротки, милосрдни и мирољубиви. Ќе можеме да ја одразуваме духовната светлина која свети на Јеховина слава. Освен тоа, ќе можеме да се помириме со нашиот брат кога ќе има потреба од такво нешто.

22 За да му служиме на Јехова на прифатлив начин, мора да се однесуваме добро со ближните (Мар. 12:31). Во следната статија ќе разгледаме други изјави од Проповедта на гората кои ќе ни помогнат и понатаму да им правиме добро на другите. Но, откако ги разгледавме изнесените мисли од ненадминливата проповед на Исус, добро е да се прашаме: ‚Дали јас се однесувам добро со другите?‘

[Фуснота]

a Многу ќе ти користи ако ги прочиташ овие стихови пред лично да ја проучуваш оваа и следната статија.

Како би одговорил?

• Што значи да се биде кроток?

• Зошто се среќни „милосрдните“?

• Како може да свети нашата светлина?

• Зошто треба брзо ‚да се помириме со братот‘?

[Слика на страница 4]

Важен начин на кој ја пуштаме нашата светлина да свети е кога проповедаме за Царството

[Слика на страница 5]

Христијаните мора секогаш да се однесуваат во склад со Божјите високи мерила

[Слика на страница 6]

Дај сѐ од себе за да се помириш со братот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели