ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/01 стр. 1
  • „Нека свети вашата светлина“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Нека свети вашата светлина“
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • „Нека свети вашата светлина“
    Нашата служба за Царството 2011
  • „Нека свети вашата светлина“ за слава на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Божествената светлина ја растерува темнината!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Следи ја светлината на светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 1/01 стр. 1

„Нека свети вашата светлина“

1 Светот околу нас се наоѓа во темнина во морален и во духовен поглед. Светлината на вистината ги разоткрива „бесплодните дела“ на темнината за да можеме да ги избегнеме овие смртоносни камења на спрепнување. Заради тоа, апостол Павле ги поттикнал христијаните: „Продолжете да одите како деца на светлината“ (Ефеш. 5:8, 11).

2 „Плодот на светлината“ е во остра спротивност со мракот во светот (Ефеш. 5:9). За да го дадеме овој плод треба да бидеме сјајни примери во христијанскиот живот, онакви луѓе какви што одобрува Исус. Исто така, мораме да покажуваме особини како што се срдечност, искреност и воодушевување за вистината. Ваквиот плод треба да го покажуваме во нашиот секојдневен живот и во нашата служба.

3 Свети во секоја прилика: Исус им рекол на своите ученици: „Нека свети вашата светлина пред луѓето“ (Мат. 5:16). Имитирајќи го Исус, ние ја одразуваме Јеховината светлина со тоа што проповедаме за Божјето Царство и за Неговите намери. Ние светиме како светила кога одиме во домовите на луѓето и кога ја шириме вистината додека сме на работа, на училиште, со нашите соседи или на секое друго место каде што ќе ни се укаже прилика (Фил. 2:15).

4 Исус рекол дека некои ќе ја мразат светлината (Јован 3:20). Затоа ние не сме обесхрабрени кога повеќето луѓе одбиваат да пуштат „светлината на славната добра вест за Христос“ да допре до нив (2. Кор. 4:4). Јехова ги чита срцата на луѓето и не сака меѓу неговиот народ да има такви кои практикуваат неправедност.

5 Кога ги следиме Јеховините патишта и имаме духовна светлина, можеме да ја рефлектираме и врз другите. Ако преку нашето однесување препознаат дека ‚ја поседуваме светлината на животот‘, тогаш и тие можеби ќе бидат мотивирани да ги направат потребните промени за да станат носители на светлината (Јован 8:12).

6 Со тоа што пуштаме нашата светлина да свети, му носиме фалба на нашиот Творец и им помагаме на искрените да го запознаат и да ја стекнат надежта за вечен живот (1. Пет. 2:12). Бидејќи ја имаме светлината, да ја користиме за да им помогнеме и на другите да го видат излезот од духовната темнина и да ги вршат делата кои ѝ припаѓаат на светлината.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели