ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/11 стр. 1
  • „Нека свети вашата светлина“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Нека свети вашата светлина“
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • „Нека свети вашата светлина“
    Нашата служба за Царството 2001
  • Да дозволиме нашата светлина да свети постојано
    Нашата служба за Царството 1995
  • „Нека свети вашата светлина“ за слава на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Следи ја светлината на светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 5/11 стр. 1

„Нека свети вашата светлина“

1. Каква чест имаме ние како христијани?

1 Од зори до мрак, видливата светлина со својата убавина го слави Јехова Бог. Сепак, Исус ги поттикнал своите ученици да имаат друг вид светлина — „светлината на животот“ (Јован 8:12). Таквото духовно просветлување е посебен дар кој носи со себе и сериозни одговорности. Исус заповедал: „Нека свети вашата светлина пред луѓето“, за нивно добро (Мат. 5:16). Бидејќи денес владее особено густа духовна темнина, оваа светлина мора да се шири повеќе од кога и да било порано! На кој начин ние како христијани можеме да ја пуштаме нашата светлина да свети?

2. Како Исус покажал колку е важно да им се пренесува духовната светлина на луѓето?

2 Преку проповедањето: Исус го користел своето време, енергија и средства за да им ја пренесе на луѓето светлината на вистината. Им проповедал секаде каде што можел да ги најде — во нивните домови, на плоштадите, па дури и на планините. Тој добро знаел дека ќе имаат трајна корист од вистинското духовно просветлување (Јован 12:46). За да им се проповеда на уште повеќе луѓе, Исус им помогнал на своите ученици да станат „светлината на светот“ (Мат. 5:14). Тие пуштиле да свети нивната светлина со тоа што им правеле добро на своите ближни и им ги пренесувале духовните вистини.

3. Како ќе покажеме дека навистина ја цениме светлината на вистината?

3 Ние како Божји слуги ја сфаќаме сериозно одговорноста ‚да живееме како деца на светлината‘, и затоа проповедаме секаде кај што има луѓе (Еф. 5:8). На пример, додека сме на пауза на работа или на училиште, доволно е другите да видат дека читаме Библија или други христијански публикации, и веќе имаме прилика за разговор на библиска тема. На овој начин, една млада сестра започнала библиска студија и им дала книги на 12 соученици!

4. Зошто е важно секој ден да внимаваме на нашето однесување?

4 Преку своето добро однесување: Духовната светлина ја пуштаме да свети и преку нашите постапки во секојдневниот живот (Еф. 5:9). Кога сме на работа, на училиште и на други јавни места, другите го забележуваат нашето христијанско однесување, и тоа ни дава можност да им ја пренесеме библиската вистина (1. Пет. 2:12). На пример, убавото однесување на едно петгодишно дете ја поттикнало неговата учителка да им се јави на родителите. Таа им рекла: „Досега немам видено дете кое толку цврсто е уверено дека треба да постапува исправно!“ Нашето проповедање и доброто однесување навистина ги привлекуваат луѓето кон „светлината на животот“ и му носат фалба на нашиот Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели