ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/6 стр. 26
  • „Израелка“ во денешно време

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Израелка“ во денешно време
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Јехова никогаш не ме изневери!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Јехова го благословува нашиот труд да ја одбележуваме Спомен-свеченоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • „Од устата на младенците“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/6 стр. 26

„Израелка“ во денешно време

ДВЕ седмици пред да се одржи Спомен-свеченоста во знак на сеќавање на Христовата смрт, секој член од семејството Сејлс од Праја Гранде (Бразил) си направило список со имињата на оние што сакаат да ги поканат. Шестгодишната Абигал добила една покана и ја прашале кому би сакала да му ја даде.

„На човекот што секогаш ми се насмевнува“, одговорила таа.

„Кој е тој?“, ја прашале родителите.

„Оној што е во инвалидска количка“, рекла Абигал.

По четири дена им го покажала тој човек. Се викал Валтер и живеел на една улица од Салата на Царството. Пред 15-тина години, кога имал само 28 години, во автомобилска несреќа останал парализиран од половината надолу. Бидејќи бил многу богат, му требала заштита од двајца телохранители. Откако ѝ дозволиле на Абигал да зборува со Валтер, родителите му објасниле дека ќерка им сака да му даде една покана.

Откако го поканила, Абигал рекла: „Сите други во нашата Сала на Царството имаат многу покани, но јас имам само една. Значи, Вие сте единствениот што го канам. Ако не дојдете, нема да имам никој што ми дошол. Но ако дојдете, ќе бидам многу, многу среќна, а Јехова ќе биде уште посреќен“.

Дента кога требало да се одржи Спомен-свеченоста, Абигал и другите Сведоци ја чистеле Салата на Царството за да ја подготват за вечерната програма. Тоа попладне Валтер минувал оттаму, и кога ја видел Абигал, му рекол на шоферот да запре. Го отворил прозорот од автомобилот и ја прашал што прави. Му рекла дека ја чистат салата за да биде убава кога ќе дојде тој.

Таа вечер Абигал била многу возбудена. Говорот почнал и таа постојано погледнувала за да види дали дошол Валтер. Во еден момент, тој пристигнал заедно со своите телохранители. На лицето ѝ се разлеала радосна насмевка. Откако завршил говорот, Валтер ѝ признал дека тргнал на пат во еден друг град, но се премислил и дошол на Спомен-свеченоста само заради неа. Потоа рекол: „Баш ми требаше да го чујам ова предавање“. Побарал Библија и почнал да проучува и да оди на состаноците.

Во меѓувреме, неговата сестра изразила желба да ја запознае Абигал, бидејќи нејзиниот брат ја спомнувал многу често. Кога се запознале, ѝ било мило што Абигал е толку фино девојче. „Сега ми е јасно зошто брат ми е толку среќен“, рекла таа.

Валтер и понатаму проучува и оди на состаноците. Освен тоа, дава коментари и им зборува и на другите за она што го учи. Без сомнение, Абигал нѐ потсетува на малата Израелка што му помогнала на Нааман да го запознае вистинскиот Бог, Јехова (2. Царевите 5:2-14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели