ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/8 стр. 31
  • Дали Земјата ќе опстане?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Земјата ќе опстане?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Вечниот живот не е само сон
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Земја
    Разбудете се! 2014
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Одговор на библиски прашања
  • „Како на небото така и на земјата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/8 стр. 31

Читателите прашуваат

Дали Земјата ќе опстане?

Нашава планета нема да биде уништена во некаква катастрофа. Зошто можеме да бидеме сигурни во тоа? Затоа што Бог ветува дека Земјата „нема да се разниша довека, за сета вечност“ (Псалм 104:5). Иако „едно поколение заминува, друго доаѓа“, како што вели Библијата, „земјата останува засекогаш“ (Проповедник 1:4).

Во Псалм 104:5, трајноста на Земјата е нагласена со два збора што се користени во оригиналниот хебрејски текст — охлам за „довека“ и адх за „сета вечност“. Охлам може да се преведе и со изразите „многу години“ или „непрекинато“. Според еден речник, адх означува „трајност, бесконечност, вечност“ (Students’ Hebrew and Chaldee Dictionary од Харкави). Со овие два хебрејски збора двојно се нагласува трајноста на Земјата. Да разгледаме уште три библиски причини зошто можеме да веруваме дека Земјата ќе остане засекогаш.

Прво, Бог ја создал Земјата за да биде населена со луѓе — целата да биде рај полн со зеленило во кој луѓето ќе уживаат, а не ненаселена пустелија. Во Исаија 45:18 за Јехова е речено дека е „Творецот на небесата, оној што е вистинскиот Бог, оној што ја обликува и ја направи земјата, оној што ја зацврсти и не ја создаде залудно, туку ја обликува за да биде населена“.

Второ, Бог одамна ветил дека луѓето што ќе го слушаат ќе живеат вечно на оваа Земја во мир. Во Михеј 4:4 е запишано следново ветување: „Секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши, зашто тоа се зборови од устата на Јехова над војските“. Во согласност со Божјата намера, Земјата мора вечно да остане дом на луѓето, инаку неговите ветувања би биле само празни зборови (Псалм 119:90; Исаија 55:11; 1. Јованово 2:17).

Трето, Бог му доверил на човекот задача да се грижи за Земјата. „Небесата му припаѓаат на Јехова, а земјата им ја дал на синовите човечки“, стои во Божјата реч (Псалм 115:16). Можеш ли да си замислиш еден грижлив татко кој му дава многу убав подарок на своето дете, а потоа му го уништува? Се разбира дека не! Според тоа, ниту Јехова нема да направи такво нешто со Земјата и со нејзините жители, бидејќи „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8).

Исус Христос ни го дал следново уверување во врска со сѐ што рекол неговиот Татко: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17). А Бог, кој не може да лаже, ветува: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29; Тит 1:2).

[Извор на слика на страница 31]

Земјина топка: Врз основа на фотографија на NASA

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели