ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/12 стр. 23-26
  • Бев сведок на пораст во Кореја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бев сведок на пораст во Кореја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Конечно во Кореја
  • Помош за да се совладаат пречките
  • Соочени со испит
  • Бог го благослови нашиот труд
  • Сведок на драматичните промени во Кореја
    Разбудете се! 2008
  • Средба на семејствата во Кореја — еден нов почеток?
    Разбудете се! 2001
  • Конечно најдов вистинска слобода!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Зошто одат во црква
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/12 стр. 23-26

Бев сведок на пораст во Кореја

Раскажал Милтон Хамилтон

„Жал ни е што мора да ве известиме дека властите на Република Кореја одбија да ви дадат визи на сите вас мисионери и ставија до знаење дека не сте пожелни во земјата... Со оглед на ваквата ситуација, привремено сте доделени да служите во Јапонија“

КОН крајот на 1954 год., јас и жена ми ја добивме оваа порака од Бруклин, Њујорк. Кратко пред тоа истата година дипломиравме во 23-тиот клас на Школата Гилеад, која беше сместена во северниот дел на државата Њујорк. Кога го добивме тоа писмо, служевме привремено во Индијанаполис (Индијана).

Јас и жена ми, Лиз (моминско презиме Симок), учевме во истиот клас во средно. Подоцна, во 1948 год., се зедовме. Таа уживаше во полновремената служба, но не ѝ беше баш пријатна помислата да замине од Соединетите Држави и да служи во друга земја. Зошто се премисли?

Лиз се согласи да појде со мене на еден состанок за оние што сакаа да одат на Школата Гилеад. Тој состанок се одржа летото 1953 год., за време на меѓународниот конгрес на стадионот Јенки во Њујорк. Толку беше охрабрувачки што веднаш ги пополнивме молбите за Школата. На наше изненадување, бевме поканети да присуствуваме на следниот клас, кој започна во февруари 1954 год.

Бевме испратени да служиме во Кореја, иако тригодишната војна штотуку заврши летото 1953 год. и земјата беше разорена. Ги следевме упатствата од писмото, кои беа наведени погоре, и најпрво заминавме за Јапонија. По 20 дена пат преку океанот, пристигнавме таму во јануари 1955 год. заедно со уште шест други мисионери, кои исто така беа доделени да служат во Кореја. Лојд Бери, кој во тоа време ја надгледуваше подружницата во Јапонија, нѐ пречека на пристаништето во 6 часот наутро. Наскоро бевме на пат кон мисионерскиот дом во Јокохама. Нешто подоцна истиот ден веќе бевме во служба.

Конечно во Кореја

По некое време, добивме визи за влез во Република Кореја. На 7 март 1955 год., нашиот авион полета од меѓународниот аеродром Ханеда во Токио на тричасовен лет до аеродромот Јоидо во Сеул. Нѐ пречекаа повеќе од 200 Сведоци од Кореја и се расплакавме од радост. Тогаш во Кореја имаше само 1.000 Сведоци. Како и многу други западњаци, и ние си мислевме дека, сеедно од која земја се, сите луѓе на Далечниот Исток си личат едни на други и слично се однесуваат. Но, не ни требаше долго за да сфатиме дека не е така. Корејците не само што имаат свој јазик и азбука туку имаат и своја уникатна кујна, телесни црти и традиционална облека, но и многу други работи кои се типични за нив, како што е конструкцијата на нивните куќи и згради.

Прв голем предизвик ни беше да го научиме јазикот. Немавме никакви книги за учење корејски. Наскоро сфативме дека не е возможно точно да ги изговараме зборовите на овој јазик ако ги користиме само англиските гласови. Човек може да научи точно да ги изговара зборовите само ако ја научи корејската азбука.

Правевме грешки. На пример, Лиз праша една станарка дали има Библија. Со зачуден израз на лицето, станарката влезе внатре и ни донесе кибрит. Лиз праша дали има сангјанг (кибрит), наместо сангкинг, збор што се користи за „Библија“.

По неколку месеци, добивме задача да отвориме мисионерски дом ви Пусан, пристанишен град на југот од земјата. Успеавме да изнајмиме три мали соби за нас двајцата и за двете други сестри што беа доделени да служат заедно со нас. Во собите немаше чешми, а немавме ни тоалет. Само ноќе имаше доволно притисок за водата да стигне до една цевка на вториот кат. Затоа станувавме наизменично во ситните утрински часови за да наполниме вода. Моравме да ја превриваме или да ѝ ставаме хлор, па потоа да ја пиеме.

Имавме и други предизвици. Струјата беше толку слаба што не можевме да ја користиме машината за перење ниту да пегламе. Кујната ни беше во ходникот, а во неа имаше само шпорет на петролеј. Наскоро секој од нас научи како да направи јадење во денот што беше одреден за него. Три години по нашето пристигнување во Кореја, и јас и Лиз се разболевме од жолтица. Во тој период повеќето мисионери се заразија од оваа болест. Поминаа месеци додека не закрепнавме, а имавме и други здравствени проблеми.

Помош за да се совладаат пречките

Во изминативе 55 години, политичката ситуација на Корејскиот Полуостров беше многу нестабилна. Полуостровот е поделен со демилитаризирана зона, која се наоѓа 55 километри северно од Сеул, главниот град на Република Кореја. Во 1971 год. нѐ посети Фредерик Франц од главното седиште во Бруклин. Го испратив до демилитаризираната зона, која е една од најобезбедуваните граници на Земјата. Низ годините, претставници на Обединетите нации честопати се среќаваа таму со претставници на двете влади.

Се разбира, ние сме неутрални во однос на политиката на овој свет, вклучувајќи ја и ситуацијата на Корејскиот Полуостров (Јован 17:14). Бидејќи одбиваат да учат да војуваат против други луѓе, над 13.000 корејски Сведоци имаат одлежано вкупно 26.000 години в затвор (2. Кор. 10:3, 4). Сите млади браќа во оваа земја се свесни дека ќе се соочат со тој проблем, но тоа не ги плаши. Жално е што властите го користат називот „криминалци“ за христијанските слуги чијшто единствен „злостор“ е тоа што не сакаат да се откажат од својата неутралност како христијани.

Во 1944 год., во текот на Втората светска војна, и јас одбив да служам војска, и затоа одлежав две и пол години затвор во Луисбург (Пенсилванија, САД). Иако нашите браќа во Кореја си поминуваат многу полошо в затвор, можам да замислам како се чувствуваат овие млади Сведоци. Мнозина од нив беа охрабрени кога дознаа дека и некои од нас што служиме како мисионери во Кореја сме имале слично искуство (Иса. 2:4).

Соочени со испит

И нашата неутралност беше ставена на испит во еден спор кој беше покренат во 1977 год. Властите мислеле дека вршиме притисок врз младите Корејци и ги тераме да не одат во војска и да не земаат оружје. Затоа владата реши да не им ги обновува визите на мисионерите кои од некоја причина би излегле од земјата. Ова важеше од 1977 до 1987 год. Ако заминевме од Кореја тие години, немаше да ни дозволат да се вратиме. Затоа во тој период воопшто не се вративме дома во САД, дури ни на кратко.

Многупати бевме на разговор со владини претставници за да им го објасниме нашиот неутрален став како следбеници на Христос. На крајот сфатија дека нема да нѐ заплашат, и конечно го повлекоа ограничувањето — по цели десет години! Во тоа време, неколку мисионери мораа да си заминат од земјата од здравствени причини, но ние останавме со сите други, и многу сме среќни поради тоа.

Во средината на 1980-тите, оние што ѝ се противеа на нашата служба изнесоа лажни обвиненија против директорите на нашата законска корпорација дека ги поучувале младите мажи да не одат во војска. Потоа властите ги повикаа сите директори на испрашување. На 22 јануари 1987 год., обвинителството утврди дека обвиненијата се неосновани. Ова беше преседан за сите идни слични спорови.

Бог го благослови нашиот труд

Во Кореја, поради нашата неутралност, противењето на нашето проповедање низ годините сѐ зголемуваше. Затоа стануваше сѐ потешко да најдеме соодветни локации за нашите поголеми собири. Поради тоа, Сведоците решија да сторат нешто, па изградија Конгресна сала во Пусан, прва таква сала на Далечниот Исток. Имав чест да го одржам говорот за свеченото отворање на 5 април 1976 год., пред публика од 1.300 лица.

Од 1950 год. наваму, десетици илјади војници од САД беа стационирани во Кореја. Откако се вратија дома, мнозина станаа активни Сведоци. Честопати добиваме писма од нив, и го сметаме за благослов тоа што им помогнавме да го запознаат Јехова.

За жал, мојата мила животна сопатничка, Лиз, почина на 26 септември 2006 год. Многу ми недостига. Овде минавме заедно 51 година, и за сето време таа со радост ја прифаќаше секоја задача и никогаш не се жалеше. Никогаш не ми предложи, па дури и не ми спомна да се вратиме во САД, земјата што порано не помислуваше да ја напушти!

И понатаму служам како член на бетелското семејство во Кореја. Ова семејство порасна од само неколкумина во првите години на 250 членови денес. Мило ми е што можам да служам со други седум браќа во Одборот на подружницата што го надгледува делото овде.

Кореја, која беше сиромашна кога пристигнавме, денес е една од најнапредните земји во светот. Во неа има повеќе од 95.000 Сведоци, а речиси 40 отсто од нив служат или како општи или како помошни пионери. Сето ова е причина зошто ми претставува чест да му служам на Бог овде и да гледам како неговото стадо расте.

[Слика на страница 24]

По пристигнувањето во Кореја со другите мисионери

[Слика на страници 24 и 25]

Во служба во Пусан

[Слика на страница 25]

Со брат Франц во демилитаризираната зона (1971 год.)

[Слика на страница 26]

Со Лиз, кратко пред да почине

[Слика на страница 26]

Подружницата во Кореја, каде што служам како член на бетелското семејство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели