ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/12 стр. 3-4
  • Зошто одат во црква

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто одат во црква
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Сведок на драматичните промени во Кореја
    Разбудете се! 2008
  • Средба на семејствата во Кореја — еден нов почеток?
    Разбудете се! 2001
  • Бев сведок на пораст во Кореја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Јужноамериканската црква во очај — зошто милиони ја напуштаат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/12 стр. 3-4

Зошто одат во црква

„РЕПУБЛИКА Кореја сега има речиси четири пати повеќе презвитеријанци од Америка.“ Можеби оваа изјава во списанието Newsweek изненади многумина од читателите зашто повеќето луѓе ја сметаат Кореја за општество во кое преовладува конфучијанизмот или будизмот. Денес, еден посетител таму ќе најде многу „христијански“ цркви, обично препознатливи по црвените неонски крстови. Вообичаено е во недела да се видат луѓе во групи од по двајца или тројца, со Библии во рака, како одат во црква. Според една анкета од 1998, речиси 30 проценти од Корејците одат или во католичка или во протестантска црква, повеќе од оние што се изјаснуваат како будисти.

Во денешно време, невообичаено е некаде да се види толку голем процент луѓе редовно да одат во црква. Тоа сепак се случува, и тоа не само во Кореја туку и во други азиски земји, како и во Африка и во Латинска Америка. Зошто толку многу луѓе сѐ уште изјавуваат дека веруваат во Бог кога се чини дека апатијата и незаинтересираноста за религија ја прекриваат земјата? Зошто одат во црква?

Една Галупова анкета откри дека повеќе од половината од оние што во Кореја одат во црква бараат душевен мир; околу една третина се надеваат на вечен живот после смртта; а 1 од 10 се надева на здравје, богатство и успех.

Многу луѓе во Кина одат во црквите со надеж дека ќе најдат нешто што ќе ја исполни духовната празнина која е последица на капиталистичките тежнеења што постепено ја заменија комунистичката идеологија. Секоја година, во Кина се печатат и се дистрибуираат милиони примероци на Библијата, и изгледа дека луѓето ја читаат исто како што ја читаа и малата црвена книшка на Мао.

Некои католици во Бразил, особено од помладата генерација, не се задоволни со ветувањето за среќа во животот во иднина — тие го сакаат тоа сега. Списанието Tudo забележува: „Ако она што го поттикна срцето и умот во 70-тите беше теологијата на ослободувањето, денес тоа е теологијата на благосостојба. Во една анкета во Британија, оние што одат во црква беа запрашани да наведат една работа што им се допаѓа во нивната црква. Секогаш на прво место беше дружењето.

Сето ова покажува дека иако значително голем број луѓе сѐ уште веруваат во Бог, поголемиот дел од нив повеќе се загрижени за она што можат да го добијат сега отколку за она што доаѓа во иднина — или дури и за самиот Бог. Што мислиш ти, која е исправната причина за да се верува во Бог? Што вели Библијата во врска со ова? Одговорот ќе го најдеш во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели