ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/7 стр. 3
  • Може ли да се разбере Библијата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Може ли да се разбере Библијата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Авторот сака да ја разбереме неговата Реч?
  • 3. Прифати помош од другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • 1. Побарај помош од авторот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Можеш ли сам да ја разбереш Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/7 стр. 3

Може ли да се разбере Библијата?

„Секоја недела ја читавме Библијата како семејство. Јас не уживав многу во тоа. Верував дека Библијата е Божја реч, но не разбирав речиси ништо од она што го читав“ (Стивен, Британија)

„Кога имав 17 години, почнав да ја читам Библијата. Ми беше тешко да ја разберам, па затоа престанав“ (Валванера, Шпанија)

„Решив да ја читам Библијата затоа што сметав дека, како католик, треба да ја читам. Ми требаа три години за да ја прочитам! Но, не разбрав скоро ништо“ (Џоан, Австралија)

БИБЛИЈАТА и ден-денес е најпопуларната книга во светот. Таа сѐ уште е најпродаваната книга и можат да ја имаат повеќе луѓе, на повеќе јазици и во повеќе формати од кога и да е порано. Сепак, многу луѓе што имаат Библија велат дека им е тешко да ја разберат. Дали и ти го мислиш истото?

Дали Авторот сака да ја разбереме неговата Реч?

„Целото Писмо е вдахновено од Бог“, вели Библијата (2. Тимотеј 3:16). Да, Јехова Бог е Авторот на Библијата. Дали тој сака да ја разбереме неговата Реч? Или намерно оставил да биде неразбирлива за сите луѓе освен за малкумина привилегирани, како што се свештениците и библиските изучувачи?

Размисли за следниве стихови од Библијата:

„Оваа заповед што ти ја давам денес не е претешка за тебе и не е предалеку од тебе“ (5. Мојсеева 30:11).

„Откривањето на твоите зборови просветлува, на неискусниот му помага да разбере“ (Псалм 119:130).

„Во тој час светиот дух го исполни Исус со радост и тој рече: ‚Те славам, Татко, Господару на небото и на земјата, бидејќи си го скрил ова од мудрите и паметните, а си им го открил на малите деца!‘“ (Лука 10:21).

Авторот на Библијата навистина сака да ја разбереш неговата Реч! Меѓутоа, останува фактот дека на многу искрени луѓе им е тешко да ја разберат оваа книга. Што може да им помогне? Во следните статии се дадени три предлози што можат да ти помогнат да ја разбереш Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели