ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/10 стр. 15
  • Дали навистина постои Ѓавол?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали навистина постои Ѓавол?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Непријател на вечниот живот
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Сатана
    Разбудете се! 2013
  • Кој е Сатана? Дали навистина постои?
    Разбудете се! 2007
  • Дали Ѓаволот е само симбол на злото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/10 стр. 15

Читателите прашуваат

Дали навистина постои Ѓавол?

Да, Библијата вели дека Сатана Ѓаволот е вистинска личност. Меѓутоа, оние што ја критикуваат Библијата се потсмеваат на таа идеја. Тие велат дека Сатана, всушност, го претставува злото во луѓето.

Треба ли да се изненадиме што има толку различни мислења во врска со тоа кој навистина е Сатана? Не. Да го објасниме ова со пример. Еден криминалец може да ги отстрани своите отпечатоци од местото на злосторството за да не биде откриен и на тој начин да продолжи со своите криминални дејства. Слично на тоа, Сатана е лукав злосторник кој сака да дејствува зад кулисите и да шири морална расипаност. Исус јасно покажал дека Сатана е оној што е одговорен за лошата состојба на човештвото, бидејќи го нарекол „владетелот на овој свет“ (Јован 12:31).

Како настанал Ѓаволот? Во почетокот бил создаден како совршено духовно суштество на небото. Но, подоцна овој бунтовен ангел самиот се направил Ѓавол кога се преокупирал со желбата да ги натера сите луѓе да му служат нему наместо на Бог. Во Библијата е запишан еден разговор што Сатана го водел со Исус на Земјата. Во тој разговор Ѓаволот ги открил своите себични амбиции. Тој се обидел да го натера Исус ‚да падне и да му се поклони‘ (Матеј 4:8, 9).

И во разговорите со Бог, кои се запишани во книгата Јов, Сатана ги открил своите мотиви. Тој ќе направи сѐ што е во негова моќ за да ги натера луѓето да се откажат од Бог (Јов 1:13-19; 2:7, 8).

Размисли за следново: Ако Сатана разговарал со Јехова Бог и Исус Христос, како е можно тој да е само злото во другите? Зарем во Бог и во неговиот Син има некакво зло? Според тоа, јасно е дека Сатана е вистинска личност — злобно духовно суштество кое нема никаква почит кон Јехова и кон Исус.

Расипаноста меѓу луѓето потврдува дека навистина постои Ѓавол. Во многу земји храната се фрла, додека во исто време населението гладува. Државите складираат оружје за масовно уништување за меѓусебно да се истребат. Исто така, ја загадуваат Земјата. Сепак, повеќето луѓе не можат да сфатат кој е изворот на таквото злобно, самоубиствено однесување. Зошто?

Библијата открива дека Сатана „ги заслепил неверничките умови“ (2. Коринќаните 4:4). За да манипулира со луѓето, Сатана користи една невидлива организација. Тој е „владетелот на демоните“ (Матеј 12:24). Исто како што некој водач на синџир на организиран криминал управува со огромно незаконско царство без да им се открие на оние што се вклучени, така и Сатана ја користи својата опасна организација од злобни ангели за да ги држи под контрола масите луѓе што воопшто не се свесни ниту за неговата улога ниту за неговото влијание.

Многу сме благодарни што Библијата ги разоткрива Ѓаволот и неговата организација! Така можеме да преземеме чекори за да се спротивставиме на неговото влијание. Библијата нѐ опоменува: „Подложете му се на Бог, а спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ (Јаков 4:7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели