ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/11 стр. 24-25
  • Добра вест на 500 јазици

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добра вест на 500 јазици
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да им се проповеда на луѓето што зборуваат разни јазици
  • Современ библиски превод на 80 јазици
  • Библиска литература — публикации за луѓето во целиот свет
    Божјето Царство владее!
  • Превод Нов свет — ценет од милиони луѓе низ целиот свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Најпрактичната книга во историјата
    Разбудете се! 2019
  • Јехова е Бог што комуницира
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/11 стр. 24-25

Добра вест на 500 јазици

ВО ВИОРОТ на граѓанската војна во Руанда, една мала група преведувачи бегаат од своите домови и оставаат зад себе сѐ што имаат. Меѓутоа, успеваат да ги земат своите лаптоп-компјутери и ги носат со себе во камповите за бегалци. Зошто? За да продолжат да ги преведуваат библиските публикации на јазикот кинјаруанда.

Една млада жена од Југоисточна Азија работи на својот компјутер до доцна во ноќта, борејќи се со уморот, жештината и постојаните прекини на струја што ѝ пречат во преведувачката работа. Која е нејзината цел? Да стигне навреме за рокот за печатење.

Овие преведувачи се дел од едно мноштво од околу 2.300 доброволци што работат на преку 190 места во светот. Ги има на возраст од 20 до речиси 90 години, и неуморно работат за да можат луѓето да добијат утеха од библиската порака на 500 јазици (Откровение 7:9).

Да им се проповеда на луѓето што зборуваат разни јазици

Во последниве години, преведувачката дејност на Јеховините сведоци достигна невидени размери. На пример, во 1985 год., Стражарска кула се издаваше симултано на 23 јазици — што во тоа време беше големо достигнување. Денес, Стражарска кула излегува на 176 јазици, и сите изданија се произведуваат симултано за да можат читателите во целиот свет да го проучуваат истиот материјал во исто време.

На околу 50 јазици, Стражарска кула е единственото списание што се издава редовно. Зошто? Печатниците немаат голема мотивација да издаваат литература на локалните јазици. Но, Јеховините сведоци во целиот свет великодушно даваат прилози кои се распоредуваат еднакво за Божјата реч и библиските публикации да бидат достапни секаде каде што се потребни (2. Коринќаните 8:14).

Луѓето многу ја ценат библиската порака на својот јазик. На пример, библиски публикации во последно време се издаваат на јазикот мискито, кој го зборуваат околу 200.000 луѓе во Никарагва. Една жена побарала да ѝ ја донесат публикацијата Мојата книга со библиски приказниa на овој јазик. Некој локален свештеник бил присутен кога ѝ ја донеле книгата. Кога ја видел таа убава книга, пасторот ја побарал за себе. Жената не сакала да му ја даде, дури и кога во замена за книгата пасторот ѝ понудил 20 килограми кафе во зрна!

Во изминатата деценија, библиските публикации беа преведени на повеќе од десетина јазици што ги зборуваат староседелците во Мексико, вклучувајќи ги и јазиците маја, нахуатл и цоцил. За помалку од една деценија, бројот на собранија на староседелските јазици и на знаковен јазик во таа земја се зголеми од 72 на преку 1.200. Иако Јеховините сведоци ја сеат библиската порака во срцата на луѓето, тие му препуштаат на Бог да направи семето на вистината да расте (1. Коринќаните 3:5-7).

Современ библиски превод на 80 јазици

Во последниве години, Јеховините сведоци вложија голем труд за да го издадат Светото писмо — преводот Нов Свет, кое сега го има, во целост или делови од него, на 80 јазици. Со каков резултат? Еве што рекол еден Сведок од Јужноафриканската Република за Библијата на јазикот цвана: „Овој превод е навистина прекрасно нешто. Ќе го зголеми моето разбирање и ценење за Божјата реч. Јазикот што се користи е лесен за читање и пријатен“. Еден читател од Мозамбик на јазикот цонга напишал: „Иако ги имавме сите други библиски публикации, тоа што немавме Библија беше како да има громови и молњи без дожд! Меѓутоа, дождовите дојдоа со излегувањето на Преводот Нов свет на јазикот цонга“.

На еден извонреден начин, оние што ја преведуваат и ја шират добрата вест запишана во Библијата исполнуваат едно древно пророштво. Самиот Исус Христос рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Графикон на страница 25]

(Види во публикацијата)

ПРЕВОДОТ НОВ СВЕТ

Во целост или делови од него

1950 1*

1970 7*

1990 13*

2000 36*

2010 80*

ДРУГИ ПУБЛИКАЦИИ

1950 88*

1960 125*

1970 165*

1980 190*

1990 200*

2010 500*

*БРОЈ НА ЈАЗИЦИ

[Слики на страници 24 и 25]

Околу 2.300 доброволци ја преведуваат библиската литература на 500 јазици

БЕНИН

СЛОВЕНИЈА

ЕТИОПИЈА

БРИТАНИЈА

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели