ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/1 стр. 11
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Римските патишта — споменици на древното инженерство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Темелно им сведочеше“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Виа Игнација — друм кој ја потпомогнал експанзијата
    Разбудете се! 1997
  • Сметкопотврда што ја поткрепува Библијата
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/1 стр. 11

Дали сте знаеле?

По кој пат одел апостол Павле на своето прво патување до Рим?

▪ Во Дела 28:13-16 пишува дека бродот со кој Павле пловел за Италија пристигнал во Путеоли (денешен Поцуоли), во Неаполскиот Залив. Потоа, Павле тргнал за Рим одејќи по Виа Апија, главниот пат што водел до градот.

Виа Апија го добила името по Апиј Клавдиј Кекус, римски државник што почнал да го гради патот во 312 год. пр.н.е. Овој пат, широк 5-6 метри и поплочен со големи плочи од вулкански карпи, бил долг 583 километри и се протегал во правец југоисточно од Рим. Го поврзувал Рим со пристаништето Брундисиум (денешен Бриндизи), кој претставувал врата кон Истокот. Патниците застанувале на некоја од попатните станици — оддалечени една од друга околу 25 километри — за да купат што им треба, да преспијат или да ги сменат коњите или колите.

Меѓутоа, Павле веројатно одел пеш. Делот од Виа Апија по кој патувал бил долг 212 километри. Патот минувал и низ Понтинските Мочуришта, мочурлив предел за кој еден римски писател се жалел дека има многу комарци и смрдеа. Северно од тие мочуришта биле Апиевиот плоштад — кој се наоѓал на околу 65 километри од Рим — и Трите гостилници, одморалиште на 50-тина километри од градот. На овие две места, христијаните од Рим го чекале Павле. Кога ги видел, ‚Павле му заблагодарил на Бог и се охрабрил‘ (Дела 28:15).

Каква плочка за пишување се спомнува во Лука 1:63?

▪ Евангелието според Лука известува дека пријателите на Захарија го прашале како да се вика новороденчето. Захарија ‚побарал плочка и напишал: „Јован му е името“‘ (Лука 1:63). Според едно научно дело, грчкиот збор што овде е преведен со „плочка“ се однесува на „табличка за пишување што обично се правела од дрво и чија површина се премачкувала со восок“. Плочките се правеле од неколку споени штички, а тесниот процеп меѓу нив се пополнувал со измазнет восок. Користејќи перо, пишувачот можел да прави белешки на оваа површина. Потоа можел да го избрише она што ќе го напишел, да ја измазни површината и повторно да ја користи.

Во една книга пишува: „Слики од Помпеја, скулптури од различни делови на Римското Царство и плочки откопани во многу археолошки наоѓалишта од Египет до Адријановиот ѕид [во северна Британија] покажуваат дека масовно се користеле плочки за пишување“ (Читањето и пишувањето во времето на Исус — Reading and Writing in the Time of Jesus). Вакви плочки имале најразлични луѓе — трговци, владини службеници, а можеби дури и некои од христијаните во првиот век.

[Слика на страница 11]

Виа Апија

[Слика на страница 11]

Восочна плочка на ученик, 2 век од н.е.

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола на British Library

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели