ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/4 стр. 3
  • Човекот што го променил светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Човекот што го променил светот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Тие отпорни микроби — како се појавуваат повторно
    Разбудете се! 2004
  • Колку е голема заканата?
    Разбудете се! 2004
  • Уникатна книга
    Разбудете се! 2007
  • Гутенберг — како го збогатил светот
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/4 стр. 3

Човекот што го променил светот

На Земјата живееле и умреле милијарди луѓе. Повеќето од нив не оставиле никаков белег во своето време. Меѓутоа, некои влијаеле врз текот на историјата — а веројатно и врз твојот секојдневен живот.

СТАНУВАШ наутро, го вклучуваш светлото и се подготвуваш за на работа. Пред да излезеш, земаш некоја книга или списание за да читаш додека си во автобус. Не забораваш да ги земеш ни антибиотиците што ти ги препишал лекарот против инфекцијата што ја имаш. Денот само што започнал, а ти веќе имаш корист од она што го направиле неколку значајни луѓе.

Мајкл Фарадеј. Овој англиски физичар, роден во 1791 год., ги изумил електромоторот и динамото. Со неговите пронајдоци, електричната енергија им станала достапна на поголем број луѓе.

Цај Лун. Служел на царскиот двор во Кина и се смета дека го изумил процесот за изработка на хартија околу 105 год. од н.е. Ова водело до масовно производство на хартија.

Јохан Гутенберг. Некаде во 1450 год., овој германски пронаоѓач ја направил првата печатарска машина со подвижни букви. Така се намалиле трошоците за печатењето, со што станале лесно достапни информации на најразлични теми.

Александар Флеминг. Во 1928 год., овој шкотски истражувач открил една антибиотичка супстанција што ја нарекол пеницилин. Денес во целиот свет се користат антибиотици во борбата против бактериски инфекции.

Без сомнение, откритијата и изумите на само неколку луѓе им помогнале на милијарди други да имаат извесни удобности или подобро здравје.

Меѓутоа, има еден човек кој се издвојува од сите други. Тој не е познат по некое научно откритие ниту по некој изум во медицината. Напротив, овој човек со скромно потекло, кој умрел пред речиси 2.000 години, оставил зад себе една порака — силна порака која влева надеж и дава утеха. Ако се земе предвид колку силно неговата порака влијаела врз животот на луѓето на целата Земја, многумина ќе се согласат дека тој навистина е човекот што го променил светот.

Тој човек бил Исус Христос. За каква порака проповедал? И какво влијание може да има таа порака врз твојот живот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели