ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/5 стр. 31
  • Што е Сала на Царството?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што е Сала на Царството?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Места на кои го славиме Јехова
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Феноменалниот пораст налага брза експанзија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Зошто и како ги градиме нашите сали?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/5 стр. 31

Читателите прашуваат...

Што е Сала на Царството?

▪ Сала на Царството е место што Јеховините сведоци го користат за своите верски состаноци. Во целиот свет има десетици илјади такви Сали. Секоја седмица, во нив се состануваат повеќе од 105.000 собранија на Јеховините сведоци.

Во секоја Сала на Царството се проучува Библијата и се одржуваат библиски говори и предавања. Во повеќето сали има подиум, каде што обично стои оној што го води состанокот. Внатре најчесто има седишта за 100 до 300 луѓе. Салата на Царството, освен главната, може да има уште една или повеќе помошни простории, канцеларија, како и мала библиотека со библиска литература и прирачници што секој од собранието може да ги користи за да истражува.

Меѓутоа, во ниедна Сала на Царството нема верски симболи или предмети што се вообичаени за црквите на христијанскиот свет. Нема олтари, икони ниту крстови. Зошто? Затоа што Јеховините сведоци веруваат дека употребата на такви предмети се коси со библиската заповед ‚да бегаме од идолопоклонство‘ (1. Коринќаните 10:14; Јован 4:24). Многу цркви и храмови се раскошни и впечатливи. За разлика од нив, Салите на Царството се функционални и скромни градби. Најголем акцент се става на библиската поука што се добива внатре, а не на самиот објект.

Зошто се наречени Сали на Царството? На состаноците што се одржуваат во нив првенствено се зборува за учењата од Библијата и за пораката за „Божјето царство“, за која проповедал Исус (Лука 4:43). Затоа, називот Сала на Царството, кој почна да се користи во 1930-тите, соодветно ја опишува целта на тие објекти — во нив да се учи за вистинскиот Бог и да се употребуваат како место од кое се организира проповедањето на ‚добрата вест за царството‘ (Матеј 24:14). Значи, Салите на Царството не се користат за друштвени или комерцијални активности. Трошоците за изградба и за одржување се покриваат со доброволни прилози. Никогаш не се собираат пари од присутните, туку на одредено место во салата има кутија во која секој што сака може да пушти доброволен прилог.

Салите на Царството имаат иста намена во целиот свет, но се градат во најразлични големини и стилови. Конструкцијата се разликува во зависност од градежните материјали што се достапни, како и од климата и од финансиските можности на Јеховините сведоци во тоа место. Некои сали се градат од цигла, дрво и камен. Други можеби се отворени градби, со бамбусови ѕидови и сламени покриви.

Во Салите на Царството секој е добредојден (Евреите 10:25). Всушност, секоја седмица се одржува состанок за јавноста, на кој се разработува некоја библиска тема што е од интерес и за членовите на собранието и за посетителите. Би било убаво да појдеш во Салата на Царството во твоето место.

[Слика на страница 31]

Малави (Африка)

[Слики на страница 31]

Англија (Велика Британија)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели