ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/6 стр. 15
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали богатството на цар Соломон е преувеличено?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Нешто многу повредно од злато
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/6 стр. 15

Дали сте знаеле?

Што била градската порта која толку често се спомнува во библиските извештаи?

▪ Во библиски времиња, повеќето градови биле опкружени со заштитни ѕидини. Низ портата најчесто се влегувало во еден отворен простор во кој луѓето се собирале за да се видат со другите, да тргуваат и да разменат новости. На тие места се кажувале јавни објави, а пророците ги пренесувале своите пораки (Еремија 17:19, 20). Во една публикација пишува дека „речиси секоја купопродажба се извршувала на или во близина на градските порти“ (The Land and the Book). Градските порти во древниот Израел биле многу слични на плоштадите во денешните градови.

На пример, Авраам купил имот за семејна гробница од Ефрон ‚пред очи на синовите на Хет, пред сите што влегувале низ портата на неговиот град‘ (1. Мојсеева 23:7-18). А Вооз замолил десет старешини од Витлеем да седнат на градската порта додека тој, во склад со законот за деверски брак, во нивно присуство правел договор во врска со Рут и наследството на нејзиниот починат сопруг (Рут 4:1, 2). Кога градските старешини дејствувале во улога на судии, седнувале на градската порта за да ги сослушаат случаите, да донесат одлуки и да извршат пресуди (5. Мојсеева 21:19).

Каде се наоѓал Офир, кој во Библијата се спомнува како наоѓалиште на злато со висок квалитет?

▪ ,Офирското злато‘ првпат се спомнува во книгата Јов, каде се нарекува и „чисто злато“ (Јов 28:15, 16). Околу 600 години подоцна, цар Давид набавил „офирско злато“ за изградба на Јеховиниот храм во Ерусалим. И неговиот син Соломон увезувал злато од Офир (1. Летописи 29:3, 4; 1. Царевите 9:28).

Од Светото писмо дознаваме дека Соломон имал флота бродови направени во Есион-Гавер, на Црвеното Море, кои му носеле злато од Офир (1. Царевите 9:26). Според изучувачите, Есион-Гавер се наоѓал на врвот на Акабскиот Залив, во близина на денешните Елат и Акаба. Оттаму, бродовите можеле да стигнат до секое место на Црвеното Море или, пак, до подалечните трговски градови на бреговите на Африка или Индија, кои се можни локации на Офир. Меѓутоа, според други Офир се наоѓал во Арабија, каде што се најдени древни рудници на злато од кои била ископана руда дури и во денешно време.

Во врска со тврдењето дека златните рудници на Соломон се само легенда, египтологот Кенет А. Кичен напишал: „Офир не е никаква легенда. На еден хебрејски цреп [парче керамика], кој можеби потекнува од 8 век [пр.н.е.], стои една значајна кратка белешка: ‚Злато од Офир за Бет-Орон — 30 сикли [340 грама]‘. Ова е потврда дека Офир бил вистинско наоѓалиште на злато, исто како што спомнувањето на ‚златото од Амау‘, ‚златото од Пунт‘ или ‚златото од Куш‘ во египетските текстови е потврда дека таму имало наоѓалишта на злато или, пак, дека тоа било од посебен вид или квалитет карактеристичен за тие места“.

[Слика на страница 15]

Авраам на градската порта, сака да купи земја

[Слика на страница 15]

Хебрејски цреп со натпис во кој се спомнува офир

[Извор на слика]

Collection of Israel Antiquities Authority, фотографија: © The Israel Museum, Jerusalem

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели