ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/1 стр. 9-11
  • Рајската градина и ти

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рајската градина и ти
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Дали навистина постоела рајската градина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Рајот е изгубен
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Каков бил животот во рајот?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/1 стр. 9-11

Рајската градина и ти

ЗА ИЗНЕНАДУВАЊЕ е што некои изучувачи приговараат дека извештајот за рајската градина нема никаква поткрепа во останатиот дел од Библијата. На пример, професорот по теологија Пол Морис пишува: „Приказната за рајот во Еден не се спомнува во другите библиски книги“. Со неговото мислење можеби се согласуваат многу „експерти“, но тоа се коси со фактите.

Сепак, Библијата многупати се осврнува на рајот, Адам, Ева и змијата.a Но, грешката на неколкумина изучувачи е ништо во споредба со една друга, многу поголема и пораширена грешка. Со тоа што го побиваат извештајот за рајската градина запишан во 1. Мојсеева, верските водачи и библиските критичари, всушност, ја оцрнуваат Библијата. На кој начин?

Ако сфатиме што се случило во градината во Еден, ќе можеме да ја разбереме и целата Библија. На пример, Божјата Реч ни помага да најдеме одговор на најдлабоките и најважни прашања. Секогаш одново, одговорите што ги дава таа се поврзани со настаните во Еден. Да спомнеме неколку примери.

● Зошто старееме и умираме? Адам и Ева ќе имале вечен живот ако му останеле подложни на Јехова. Ги чекала смрт само ако биле непослушни. Откако се побуниле, тие почнале да умираат (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:19). Бидејќи го изгубиле совршенството, на своите потомци можеле да им пренесат само грев и несовршеност. Библијата јасно кажува: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Римјаните 5:12).

● Зошто Бог го допушта злото? Во градината во Еден, Сатана го нарекол Бог лажливец што им скратува нешто добро на своите созданија (1. Мојсеева 3:3-5). Со тоа го оспорил правото на Јехова да владее. Адам и Ева одлучиле да го послушаат Сатана и ја отфрлиле Јеховината власт. На тој начин како да рекле дека човекот може сам да одлучува што е добро, а што лошо. Бидејќи е совршено праведен и мудар, Јехова знаел дека има само еден начин да се даде одговор на таа клевета — да остави да помине време за луѓето да имаат можност да владеат сами како што сакаат. Злото што се раширило како последица од влијанието на Сатана открило една голема вистина: Човекот не може да владее сам без Бог (Еремија 10:23).

● Која е Божјата намера со Земјата? Преку рајската градина, која пленела со својата убавина, Јехова покажал како треба да изгледа целата Земјина топка. Им рекол на Адам и Ева да ја наполнат Земјата со своите потомци и ‚да ја потчинат‘ за да ја прошират таа убавина насекаде (1. Мојсеева 1:28). Значи, Божјата намера е Земјата да биде рај во кој ќе живее едно совршено, обединето семејство составено од потомците на Адам и Ева. Во голем дел од Библијата се зборува за тоа како Бог ќе ја исполни својата првобитна намера.

● Зошто Исус Христос дошол на Земјата? Како последица од побуната во рајската градина, Адам, Ева и сите нивни потомци биле осудени на смрт. Но, Бог со љубов пуштил зрак на надеж. Го испратил својот Син на Земјата за да обезбеди откупнина (Матеј 20:28). Што значи тоа? Исус бил наречен „последниот Адам“ и успеал во она што Адам го промашил. Исус останал совршен затоа што му бил послушен на Јехова. Потоа, доброволно го дал својот живот како жртва, односно откупнина. На тој начин овозможил да им бидат простени гревовите на сите верни луѓе и еден ден да добијат живот каков што имале Адам и Ева во рајот пред да згрешат (1. Коринќаните 15:22, 45; Јован 3:16). Така, Исус потврдил дека ќе се исполни Јеховината намера Земјата да стане рај како градината во Еден.b

Божјата намера не е нејасна ниту, пак, претставува некаква теолошка загатка. Таа е нешто реално. Исто како што на Земјата навистина постоела рајска градина во која живееле луѓе и животни, така и она што Бог го ветува за иднината е сигурно и наскоро ќе се исполни. Дали и ти ќе го доживееш тоа? Многу зависи од тебе. Бог сака таква иднина да имаат колку што е можно повеќе луѓе, дури и оние што не живееле според Божјите начела (1. Тимотеј 2:3, 4).

Непосредно пред да умре, Исус зборувал со еден човек што правел лоши работи. Тој бил злосторник и знаел дека заслужува да биде погубен. Но, од Исус побарал утеха и надеж. Што му одговорил Исус? „Ќе бидеш со мене во Рајот“ (Лука 23:43). Ако Исус сака да го види тој поранешен злосторник воскреснат и благословен со вечен живот во рајска градина како што била градината во Еден, тој сигурно сака и ти да уживаш во истите благослови. Тоа го сака и неговиот Татко. Ако сакаш и ти да имаш таква иднина, запознај го Бог, кој ја направил рајската градина.

[Фусноти]

a На пример, види 1. Мојсеева 13:10; 5. Мојсеева 32:8; 2. Самоилова 7:14; 1. Летописи 1:1; Исаија 51:3; Езекиел 28:13; 31:8, 9; Лука 3:38; Римјаните 5:12-14; 1. Коринќаните 15:22, 45; 2. Коринќаните 11:3; 1. Тимотеј 2:13, 14; Јуда 14 и Откровение 12:9.

b Нешто повеќе за Христовата откупна жртва можеш да прочиташ во 5. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Рамка/слика на страница 10]

ПРОРОШТВО ШТО ЈА ПОВРЗУВА ЦЕЛАТА БИБЛИЈА

„Ќе ставам непријателство помеѓу тебе [змијата] и жената, и помеѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата“ (1. Мојсеева 3:15).

Ова е првото пророштво што е запишано во Библијата, а го кажал Бог во рајот во Еден. Кого го претставуваат четирите лика што се спомнати: жената, нејзиното потомство, змијата и нејзиното потомство? Во која смисла владее „непријателство“ меѓу нив?

ЗМИЈАТА

Сатана Ѓаволот (Откровение 12:9).

ЖЕНАТА

Јеховината организација која се состои од небесни суштества (Галатите 4:26, 27). Исаија прорекол дека во иднина „жената“ ќе роди еден духовен народ (Исаија 54:1; 66:8).

ПОТОМСТВОТО НА ЗМИЈАТА

Оние што одлучиле да ја вршат волјата на Сатана (Јован 8:44).

ПОТОМСТВОТО НА ЖЕНАТА

Првенствено Исус Христос, кој произлегол од небесниот дел на Јеховината организација. Во ова „потомство“ припаѓаат и Христовите духовни браќа, кои владеат од небото заедно со него. Тие помазани христијани претставуваат еден духовен народ, наречен „Израелот Божји“ (Галатите 3:16, 29; 6:16; 1. Мојсеева 22:18).

РАНА НА ПЕТИЦАТА

Тежок удар за Месијата, но не со трајни последици. Сатана успеал во својата намера Христос да биде убиен на Земјата. Сепак, Исус воскреснал.

РАНА НА ГЛАВАТА

Смртоносен удар за Сатана. Исус засекогаш ќе го уништи. А пред тоа, ќе ги отстрани сите последици од злото што Сатана го посеал во Еден (1. Јованово 3:8; Откровение 20:10).

Краток преглед на главната тема на Библијата можеш да најдеш во брошурата Библијата — која е нејзината порака?, издадена од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 11]

Адам и Ева ги трпеле страшните последици од гревот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели