ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/3 стр. 24-28
  • Бидете подготвени!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бидете подготвени!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Биди подготвен како Ное
  • Ное и неговото семејство биле подготвени
  • Мојсеј останал буден
  • Остани буден!
  • ,Одел со вистинскиот Бог‘
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој ‚одел со вистинскиот Бог‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зачуван „со седуммина други“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зошто Бог го спасил Ное — зошто треба да знаеме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/3 стр. 24-28

Бидете подготвени!

„Бидете подготвени, зашто Синот човечки доаѓа во час кога не се надевате“ (МАТ. 24:44)

1, 2. а) Кои настани проречени во Библијата можат да се споредат со напад на тигар? б) Како треба свесноста за овој напад да влијае врз тебе?

ЕДЕН познат дресер со години одржувал претстави со своите скротени бенгалски тигри, и сѐ течело во најдобар ред. Тој изјавил: „Кога ќе ја стекнеш довербата на некое животно, ти се чини како да си го добил најубавиот подарок на светот“. Но, на 3 октомври 2003 год., на таа заемна доверба ѝ дошол крај. Едно од животните — бел тигар тежок 172 килограма — го нападнало без некоја посебна причина. Бидејќи ова се случило сосема неочекувано, дресерот не бил подготвен.

2 Интересно е дека Библијата претскажува напад на еден друг „ѕвер“, и сите христијани мора да бидат подготвени за тоа. (Прочитај Откровение 17:15-18.) Кого ќе го нападне овој ѕвер? Во еден ненадеен пресврт на настаните, светот на Ѓаволот ќе се подели и едниот негов дел ќе го нападне другиот. Црвениот ѕвер ги претставува Обединетите нации, а „десетте рогови“ ги претставуваат сите политички сили. Тие ќе се свртат против симболичната блудница наречена Големиот Вавилон — светското царство на лажната религија — и ќе ја уништат. Кога ќе се случи тоа? Не го знаеме денот и часот (Мат. 24:36). Но, знаеме дека ќе биде во час кога не очекуваме и дека дотогаш останува само уште малку време (Мат. 24:44; 1. Кор. 7:29). Затоа, животоважно е да бидеме подготвени за тој напад ако сакаме Христос да нѐ избави кога ќе дојде да ги изврши Божјите пресуди (Лука 21:28). Ќе го дочекаме спремни ако учиме од верните Божји слуги кои можеле со свои очи да го видат исполнувањето на Божјите пророштва затоа што биле подготвени. Ќе го следиме ли нивниот пример?

Биди подготвен како Ное

3. Кои околности му отежнувале на Ное да му служи верно на Бог?

3 Иако во времето на Ное условите на Земјата биле ужасни, тој бил подготвен за исполнувањето на Божјето ветување. Можеш ли да си претставиш со какви тешкотии морал да се соочува кога бунтовните ангели се претвориле во луѓе и живееле со убави жени на Земјата? Од овие ненормални врски се раѓале натприродни деца, „силници“ кои ја користеле својата натчовечка моќ да ги малтретираат другите (1. Мој. 6:4). Замисли колку многу насилство имало на Земјата додека овие џинови пустошеле насекаде! На крајот, злобата толку многу се раширила што сите мисли и постапки на луѓето биле секогаш насочени само кон зло. Тогаш Севишниот Господар Јехова донел пресуда која го означила почетокот на крајот на тој безбожен свет. (Прочитај 1. Мојсеева 6:3, 5, 11, 12.)a

4, 5. Во кој поглед условите во нашево време се како во деновите на Ное?

4 Исус прорекол дека условите во нашево време ќе бидат слични како во деновите на Ное (Мат. 24:37). На пример, и ние го чувствуваме влијанието на злите духови (Отк. 12:7-9, 12). Во времето на Ное, овие демони се претворале во луѓе. Иако денес Јехова не им дозволува такво нешто, тие настојуваат да ги држат под контрола и младите и старите. Овие изопачени духови, кои се невидливи за нас, уживаат во злите и одвратни постапки на луѓето што паднале под нивното расипано влијание (Еф. 6:11, 12).

5 Божјата Реч го нарекува Ѓаволот „човекоубиец“ и вели дека тој ‚има моќ да предизвикува смрт‘ (Јован 8:44; Евр. 2:14). Иако не може да убие директно кого сака, овој крвожеден дух ги мами и ги заведува луѓето. Тој им всадува во срцето и во умот ставови што ги наведуваат да извршат убиства. На пример, во просек, едно од 142 деца родени во САД ќе биде убиено. Со оглед на тоа што насилството е толку раширено, мислиш ли дека Јехова нема да го забележи како што го забележал во времето на Ное? И нема ли да му стави крај?

6, 7. На кој начин Ное и неговото семејство покажале вера и богобојазливост?

6 По извесно време, Бог му рекол на Ное дека одлучил да пушти потоп на Земјата за да им стави крај на сите суштества (1. Мој. 6:13, 17). Јехова му заповедал да изгради арка во облик на огромен ковчег. Ное и неговото семејство се фатиле за работа. Што им помогнало да бидат послушни и подготвени кога Бог ја извршил својата пресуда над човештвото?

7 Силната вера и богобојазливоста го поттикнале Ное и неговото семејство да направат сѐ така како што им заповедал Бог (1. Мој. 6:22; Евр. 11:7). Како семеен поглавар, Ное останал духовно буден и не дозволил врз него да влијае расипаноста на тој древен свет (1. Мој. 6:9). Знаел дека членовите на неговото семејство требало да внимаваат да не станат насилни и дрски како луѓето околу нив. Освен тоа, не смееле да се преокупираат со секојдневните работи. Бог им дал задача на која сите во семејството морале да ѝ се посветат без одложување. (Прочитај 1. Мојсеева 6:14, 18.)

Ное и неговото семејство биле подготвени

8. Од каде знаеме дека членовите на семејството на Ное му биле оддадени на Бог?

8 Во библискиот извештај главно се зборува за семејниот поглавар Ное. Но, и жена му на Ное, како и неговите синови и снаи, сигурно му биле оддадени на Јехова. Ова можеме да го заклучиме од еден стих запишан во книгата на Езекиел. Јехова му кажал на овој пророк дека, доколку Ное би бил жив во негово време, децата на Ное немало да бидат избавени поради праведноста на својот татко. Тие биле доволно возрасни самите да одлучат дали ќе му бидат послушни на Бог или не. Со оглед на тоа што биле избавени кога дошол Потопот, сигурно сите членови од семејството на Ное покажале дека го сакаат Бог и Неговите патишта (Езек. 14:19, 20). Тие ги послушале упатствата. Покажале вера и не дозволиле другите да ги спречат да ја извршат задачата што им ја дал Бог.

9. Кој денес покажува вера каква што имал Ное?

9 Многу е охрабрувачки кога гледаме дека денес во нашето меѓународно братство има семејни поглавари кои даваат сѐ од себе да го следат примерот на Ное! Тие сфаќаат дека не е доволно само да му обезбедат храна, облека, покрив над главата и образование на своето семејство. Мора да се грижат и за неговите духовни потреби. Со тоа покажуваат дека се подготвени за она што Јехова ќе го стори наскоро.

10, 11. а) Како сигурно се чувствувале Ное и неговото семејство додека биле во арката? б) Кое прашање е добро да си го поставиме?

10 Веројатно Ное, жена му, синовите и нивните жени ја граделе арката околу 50 години. Во текот на тоа време, сигурно стотици пати влегувале и излегувале од неа. Ја премачкале со смола за да не пропушта вода, ја снабдиле со храна и ги внеле животните во неа. Претстави си ја сцената. Конечно пристигнува денот што со душа го очекувале — седумнаесеттиот ден од вториот месец 2370 год. пр.н.е. — и тие влегуваат во арката. Јехова ја затвора вратата, и почнува да врне. Но, ова не е само пороен дожд што паѓа на едно место. Всушност, се отвораат браните на небесниот океан, односно почнува да се излева водата што пред тоа ја сочинувала водната обвивка во атмосферата (1. Мој. 7:11, 16, фус.). Додека надвор луѓето гинат, оние во арката се на безбедно. Што чувствувале Ное и неговото семејство? Сигурно биле многу благодарни! Освен тоа, најверојатно си мислеле: ‚Навистина добро направивме што одевме со вистинскиот Бог и бевме подготвени!‘ (1. Мој. 6:9). Замисли си дека Армагедон штотуку поминал и дека ти си меѓу преживеаните. Зарем и твоето срце нема да се прелева од огромна благодарност?

11 Ништо не може да го запре Семоќниот да го исполни своето ветување дека ќе му стави крај на овој сатански свет. Прашај се: ‚Дали имам безрезервна доверба дека сите Божји ветувања ќе се исполнат до најситен детаљ, и тоа во времето што го одредил тој?‘ Ако да, покажи дека си подготвен со тоа што постојано ќе го имаш на ум „Јеховиниот ден“, кој сега е на прагот! (2. Пет. 3:12).

Мојсеј останал буден

12. Што можело да го спречи Мојсеј да остане духовно буден?

12 Да разгледаме уште еден пример. Од човечка гледна точка, изгледало дека Мојсеј бил на завидна положба во тогашниот Египет. Како усвоен син на фараоновата ќерка, веројатно имал голем углед, како и можност да ужива во најдобрата храна, најдобрата облека и да живее во најлуксузни услови. Стекнал и високо образование. (Прочитај Дела 7:20-22.) А веројатно ќе наследел и огромно богатство.

13. Што му помогнало на Мојсеј да не ги изгуби од вид Божјите ветувања?

13 Изгледа дека поуките што родителите му ги всадиле на Мојсеј додека бил мал, му помогнале да сфати дека е неразумно да се обожаваат идоли, како што правеле Египќаните (2. Мој. 32:8). Тој не дозволил образовниот систем на Египет и материјалниот раскош на царското семејство да го наведат да заборави на вистинскиот Бог. Без сомнение, Мојсеј длабоко размислувал за ветувањата што Бог им ги дал на неговите предци и горел од желба да покаже дека е спремен да ја врши Божјата волја. Тоа се гледа од зборовите што подоцна им ги кажал на синовите на Израел: „Јехова... Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков, ме испрати кај вас“ (Прочитај 2. Мојсеева 3:15-17.)

14. Како биле ставени на испит верата и храброста на Мојсеј?

14 Вистинскиот Бог, Јехова, му бил реален на Мојсеј, за разлика од сите идоли што ги претставувале безживотните египетски богови. Мојсеј живеел како да го гледа „Невидливиот“. Тој верувал дека Божјиот народ ќе биде ослободен, но не знаел кога (Евр. 11:24, 25, 27). Во една прилика, одбранил еден израелски роб кој бил малтретиран, што покажува дека имал силна желба Евреите да бидат ослободени (2. Мој. 2:11, 12). Но, не било дојдено Јеховиното време за тоа, и Мојсеј морал да престојува како бегалец во далечна земја. Сигурно не му било лесно да се одвикне од удобностите на египетскиот двор и да живее во пустина. Сепак, затоа што бил спремен да го следи секое упатство од Јехова, на крајот Тој можел да го искористи за да ги избави Израелците. Откако Мојсеј поминал 40 години во Мадијам, Јехова му заповедал да се врати во Египет и тој го послушал. Дошло време да изврши задача од Бог и тоа не на свој, туку на Божји начин (2. Мој. 3:2, 7, 8, 10). Кога Мојсеј, „најкроткиот од сите луѓе“, се вратил во Египет, му биле потребни вера и храброст за да се појави пред фараонот (4. Мој. 12:3). Тој го сторил тоа не само еднаш, туку по секоја неволја, иако не знаел уште колку пати до крајот ќе мора да излегува пред фараонот.

15. И покрај разочарувањата, што му помогнало на Мојсеј секогаш да бара начин да го слави својот небесен Татко?

15 Во 40-те години што следеле потоа, од 1513 год. пр.н.е. до 1473 год. пр.н.е., Мојсеј доживеал многу разочарувања. Сепак, секогаш барал начин да го слави Јехова и сесрдно ги охрабрил своите сонародници да го прават истото (5. Мој. 31:1-8). Зошто? Затоа што го сакал Јеховиното име и поважно му било другите да ја почитуваат Божјата власт отколку самиот да си стекне славно име (2. Мој. 32:10-13; 4. Мој. 14:11-16). Иако и ние понекогаш се разочаруваме, мора и понатаму да го поддржуваме Јеховиното право да владее, уверени дека тој ги прави работите на помудар, поправеден и подобар начин од кој и да е друг (Иса. 55:8-11; Ерем. 10:23). Дали ти лично си уверен во ова?

Остани буден!

16, 17. Зошто Марко 13:35-37 е од големо значење за тебе?

16 „Внимавајте, бидете будни, бидејќи не знаете кога е времето да се случи тоа“ (Мар. 13:33). Исус го дал ова предупредување кога зборувал за знакот на свршетокот на овој свет. Според евангелието на Марко, забележи што рекол Исус на крајот на тоа впечатливо пророштво: „Бдејте, бидејќи не знаете кога доаѓа господарот на куќата, дали навечер, или на полноќ, или кога ќе пропеат петлите, или рано наутро, за, кога ќе дојде ненадејно, да не ве најде како спиете. А ова што ви го велам вам, им го велам на сите: Бдејте!“ (Мар. 13:35-37).

17 Треба да му обрнеме сериозно внимание на ова предупредување. Исус зборувал за четири ноќни стражи. Најтешко било да се остане буден во текот на четвртата стража, која траела од три часот наутро до изгрејсонце. Воените стратези сметаат дека тоа е најдобро време да се нападнат непријателите, бидејќи тогаш има најмногу шанси тие да спијат. На сличен начин и денес, додека во духовна смисла светот е потонат во длабок сон, можеби ни е најтешко да останеме будни. Дали кај нас има каков и да било сомнеж дека сега е време ‚да бидеме будни‘ и ‚да внимаваме‘ за да го дочекаме проречениот крај и нашето избавување?

18. Каква огромна чест имаме како Јеховини сведоци?

18 Дресерот што беше спомнат во почетокот го преживеал нападот на бенгалскиот тигар. Но, библиските пророштва јасно покажуваат дека ниту лажната религија ниту останатиот дел од овој злобен свет нема да се спасат од крајот што им претстои (Отк. 18:4-8). Сите ние како Божји слуги, сеедно дали сме млади или стари, мора да сфатиме колку е важно да направиме сѐ што можеме за да бидеме подготвени за Јеховиниот ден како што биле подготвени Ное и неговото семејство. Живееме во свет што го срамоти Бог и во кој учителите на лажната религија, како и агностиците и атеистите, го исмеваат Творецот. Не смееме да дозволиме таквите ставови да влијаат врз нас. Да ги земеме присрце примерите што ги разгледавме и постојано да бараме начини да го браниме и да го славиме Јехова како „Бог над боговите“ и како „Бог голем и моќен, [кој] влева страв“ (5. Мој. 10:17).

[Фуснота]

a Повеќе информации во врска со ‚сто и дваесетте години‘ кои се спомнати во 1. Мојсеева 6:3 можеш да најдеш во Стражарска кула од 15 декември 2010, страница 30.

Се сеќаваш ли?

• Зошто било многу важно Ное да се грижи за духовните потреби на своето семејство?

• Во кој поглед нашево време е многу слично на времето на Ное?

• И покрај разочарувањата, зошто Мојсеј не ги изгубил од вид Јеховините ветувања?

• Кои библиски пророштва ти помагаат да останеш духовно буден?

[Слика на страница 25]

На Ное и на неговото семејство им било најважно да ја вршат задачата од Јехова

[Слика на страница 26]

Божјите веродостојни ветувања му помогнале на Мојсеј да остане буден

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели