ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/6 стр. 29-32
  • Како да „бидеш успешен на својот пат“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да „бидеш успешен на својот пат“?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Воншколски активности и хобија
  • Повисоко образование
  • Преокупираност со работата
  • Можеш да бидеш успешен во животот
  • ,Не барај големи работи за себе‘
    Еремија и Божјата порака за нас
  • Млади, сеќавајте се на својот Величествен Творец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Јехова нѐ набљудува за наше добро
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Зошто да ја ставиме службата за Јехова на прво место?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/6 стр. 29-32

Како да „бидеш успешен на својот пат“?

„УСПЕХ“ — колку убав збор! Некои напредувале во кариерата и успеале да се збогатат или да станат славни. Други, пак, сонувале дека ќе станат успешни, но на крајот доживеале страшен неуспех.

Вистинскиот успех во голема мера зависи од тоа кои работи ќе ги ставиш на прво место во животот. Други два важни фактора се како го користиш своето време и сила, и дали се трудиш да ги постигнеш своите цели.

Многу христијани се потполно посветени на службата за Бог и ова им носи големо задоволство. Тоа што избрале да му служат полновремено на Јехова им помогнало и на стари и на млади да бидат успешни во животот. За жал, некои мислат дека службата е здодевна и затоа ја ставаат во втор план, посветувајќи се на други цели. Што би можело да доведе до ова? Што ќе ти помогне да не го изгубиш од вид она што навистина е важно? И како можеш да „бидеш успешен на својот пат“? (Ис. Нав. 1:8).

Воншколски активности и хобија

Младите христијани треба да најдат рамнотежа меѓу службата за вистинскиот Бог и другите активности. Оние што ќе го постигнат тоа ќе бидат успешни. Тие заслужуваат срдечна пофалба.

Но, некои млади христијани посветуваат многу внимание на воншколски активности и разни хобија. Можеби тие работи сами по себе не се погрешни. Сепак, еден млад христијанин треба да се праша: ‚Колку време трошам на вакви активности? Со кого се дружам и на каков дух сум изложен кога сум вклучен во нив? И што би можело да ми стане најважно во животот?‘ Веројатно сфаќаш дека е можно некој толку да се преокупира со тие активности што ќе му останат сосема малку време и сила за да го гради својот однос со Бог. Ова покажува зошто е многу битно да одредиш кои работи навистина се најважни (Еф. 5:15-17).

Да го земеме примерот на Виктор.a Тој раскажува: „Кога имав 12 години, станав член на еден одбојкарски клуб. Со текот на времето освоив многу награди и медали. Имав можност да станам познат спортист“. Но, Виктор на крај се загрижил поради влијанието што спортот го имал врз неговиот однос со Јехова. Еден ден, заспал додека ја читал Библијата. Освен тоа, сфатил дека не чувствува радост во службата. „Спортот ми ја земаше силата, а наскоро сфатив дека ми ја задушуваше и ревноста за духовните работи. Знаев дека не давав сѐ од себе.“

Повисоко образование

Божјата Реч вели дека христијаните се должни да се грижат за своето семејство, што значи дека треба да го издржуваат и во материјален поглед (1. Тим. 5:8). Но, дали ти е потребна виша школа или факултет за да ја исполниш оваа одговорност?

Добро е да размислиш како може стекнувањето на повисоко образование да влијае врз твојот однос со Јехова. Да разгледаме еден пример од Библијата.

Варух му бил писар на пророкот Еремија. Но, во еден момент, наместо да мисли на честа што ја имал како слуга на Јехова, Варух станал амбициозен. Бог го забележал ова, и преку Еремија му ја дал следнава опомена: „Ти бараш големи работи за себе. Не барај го тоа!“ (Ерем. 45:5).

Што биле ‚големите работи‘ кои ги барал Варух? Можеби посакал да стане некој и нешто во еврејското општество или, пак, да стекне материјално богатство. Како и да е, ги изгубил од вид поважните работи кои можеле да му помогнат да остане близок со Бог (Фил. 1:10). Сепак, Варух очигледно ја послушал опомената што Јехова му ја дал преку Еремија и преживеал кога Ерусалим бил уништен (Ерем. 43:6).

Што учиме од овој извештај? Бидејќи Варух добил совет, очигледно не било во ред тоа што барал големи работи за себе. Ако веќе можеш да се издржуваш, дали навистина треба да трошиш време, пари и труд на дополнително образование, само за да оствариш некои лични амбиции или, пак, да ги задоволиш барањата на родителите или на други роднини?

Размисли и за Грегор, кој работел како компјутерски програмер. Колегите го наговориле да се запише на интензивен курс за да стекне додатна специјализирана обука. Наскоро воопшто немал време за духовни активности. Тој раскажува: „Постојано бев нервозен. Совеста ме печеше затоа што не можев да ги постигнам духовните цели што си ги поставив“.

Преокупираност со работата

Божјата Реч ги поттикнува вистинските христијани да бидат трудољубиви и одговорни работници или работодавачи. Апостол Павле напишал: „Што и да работите, правете го тоа со сета душа како за Јехова, а не како за луѓето“ (Кол. 3:22, 23). Меѓутоа, иако напорната работа е за пофалба, нам ни е потребно нешто повеќе — добар однос со нашиот Творец (Проп. 12:13). Ако на еден христијанин му стане најважна световната работа, тој лесно може да ги занемари духовните активности.

Христијанинот што е преокупиран со световната работа нема да има доволно сила за да одржува духовна рамнотежа и да му помага на своето семејство. Цар Соломон кажал една мудра изрека во врска со оној што премногу работи. Тој рекол дека „два грста труд“ на крајот обично се сведува на „трчање по ветар“. Христијанинот што целосно се посветува на кариерата, се изложува на долготраен и силен стрес, и може до тој степен да ѝ стане роб на работата што потполно ќе се исцрпи. Ако се случи вакво нешто, ќе може ли навистина ‚да се весели и да ужива во доброто од сиот свој труд‘? (Проп. 3:12, 13; 4:6). Што е уште поважно, ќе има ли доволно физичка и емоционална сила да ги исполни своите одговорности во семејството и да учествува во духовните активности?

Јануш, кој живее во источна Европа, потполно се посветил на својот бизнис. Тој вели: „Световните луѓе ме ценеа бидејќи бев човек од акција и ја завршував секоја договорена работа. Но, тоа се одрази лошо на мојот однос со Јехова. Престанав да одам во служба, а набрзо потоа прекинав да одам и на состаноци. Станав толку горд што ги отфрлив советите на старешините и се оддалечив од собранието“.

Можеш да бидеш успешен во животот

Разгледавме три вида активности на кои еден христијанин може да се посвети толку многу што ќе страда неговата духовност. Дали ти лично треба да се преиспиташ на некое од овие полиња? Следниве прашања, стихови и изјави можат да ти помогнат да видиш дали навистина се наоѓаш на патот на успехот или не.

Воншколски активности и хобија: Колку си посветен на нив? Дали ти го одземаат времето што порано го одвојуваше за духовни работи? Дали друштвото на сохристијаните повеќе не ти е толку пријатно како порано? Ако да, добро е да го следиш примерот на цар Давид, кој го молел Јехова: „Покажи ми го патот по кој треба да одам“ (Пс. 143:8).

Еден патувачки надгледник му помогнал на Виктор, кој беше спомнат погоре. Надгледникот му рекол: „Зборуваш со голем жар за одбојката“. Виктор вели: „Тоа ме стресе. Сфатив дека сум отишол предалеку. Кратко потоа, престанав да се дружам со световните пријатели од клубот и почнав да барам пријатели во собранието“. Денес Виктор ревносно му служи на Јехова. Тој ја дава следнава препорака: „Прашај ги пријателите, родителите или собраниските старешини дали забележуваат дека воншколските активности можеби те оддалечуваат од Јехова“.

Зошто не им дадеш до знаење на старешините во твоето собрание дека би сакал да правиш повеќе во службата за Бог? Би можел ли да им се ставиш на располагање на постарите на кои им е потребно друштво или помош, на пример, така што ќе пазаруваш за нив или ќе им завршиш некои работи низ дома? Без оглед на возраста, би можел да почнеш со полновремена служба и да ја споделуваш со другите добрата вест која тебе ти носи радост.

Повисоко образование: Исус нѐ предупредил да не ‚ја бараме својата слава‘ (Јован 7:18). Сеедно што ќе одлучиш во врска со световното образование, дали си ‚проценил што е најважно‘? (Фил. 1:9, 10).

Грегор, компјутерскиот програмер, направил некои промени. Тој вели: „Го зедов присрце советот од старешините, и си го поедноставив животот. Сфатив дека немам потреба од понатамошно световно образование. Тоа само ќе ми ги одземеше и времето и силата“. Грегор се заангажирал повеќе во собраниските активности. Со текот на времето, ја завршил Школата за организациско оспособување, која сега е позната како Библиска школа за неженети браќа. Да, тој ‚си откупил време‘ за да го продолжи своето теократско образование (Еф. 5:16).

Световно вработување: Дали си толку преокупиран со работата што духовните активности ги ставаш на страна? Одвојуваш ли доволно време за да комуницираш со твоето семејство? Дали ги подобруваш своите говори во собранието? Дали водиш охрабрувачки разговори со другите? Библијата вели: „Бој се од вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди“. Тој богато ќе те благослови и ‚ќе уживаш во добрите работи од својот труд‘ (Проп. 2:24; 12:13).

На Јануш, кој веќе беше спомнат, на крајот потполно му пропаднал бизнисот. Останал заглавен во долгови и без никаков приход. Тогаш се свртел кон Јехова. Средил некои работи во животот и сега служи како општ пионер и собраниски старешина. Тој вели: „Кога сум задоволен со најосновното и ги трошам времето и силата на духовни активности, имам внатрешен мир и спокој во душата“ (Фил. 4:6, 7).

Одвој време за искрено да се преиспиташ и да утврдиш што ти е најважно во животот и од кои мотиви ги правиш работите. Служењето на Јехова е тоа што носи вистински и траен успех. Затоа, службата за него нека ти биде на прво место.

Можеби ќе треба да направиш некои промени, па дури и да ги исфрлиш непотребните работи за да се увериш која е „Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено“ (Рим. 12:2). Но, биди уверен дека, ако му служиш на Јехова со сета душа, навистина ќе бидеш „успешен на својот пат“.

[Фуснота]

a Некои имиња се сменети.

[Рамка/слика на страница 31]

Прашања за преиспитување

Бидејќи има толку многу работи кои можат да ти го одземат времето, што ќе ти помогне да не го изгубиш од вид она што навистина е важно? Одвој време за да се преиспиташ и да утврдиш што ти е најважно во животот и од кои мотиви ги правиш работите. Размисли за следниве прашања:

ВОНШКОЛСКИ АКТИВНОСТИ И ХОБИЈА

▪ На какви ставови си изложен кога си вклучен во овие активности?

▪ Колку време трошиш на нив?

▪ Дали би можеле да ти станат најважни во животот?

▪ Дали ти го крадат времето што порано го одвојуваше за духовни работи?

▪ Со какви луѓе се дружиш?

▪ Дали нивното друштво ти е попријатно од друштвото на соверниците?

ПОВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

▪ Ако веќе можеш да се издржуваш, дали треба да трошиш време, пари и труд за дополнително образование?

▪ Дали навистина ти е неопходна факултетска диплома за да се грижиш за своите материјални потреби?

▪ Како дополнителното образование ќе се одрази врз твоето присуство на состаноците?

▪ Дали си ‚проценил што е најважно‘?

▪ Дали треба да ја зајакнеш својата доверба во тоа дека Јехова може да се грижи за тебе?

СВЕТОВНА РАБОТА

▪ Дали работата ти остава време да ‚се веселиш и да уживаш во доброто од сиот свој труд‘?

▪ Дали имаш доволно физичка и емоционална сила да ги исполнуваш своите одговорности во семејството и да учествуваш во духовните активности?

▪ Одвојуваш ли доволно време за да комуницираш со семејството?

▪ Дали си толку преокупиран со работата што ги занемаруваш духовните работи?

▪ Како влијае таа врз квалитетот на твоите говори во собранието?

[Слика на страница 30]

Јехова го опоменал Варух да не биде амбициозен

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели