ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/10 стр. 7
  • 4. Бог е неправеден — точно или не?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 4. Бог е неправеден — точно или не?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Имај доверба во Јехова и ќе живееш вечно!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „Има ли кај Бог неправда?“
    Приближи му се на Јехова
  • Уште колку долго за злобните?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/10 стр. 7

4. Бог е неправеден — точно или не?

Што можеби мислиш: „Бог владее со овој свет и затоа сѐ што се случува е по негова волја. Бидејќи во светот има многу предрасуди, неправди и угнетување, сигурно Бог стои зад сето тоа“.

Што вели Библијата: Бог не ги предизвикува неправдите во светот. Во Библијата, за Јехова пишува: „Делото му е совршено, зашто сите негови патишта се правда“ (5. Мојсеева 32:4).

Бог е великодушен кон сите, вклучувајќи ги и оние што мислиме дека не го заслужуваат тоа. На пример, „тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните“ (Матеј 5:45). Постапува праведно кон луѓето од сите раси и култури. Во Дела 10:34, 35 пишува: „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“.

Тогаш, кој стои зад сите неправди? Многу луѓе свесно одлучуваат да постапуваат неправедно и не се угледуваат на Бог, кој е праведен (5. Мојсеева 32:5). Исто така, Библијата покажува дека Бог му дозволува на својот непријател, Ѓаволот, да владее со светотa (1. Јованово 5:19). Меѓутоа, Бог наскоро ќе му стави крај на тоа неправедно владеење. Тој веќе одредил како ќе „ги уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јованово 3:8).

Како може да ти помогне вистината: Можеби си разочаран од бескрајните извештаи за корупција, угнетување и неправди. Тоа што ја знаеш причината за неволјите ќе ти помогне да сфатиш зошто во светот владеат толку лоши услови и зошто обидите на луѓето да го направат светот подобро место за живеење секогаш завршуваат со неуспех (Псалм 146:3). Наместо да вложуваш време и сили на промени кои во најдобар случај би донеле само привремена корист, можеш да имаш доверба во Божјите ветувања за една подобра иднина (Откровение 21:3, 4).

Тоа што знаеме кој стои зад сите неправди ќе ни помогне кога лично ќе нѐ погоди некоја неволја. Кога ни е нанесена некоја неправда, можеби и ние се чувствуваме како Божјиот слуга Авакум, кој рекол: „Законот ја губи силата и правдата никогаш не излегува на видело“ (Авакум 1:4). Бог не го прекорил Авакум за тие зборови. Наместо тоа, го уверил дека во одредено време ќе ги поправи сите работи и му помогнал да најде радост и покрај неволјите (Авакум 2:2-4; 3:17, 18). Ако и ти имаш доверба во Божјето ветување дека ќе ја надомести штетата од секоја неправда, ќе пронајдеш спокојство и мир во овој неправеден свет.

[Фуснота]

a Нешто повеќе за тоа како настанал Ѓаволот можеш да прочиташ во 3. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

[Истакната мисла на страница 7]

Дали е вистина дека Бог е виновен за страдањата и неправдите?

[Извор на слика на страница 7]

© Sven Torfinn/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели