ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w14 1/1 стр. 16
  • Одговор на библиски прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговор на библиски прашања
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Сличен материјал
  • Можеш да се справиш со неправдата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • „Има ли кај Бог неправда?“
    Приближи му се на Јехова
  • Како да се носиме со неправдите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Дали неправдата е неминовна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
w14 1/1 стр. 16
Жена со своите деца живее во крајна сиромаштија

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Каква личност е Бог?

Бог е духовна личност, затоа не можеме да го видиме. Тој го создал небото, Земјата и сѐ што е живо. Никој не го создал Бог — тој нема почеток (Псалм 90:2). Бог сака луѓето да ја дознаат вистината за него. (Прочитај Дела 17:24-27.)

Бог има лично име, кое ни го открил. Можеме да дознаеме некои негови особини ако размислуваме за сето она што го создал (Римјаните 1:20). Но, за уште подобро да го запознаеме, треба да ја проучуваме неговата Реч, Библијата. Таа ни ги открива неговите прекрасни особини. (Прочитај Псалм 103:7-10.)

Како гледа Бог на неправдите?

Нашиот Творец, Јехова, ги мрази неправдите (5. Мојсеева 25:16). Бог нѐ создал со способност да ги покажуваме особините што ги покажува самиот тој. Токму заради тоа и повеќето луѓе ги мразат неправдите. Бог не е виновен за неправдите што се случуваат околу нас. Тој на секој човек му дал слободна волја. За жал, многумина го злоупотребуваат овој дар и постапуваат неправедно. Со тоа му нанесуваат болка на Бог. (Прочитај 1. Мојсеева 6:5, 6; 5. Мојсеева 32:4, 5.)

Бидејќи Јехова ја сака правдата, нема засекогаш да ја трпи неправдата (Псалм 37:28, 29). Библијата ни ветува дека наскоро Бог ќе им стави крај на неправдите. (Прочитај 2. Петрово 3:7-9, 13.)

Библијата ни ветува дека наскоро Бог ќе донесе правда за сите луѓе

Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавје 1 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци

Достапна е и на www.jw.org/mk

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели