ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/10 стр. 16-17
  • Можно ли е да живееш вечно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можно ли е да живееш вечно?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Можеме да живееме вечно
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Дали навистина е можен вечен живот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Вечниот живот не е само сон
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/10 стр. 16-17

Учи од Божјата Реч

Можно ли е да живееш вечно?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Зошто животот ни изгледа краток?

Некои желки живеат по 150 години, а некои дрвја дури и по 3.000 години. За разлика од тоа, животниот век на луѓето е многу пократок. Сепак, нашиот живот може да има многу поголема смисла од животот на една желка или на едно дрво. Јехова Бог ги создал луѓето со способност да уживаат во музиката, спортот, храната, учењето, патувањето и запознавањето други луѓе. Бог ни ставил во срцето желба да живееме вечно. (Прочитај Проповедник 3:11.)

2. Можно ли е да живееме вечно?

Јехова е вечен. Тој не умира. Тој е изворот на животот и затоа може да им даде вечен живот на другите (Псалм 36:9; Авакум 1:12). Освен тоа, Бог ветил дека ќе им даде вечен живот на оние што му се послушни. Јехова ќе го сврти во обратен правец процесот на стареење. (Прочитај Јов 33:24, 25; Исаија 25:8; 33:24.)

Со чудата што ги правел, Исус покажал дека можеме да имаме доверба во Божјето ветување дека е можно да имаме вечен живот и совршено здравје. Исус лекувал најразлични болести, па дури и воскреснувал мртви. (Прочитај Лука 7:11-15, 18, 19, 22.)

3. Кога вечниот живот ќе стане реалност?

Бог сака да живееме вечно, но не во свет исполнет со тешкотии и насилство, туку во рај на Земјата. Тој сака да се чувствуваме безбедни (Псалм 37:9, 29; Исаија 65:21, 22). Кога Земјата ќе стане рај, милиони што умреле повторно ќе бидат вратени во живот. Воскреснатите што ќе одлучат да му служат на Бог и да го слушаат, ќе живеат вечно. (Прочитај Лука 23:42, 43; Јован 5:28, 29.)

4. Како можеме да добиеме вечен живот?

Само Бог може да ни даде вечен живот. Затоа, треба да се зближиме со него на тој начин што ќе го запознаеме. Во Библијата, стекнувањето знаење за Бог е споредено со земањето храна (Матеј 4:4). Додека јадеш, уживаш во храната, но треба да вложиш труд за да ја купиш и за да ја подготвиш. Слично на тоа, и за духовната храна треба да вложиш труд. Но, има ли нешто повредно од тоа да бидеш близок со Бог и да добиеш вечен живот? (Прочитај Лука 13:23, 24; Јован 6:27; 17:3.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 3. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели